logo
logo
logo

Марин Ле Пен ќе се жали на пресудата за злоупотреба на европски пари

Vecer | 11.04.2025

Марин Ле Пен ќе се жали на пресудата за злоупотреба на европски пари

Француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен, нејзината партија „Национален собир“ и уште 11 лица ќе се појават пред апелациски суд поради обвинувања за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, јави Франс прес повикувајќи се на судски извори, пренесува Франс24.

Од вкупно 24 лица осудени во март годинава, половината поднеле жалба на првостепената пресуда, додека останатите ја прифатиле казната.

На 31 март, Ле Пен беше осудена на четири години затвор, од кои две условно со електронска нараквица, и на петгодишна забрана за вршење јавна функција. Според судот, таа ја предводела шемата со која европски средства биле пренаменети за плаќање плати на партиски соработници во Франција, наместо на асистенти во Европскиот парламент.

Европарламентот процени дека е оштетен за околу четири милиони евра во периодот од 2004 до 2016 година. Ле Пен негира дека сторила какво било кривично дело и тврди дека процесот е политички мотивиран.

Забраната за извршување јавна функција веднаш стапи во сила, што во моментов ѝ оневозможува кандидатура на претседателските избори во 2027 година.

Апелациското судење е закажано за првата половина од 2026 година, а пресудата се очекува во лето истата година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk