Во пресрет на новата земјоделска сезона по барање на земјоделците се тампонираат полски патишта во Општина Василево

783

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево деновиве врши насипување и тампонирање на полски патишта кои земјоделците ги користат да одат до своите обработливи површини.  Досега се тампонирани околу пет километри полски патишта во атарите на населените места Василево, Пиперево Градашорци. Активноста доаѓа како потреба што жителите од овие населени места, која ја истакнаа како приоритет пред отпочнување на новата земјоделска сезона.

,,Станува збор за полски патишта кои од временските услови во изминатиот период се оштетени а земјоделците ги користат. Бидејки стартува новата земјоделска сезона со сопствени средства вршиме насипување и тампонирање на делници кои се доста користени како во Василево така и во Пиперево и Градашорци. Наредниот период ќе продолжиме со тампонирање и на полски патишта и во Сушево и Радичево“, ни изјави градоначалникот на Василево Славе Андонов

Деновиве освен полски патитша, беше санирана и главната улциа во Чанаклија. Таму е поставен тампонски слој од песок и чакал при што градоначалникот Славе Андонов најави изградба на две улици во ова населено место Чанаклија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.