Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Лука Модриќ и Лукас Васкез се сметаат за вистински легенди на Реал Мадрид. Сепак, тоа нема да им помогне да го носат дресот на кралскиот клуб бидејќи раководството на клубот одлучи дека нивното време во клубот е изминато.
Модриќ беше најголемата дилема во изминатиот период. Се споменуваше можноста 39-годишниот да потпише нов едногодишен договор, но „Кралевите“ се откажаа од таа идеја.
Шпанските медиуми известуваат дека Модриќ завршил со Реал. Клубот наскоро ќе му соопшти дека не е во плановите за наредната сезона и дека е слободен во изборот на нова средина.