И овие се „забегани“ дефинитивно

Неверојатно, Шведската влада финансира експериментален уметнички проект, во кој еден среќен човек до крајот на животот ќе добива плата од 2.060 евра месечно само да се „отчукува“ двапати на ден.

Лицето кое ќе биде „вработено““ ќе мора секој ден да оди на железничката станица во Гетеборг и да ја отчука својата картичка, по што светлата над платформа за патници ќе го означат „доаѓањето на овој важен и корисен работник на работа!?“

Потоа, тој може да оди и да направи што сака, а на крајот од „смената“ треба да ја извлече картичката и да го исклучи светлото. Тој во секој момент ќе може да си даде отказ, а работата му е загарантирана сѐ додека не си најде друго работно место. На вработениот му се гарантираат годишни бонуси, придонеси, годишен одмор и пензија.

Оваа, благо речено, чудна идеја е резултат на конкурсот на шведската Агенција за јавни уметности, каде што овој проект беше награден.

Наградата за победничката идеја е околу 667.000 евра, а уметничкото дуо кое го осмисли овој проект планира со добиените пари да го финансираат проектот наречен „Вечно вработување“.

Со парите уметниците сметаат дека ќе обезбедат плата за 120 години за ова клучна „позиција“, а мозоците зад проектот, Симон Голдин и Јакоб Сенеби, веруваат дека од овој фонд ќе успеат да исплатат и годишно зголемување на платата од 3,2 отсто.

Комисијата задолжена да ги разгледа пристигнатите проекти беше воодушевена од идејата, за разлика од голем број политичари од различни партии кои сметаат дека на овој начин се расфрлаат парите на даночните обврзници.

Некои мислат дека проектот е едноставно глупав и безвреден, со што се согласуваат дури и неговите креатори, со објаснување дека тие токму тоа сакале и да го постигнат.

Заинтересираните на конкурсот ќе може да аплицираат за оваа „високоодговорна“ позиција една година пред завршувањето на изградбата на железничката станица, што се очекува да се случи во 2026 година.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно