Минувачите забележале коза која се качила на далновод и џвакала трева додека вешто балансирала на жиците.
Шокирани ги извадиле телефоните и ги вклучиле камерите, додека животното мирно ручало на околу 15 метри височина, пишува Дејли Мејл.
На видеото се гледа дека козата од време на време го кревала погледот нагоре за да ја испита околината, а потоа се враќала на храната.
Луѓето во шок ја гледаа сцената и се прашуваа како козата воопшто се качила на далноводот?!
Сепак, ова не е единствен случај кога козите завршуваат на изненадувачки места. Итната помош морала да интервенира во Мадрид, откако љубопитното животно се качило на терасата на ненаселен стан, на височина од 15 метри.
Првите обиди биле неуспешни, додека еден пожарникар не дошол до идеја да користи моркови како мамка. Козата била безбедно спуштена и згрижена во засолниште.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата