29.04.2025 11:18
Вести Македонија

Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно

Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни.

-Според информациите кои ги добиваме од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, училиштата кои се под ингеренции на општините веќе се проверени, државните кои се под ингеренции на МОН, исто така, се проверени и порака до родителите е дека тие се безбедни, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање.

Прашањето за безбедноста на училиштата се отвори по трагичниот настан во Кочани кога пожар изби во ноќен клуб во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени.

По настанот надлежните презедоа активности за проверка на угостителските објекти во државата, но и на државни инстутуции, межу кои и градинките и училиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Дејан Дејан

Интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

Интерните клиники во Скопје функционираат со само еден лифт- утре „Мајка Тереза“ ќе остане и без вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе