Мекинтаер: Драги судии, морате подобро да си ја вршите работата, тоа ваше его…

Коди Милер Мекинтаер одигра уште еден одличен меч во дресот на Црвена Звезда, но американскиот плејмејкер не го криеше разочарувањето по поразот од Баерн кој значеше и крај на настапот на „црвено-белите“ во Евролигата за оваа сезона.

Според него, судиите имаа значаен придонес во конечниот исход на дуелот во Минхен.

„Имам да кажам една работа сега, кога сезоната е готова за нас… Драги судии, морате подобро да си ја вршите работата. Ние играчите мораме да сме подобри, тренерите мора да се подобри, но и вие мора да преземем одговорност за одлуките кои ги носите во текот на целата сезона. Тоа ваше его што го имае, коментарите кои ги давате во тек на натпреварите, посакувам да имам микрофон, сите да слушнат какви работи зборувате. Невозможно е кога толку се бориме, ништо да не ни дадете. Ваша работа е да ги погледнете натпреварите кои ги судите и одлуките кои ги носите во одлучувачките мечеви, во одлучувачките моменти, кога е најважно. Ако не знаете да судите, не се занимавајте со таа професија, но на еден ваков меч, такви одлуки, тоа е фрустрирачко…“, истакна Мекинтаер.

Клучен момент беше финишот од регуларните 40 минути, кога при нерешен резултат беше свирен фау на Мекинтаер над Букер во рекетот, иако на снимките добро се виде дека центарот на Баерн прв го турка кошаркарот на Црвена Звезда, по што овој го удира по раката.

„Не видов фаул. Како можам да зграпчам некого додека одам по топката, а тој некој ме турка позади грб. Како може тоа да биде фаул од мене? Тоа е лудило… но, добро е кога сите се против вас. Добро е чувството… Одработевме добро оваа сезона, Рим не бил изграден за еден ден“, порачува американскиот плејмејкер во тимот на Црвена Звезда.

Се вчитува...