• Иван Димовски

Лос Анџелес Лејкерси убедливо се радуваа на гостувањето кај Вашингтон со 96-134 во НБА лигата. Иако играа без една од ѕвездите Ентони Дејвис кој е повреден, Лејкерси без поголеми проблеми го декласираа домаќинот во престолнината. Прво име во победата беше Леброн Џејмс кој имаше „дабл-дабл“ ефект од 24 поени и 11 асистенции, додека солидни беа Хачимура со 22, Милтон со 21 и Ривс со 17 поени. Во таборот на поразените се истакна Пул со 19 поени на своето конто.
- Вашингтон Визардс - ЛА Лејкерс:
Минесота се радува убедливо на гости кај Јута со 113-138. Тимбервулвси предводени од Ентони Едвардс (36 поени, 11 асистенции) дојдоа до гостински триумф. Кај домашните се истакна Џорџ со 23 поени, додека Секстон имаше 19.
- Јута Џез - Минесота Тимбервулвс:
На останатите терени Кливленд слави дома со Атланта (137-115), Мемфис минимално триумфира со Хјустон (120-119), а Портланд беше убедлив против Орландо (119-90).