Ракомет

Е.Пелистер го совлада Алкалоид во дербито од ракометната Супер Лига

Е.Пелистер го совлада Алкалоид во дербито од ракометната Супер Лига

Е. Пелистер како најдобар тим во регуларниот дел од сезоната се врати на првото место во ракометниот плејоф, откако вечерва во возбудлив и интересен натпревар го доби дербито со Алкалоид со 30-28.

Триумфот од 30:28 значи дека битолчани остануваат главни претенденти за највисок пласман и оваа сезона, но од друга страна, Алкалоид го претрпе и вториот пораз во третото коло од разигрувањето, што прави работите за избраниците на Кирил Лазаров да бидат доста посложени.

Е. Пелистер победи со 30:28 и останува перфектен на стартот на плејофот, па сега има вкупно девет бодови, еден повеќе од второпласираниот Вардар.

To top