Бехчетова болест е ретко пореметување кое предизвикува воспаление на крвните садови во целото тело. Се јавуваат бројни симптоми како чирови во устата, воспаление на очите, осип и лезија на кожата и рани на гениталните органи. Симптомите варираат и зависат од тоа кој дел од телото е зафатен.
Најчесто болеста ги погодува устата, кожата, зглобовите, очите, крвните садови, мозокот, дигестивниот систем или гениталиите.
Утврдено е дека мутацијата во неколку гени е причина за појава на болеста и се јавува кај луѓе кои имаат генетски предиспозиции за појава на болеста. Некои бактерии или вируси можат да ја предизвикаат болеста кај личности кои во себе носат гени одговорни за да се јави синдромот.
За рано откривање на синдромот се препорачуваат консултации со доктор по генетски науки.
За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
ул. „Ванчо Питошески“ 19А
+389 46 511 022
biomedlabohrid@gmail.com
️ fb: БИОМЕД ЛАБ
#biomedlab#биомедлаб#генетика#molekularnadijagnostika#ohrid#medicallab#health#healthcare#advancedtechnology#analiza
Фото: Фејсбук БИОМЕД ЛАБ
Публицитет.мк