Кошарка

НБА плеј-оф: Минесота е ривалот на Лејкерси, Денвер против Клиперс

НБА плеј-оф: Минесота е ривалот на Лејкерси, Денвер против Клиперс

По одигрувањето на вечерашните натпревари познати се сите парови за плеј-инот во НБА лигата, а извесни се и четири пара за плеј-офот кој почнува за една недела.

Во плеј-инот играат седмиот, осмиот, девттиот и десеттиот во конференцијата. Победникот на дуелот меѓу седмиот и осмиот е директен учесник во плеј-офот, а поразениот добива уште една шанса против победникот од дуелот меѓу деветтиот и десеттиот во регуларниот дел.

Минесота е ривалот на Лејкерси, а Клиперси се ривалот на Денвер.

Плеј-ин
Исток:

1. Орландо (7) – Аталанта (8) 
2. Чикаго (9) – Мајами (10) 

Запад:
1. Голден Стејт (7) – Мемфис (8) 
2. Сакраменто (9) – Далас (10)

Плеј-оф
Исток:

Кливленд (1) – поразен1/победник 2
Бостон (2) – победник 1
Њујорк (3) – Детроит (6)
Индијана (4)  – Милвоки (5)

Запад:
Оклахома (1) – поразен 1/победник 2
Хјустон (2) – победник 1
ЛА Лејкерс (3) – Минесота (6)
Денвер (4) – ЛА Клиперс (5)

Плеј-ин натпреварувањето почнува во вторник, а плеј-офот на 19 април. Сите серии се играат на четири добиени натпревари.

To top