Најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство, Родри, ги договори личните услови со Барселона, но кога се чинеше дека на трансфер-сагата ќе ѝ дојде крајот, Манчестер сити ја одби првата понуда од Каталонците. Барселона понудила 50 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси, но тоа за челниците на Граѓаните е премалку, па нивните очекувања се дека ќе добијат 65 милиони евра. Сепак, Манчестер сити ризикува да го загуби Шпанецот ...

На подготовките во Англија, тренерот на Барселона, Ханси Флик, однесе голем број фудбалери, но веќе сфати дека некои од нив сè уште не се дел од првиот тим и по враќањето во Барселона реши тоа да им го соопшти. Барселона помина десет дена на подготовки во Англија, а базата на каталонскиот тим беше Бирмингам, каде што одигра пријателски натпревар. Каталонскиот тим сè уште не е комплетен бидејќи играчите коишто играа на Светското првенство ќе ...

Наполи го идентификуваше напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, како потенцијално засилување за својот напад за претстојниот период. Бразилскиот репрезентативец е најновото име кое се поврзува со трансфер во редовите на актуелниот италијански клуб. Според информациите на „Калчомеркато“, новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, планира да го гради нападот околу Расмус Хојлунд. Сепак, поради неизвесната иднина на Ромелу Лукаку, клубот бара ...

Чаби Алонсо го презема Челси и ќе се обиде да ги подобри резултатите на лондонскиот тим, но истовремено се соочува со проблем кој беше реалност и за претходните менаџери на „сините“. Клубот доведе неколку засилувања по барање на шпанскиот стручњак, но сега на располагање во првиот тим има дури 41 играч, бројка која мора да биде намалена до крајот на месецот. Челси може да пријави 25 фудбалери за настап во Премиер лигата, таа бројка може да ...

Еден од најдобрите ракометари во последната деценија, Домагој Дувњак, полека се приближува кон крајот на својата блескава кариера, но сè уште не размислува целосно да се раздели со ракометот. Капитенот на Кил најави дека по истекот на договорот со германскиот гигант во 2027 година ќе се врати во Хрватска заедно со своето семејство, каде што би можел да одигра уште неколку сезони. Дувњак ја напушти татковината во 2009 година, кога од Загреб се ...

И не било така идилично на Мундијалот. Имено за време на СП кое се одржуваше од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико, ФБИ го координираше Меѓународниот центар за полициска соработка (MCPC), составен од американски федерални безбедносни агенции и полицајци од земјите учеснички, вклучувајќи ја и Шпанија. Тие ги следеа терористичките закани, заканите кон фудбалерите, агресивните навивачи и сите инциденти што би можеле да влијаат на ...

Ракометниот клуб Струга го донесе осмото засилување за сезоната што претстои. Станува збор за српскиот интернационалец, Предраг Родиќ кој игра на позицијата лев бек. Родиќ досега настапувал за Синтелон Бачка Паланка, Црвена звезда, Партизан, Мезоковешди, Брага, Дукас, во Кувајт, како и во словенечка Ајдовшчина. Струга во своите редови ги донесе и Мице Шилегов, Костадин Петров, Дарко Георгиевски, Пеце Рајатоски, Мартин Јовановски и Христијан ...

Главната фаза на подготовките на Алкалоид во Маврово е особено важна за играчите кои минатата сезона имаа пехови со повреди. Еден од нив е Никола Костески кој имаше пауза, но сега тоа е минато, а тој без никакви ограничувања работи на тренинзите. „Најбитно е што се вратив по долга пауза, тоа беше сериозна повреда. Но, мило ми е што сега сум од почеток на подготовките здрав и спремен за тренинзи. Тоа е најбитното, сите да сме здрави и да сме ...

Уште една победа на кадетската репрезентација на Македонија на ЕП, и тоа против силната Портигалија со 26:25 и тоа со гол на Костов на 5-6 секунди до крајот. Уф, каков меч одиграа нашите кадети против Португалија? Сепак на крајот заслужена победа со која во недела ќе играме за 9.место на ова ЕП и тоа против победникот од дуелот Австрија – Израел. Македонија мораше да победи, ако се знае дека во текот на целиот меч водевме, во два моменти ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше голема победа над Португалија со 26:25 на Европското првенство, обезбедувајќи борба за 9. место на шампионатот. Во драматичен натпревар со финиш кој ги истестира нервите на фановите, решавачкиот момент се случи на само пет секунди пред крајот, кога Костов ја затресе мрежата на Португалците и донесе заслужен триумф за нашиот национален тим. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски имаа ...

Соведочењето на физиотерапевтот Николас Тафарел на судењето за смртта на Диего Марадона открива тешки детали за последните денови на аргентинската фудбалска легенда, кој почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст. Тафарел пред судот во Сан Исидро изјави дека Марадона бил прикован за кревет, отечен, одбивал храна и хигиена и изгледал резигниран, а на денот пред смртта само кратко му рекол: „Тоа е тоа“. Масерот истакна дека ...

Хрватскиот судија Тихомир Пејин, кој сега е задолжен за ВАР на фудбалските натпревари, а воедно е и директор на аеродромот во Осиек, беше претепан во петок наутро во овој град. Полицијата и службите за итни случаи го пронајдоа 40-годишниот маж како лежи на улица, а соседите кои го видоа физичкиот напад врз Пејин повикаа служби за итни случаи и се обидоа да му помогнат на Пејин. „Не знам зошто бев нападнат, ниту кој ме нападна, и се надевам ...

Светското првенство во фудбал не се одржуваше само на теренот. Додека националните тимови се бореа за трофејот, во позадина се одвиваше сериозна безбедносна операција предводена од американското ФБИ. Ексклузивни документи добиени од истражувачкиот канал „Пренса Иберика“ откриваат дека за време на целото Светско првенство, безбедносните служби ги следеле терористичките закани, вознемирувањето на фудбалерите, насилните навивачи и сите ...

За време на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, ФБИ имаше посебен Меѓународен центар за полициска соработка. Во центарот седеа американски агенти и полицајци од земјите учеснички, вклучувајќи ги и шпанските службеници. Нивната задача беше да ги следат сите закани во реално време, од терористички најави, преку агресивни навивачи, до напади насочени директно кон фудбалерите за време на Светското првенство. Ексклузивен увид во дневните ...

Најдобриот светски тенисер во моментов, Јаник Синер може да го пропушти Мастерсот во Синсинати кој е последна подготовска пред УС Опен поради повреда на десното колено. Светскиот рекет број еден претходно се повлече од Мастерсот во Монтреал за да му даде приоритет на закрепнувањето и да го намали физичкиот напор по освојувањето на Вимблдон. Од неговиот тим порачаа дека здравјето останува главен приоритет во пресрет на последниот Грен слем во ...

Кадетската репрезентација на Македонија славеше над врсниците од Португалија со 26:25 во меч од Европското првенство. Со овој триумф, нашите надежи се изборија да играат во борба за деветото место на континенталниот собир и тоа против подобриот од мечот меѓу Австрија и Израел. Ќе беше голема штета Македонија да не славеше против Португалија, ако се знае текот на мечот. Од самиот старт нашите надежи поведоа со 2:0 и постојано имаа контрола на ...

Македонската кадетска репрезентација после тешките натпревари во групната фаза на Европското првенство успеа да се издигне и да влезе во серија од три победи, а со тоа да обезбеди минимум 12-место на овој шампионат. Избраниците на Горан Кузманоски против Фарски Острови покажаа дека имаат карактер за големи работи. Денеска веќе ги чека нов натпревар против Португалија. Вчера од Белград беше испратена уште една емотивна порака. Марко Ѓорчески ...

Мигрантската криза во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, негативно влијаеше на дипломатските односи на европската земја со Мароко, па затоа првиот тим на Барселона нема да патува таму на пријателски натпревар. Тимот на германскиот стручњак Ханси Флик требаше да биде гостин на „Етихад Ријад“ во Танжер, но раководството на шпанскиот шампион донесе одлука да не патува, што можеше да се предвиди. „Со оглед на моменталната неизвесност и ...

Турскиот голман Алтај Бајиндир нема да биде меѓу стативите на Манчестер Јунајтед следната сезона. Клубот од „Олд Трафорд“, го испрати на позајмица во Виго, а тој ќе ја брани мрежата на Селта следната сезона. Сепак, како што често се случува кога играчите ја напуштаат Англија, Селта планира да го купи 28-годишникот по завршувањето на следната сезона, а се зборува за цена што надминува четири милиони евра. Договорот беше постигнат пред ...

Победите и резултатите се важни, но понекогаш спортот испраќа пораки кои имаат многу поголема тежина. Македонските кадети од Европското првенство во Белград покажаа дека не ги забораваат оние кои оставиле белег во ракометот. По триумфот над Фарски Острови, специјалистот за одбрана во македонската кадетска репрезентација Марко Ѓорчески по натпреварот се појави со маица посветена на поранешниот македонски репрезентативец и стратег Александар ...

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да ја забележи првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа, откако во неизвесна завршница загуби од селекцијата на Азербејџан со 75:73. Нашите кошаркарки имаа контрола врз резултатот во најголемиот дел од натпреварот и на нешто повеќе од четири минути до крајот водеа со 71:66. Сепак, противничката селекција одигра подобро во финишот, направи ...

Македонскиот интернационалец Ристо Митревски додаде нов трофеј во своите витрини на клупски план и освои одличје во Индонезија. Како увертира на новата сезона се одигра Претседателскиот куп помеѓу екипите на Персебаја и Персиб Бандунг, а триумфира екипата на Персебаја во чии редови настапува македонскиот дефанзивец. Натпреварот се реши по пенали. Регуларниот дел заврши 1-1, а во пенал-серијата победи Персебаја со 6-5. Митревски шутираше пенал ...

Македонскиот суперлигаш МКК Куманово го задржа еден од своите најважни кошаркари, откако Андреја Стевановиќ го продолжи договорот и ќе го носи дресот на клубот и во претстојната сезона. Бекот останува дел од кумановскиот состав со амбиција да продолжи со добрите партии и да придонесе во остварувањето на клупските цели. Стевановиќ беше еден од лидерите на тимот на Марин Докузовски во изминатата сезона, во која бележеше просек од повеќе од 17 ...

Рома успеа да доведе нов десен бек откако „волчицата“ ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид за Нахуел Молина, аргентинскиот репрезентативец кој стана светски вицепрвак со „гаучосите“ на последниот мундијал. Молина е добро познат во италијанската јавност по неколкуте одлични сезони во дресот на Удинезе, од каде во трансфер од 20 милиони евра беше продаден во Атлетико Мадрид. Аргентинецот не беше најстандарден кај Диего Симеоне, летово ...

Силекс на стартот од новата сезона во ПМФЛ на домашен терен забележа убедлива победа од 6-0 во дуелот против Башкими, а денеска оди по првите гостински три бода. На стадионот „Чаир“ за ривал ќе го има тимот на Шкендија Арачиново. Кратовскиот состав посакува да продолжи да чекори победнички во новата сезона. И покрај тоа што за ривал го имаат новиот прволигаш сепак тие се внимателни и очекуваат тежок меч. Дарко Ангелески, играчот од средниот ...

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Василије Костов, останува на радарот на Интер, но неговиот ангажман во моментов не е меѓу главните приоритети на миланскиот клуб во летниот преоден рок. Според новинарот на „Спортиталија“, Џанлуиџи Лонгари, Интер е заинтересиран за 18-годишниот играч за врска, но доколку го реализира трансферот, веднаш би го испратил на позајмица во друг клуб од Серија А. Како најсериозен кандидат за негов развој се ...

Повредата на десното колено на Јаник Синер не е од сериозна природа, соопштуваат медицинските извештаи по деталните прегледи во Милано. Најдобриот светски тенисер помина четиричасовни превентивни и дијагностички тестови во клиниката „Физиоклиник“. Резултатите покажаа дека нема структурно оштетување на коленото, туку се работи за воспаление предизвикано од големиот број одиграни мечеви и зголемениот физички напор во текот на сезоната. ...

Шкендија иако одигра сосема добар меч во Единбург, сепак на крајот со примен гол во 90.минута беше поразена од Хиберниан со 2:1. Секако дека не е се загубено, реваншот се игра во Скопје и Шкендија има и тоа како добри шанси со победа да оди натаму во следната квалификациска рунда во Лигата на Конференции. Свој коментар за мечот во Единбург има стратегот на Шкендија, Артим Положани: „Важен натпревар со физички добар противник. Мислам дека со ...

Реал Мадрид во еден ден заврши две фантастични работи на пазарот, комплетирајќи го мегатрансферот на Диоманде од Лајпциг, а неколку часа подоцна и потпишувајќи нов договор со Винисиус. Жозе Мурињо сепак остана без една од најголемите желби, откако Родри јасно стави до знаење дека приоритет во овој преоден рок ќе даде на Барселона, откако МВП фудбалерот од последниот мундијал го избра каталонскиот гигант пред „кралевите“ за своја следна ...

Леонардо Бонучи ќе биде дел од тренерскиот штаб на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија, потврди ФИГЦ, со што се комплетираше и целосниот список на технички соработници. Манчини неодамна беше повторно назначен за селектор на италијанската репрезентација по хаотичниот период за „Аѕурите“ и Италијанската фудбалска федерација. Џенаро Гатузо ја напушти позицијата селектор по поразот од Босна и Херцеговина во финалето од плејофот за ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
33%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.71
40%
1010
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.58
36%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.4
24%
1010
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.62
24%
1009
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
47%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
39%
1008
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.3
29%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.82
32%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
41%
1009
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
6.04
41%
1012
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
5.84
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Алуминиум

3.27

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15