Грчкиот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо е прогласен за најдобар играч за минатата недела во Источната конференција. За него тоа е 25 вакво признание со што го надмина легендарниот Мајкл Џордан на вечната листа.
Адетокумпо бележеше просек од 36 поени, 12.3 скокови и 13.7 асистенции во четирите победи на неговиот тим кои беа доволни за да се искачи на четвртото место на вечната листа.
Сега е изедначен со Џејмс Харден, а пред него се Коби Брајант и Кевин Дурент со по 33 вакви признанија и „недопирливиот“ Леброн Џејмс кој 69 пати во кариерата беше играч на неделата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА