ФОТО| Актуелен министер и поранешен директор уапсени за ужасот во „Пулс“

Истрагата на Обвинителството опфатила и тројца поранешни министри за економија од редовите на ДУИ, кои исто така се сомничат за незаконското работење на диско клубот, кое траело со години.

Актуелен министер без ресор во владата и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување се уапсени за ужасниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ кој однесе 62 животи, а речиси 200 лица се повредени. Истрагата на Обвинителството опфатила и тројца поранешни министри за економија од редовите на ДУИ, кои исто така се сомничат за незаконското работење на диско клубот, кое траело со години.

Надлежниот обвинител кој ја предводи истрагата за пожарот во „Пулс“, издал наредба на полицијата да го приведе министерот без ресор и поранешен директор на ДЗС, Шабан Салиу.

Шабан Салиу

Со него уапсен е и сегашниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Џевад Селами.

Џевад Селами

Во истрагата опфатени се и тројца поранешни мнистри за економија, кои биле дел од поранешната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Ваљон Сарачини
Дритон Кучи
Беким Незири

Исто така, обвинителството во истрагата за ужасот во „Пулс“ ги опфатило и Аднан Џаферовски, поранешен директор на ДЗС, како и Виктор Дерменџиев, поранешен директор на Пазарниот инспекторат.

Аднан Џаферовски
Виктор Дерменџиев

Неофицијалните информации се дека осомничени за долгогодишното незаконско работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани се и дузина други функционери, за кои информации во јавноста ќе бидат објавени во текот на наредните денови.