Бизнис
Владата усвои информација за пораст на минималната плата од 1.812 денари
25.03.2025
Владата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ, соопшти владината прес-служба.
Оттаму потенцираат дека Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.
Претходно премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање рече дека од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата и најави дека доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.
Извор/фото МИА