Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, додавајќи дека бројката не е конечна. На прес-конференцијата во Министерството за образование и наука (МОН) за соопштување на резултатите од државната матура, министерката зборуваше дека се намалува бројот на средношколци и на студенти, но најдрастично е кај бројот на првачиња. „Бројот на студенти се намалува, со оглед на ...
Советот на Општина Куманово го усвои годишниот план за вработување во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ за 2027 година, со кој се предвидуваат 27 работни места. Најголем дел од новите вработувања се однесуваат на службите за нега и медицинска помош, а предвидени се и зајакнувања со стручен, административен и технички персонал. Планот ќе биде доставен до Министерството за социјална политика, демографија и млади, кое, пак, ќе го проследи до ...
Земјоделците од Струмичко се заканија дека ќе го блокираат патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село, ако не се корегираат откупните цени на црвените пиперки. Според нив, цените предложени од откупувачите и фабрикантите се ниски и понижувачки. Посебно реагираат на откупната цена од 25 денари за пиперки кои треба да одат за конзервните фабрики. Со предложените цени, како што кажаа, нема да ги покријат ниту производствените трошоци, а ...
Просекот на државната матура во јунскиот испитен рок е 3, 66, речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69, соопштија денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Даниела Јовчевска-Михајловска. Тестовите на 226 матуранти се поништени, дел поради препишување, а дел поради пишување со ветачка интелигенција, и тие ќе полагаат сега во август. Годинава за првпат се полагаше по ...
Шефот на рускиот производител на дронови „Уралдронзавод“ е тешко повреден кога експлодирал неговиот автомобил во градот Екатеринбург. Притоа загинал неговиот возач. Државните медиуми објавија дека Владимир Ткачук се наоѓа на интензивна нега и лекарите се борат за неговиот живот. „Маш“, медиум со извори во полицијата и безбедносните служби, соопшти дека „мерцедесот“ на Ткачук бил уништен од експлозивна направа скриена под него. Возачот, кој во ...
На локации во Скопје денеска продолжи снимањето на „Голиот Рид“, вториот филм на Игор Алексов. На 29 декември 2025 од продукцијата „Сити стар продакшн“ објавија дека филмот почнал да се снима во Охрид, но не дадоа повеќе други детали освен дека продуцент е Богдан Јончевски. Според денешното соопштение, денеска официјално започна снимањето на филмот, кој е трилер со елементи на драма и хорор-фантазија, и ќе се снима на неколку локации во ...
Со грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија. Со третата фаза ќе се гради прекуграничен железнички тунел дел од Коридор 8, кој почнува од Крива Паланка и влегува на територијата на Бугарија. За реализација на овој проект покрај грантот од ЕУ обезбедени се и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Договорите за ...
Шестиот и последен месец за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ истекува на 22 август, кога тој ќе биде пуштен и од куќен притвор, ако обвинителот не подигне обвинение против него. Обвинителот од ОЈО Скопје кој по 14-месечно бегство на Груби, го остави само пола ден во притвор и веднаш мерката му ја ублажи во куќен притвор, има законски рок од 17 дена да ја заврши истрагата. Во спротивно, Груби е слободен. „Ако нема ...
Украина нападна две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од границата, изјави претседателот Володимир Зеленски, додека Русија погоди железничка станица и комерцијален брод во Украина. Зеленски кажа дека се погодени рафинериите „Славнефт-Јанос“ во Јарослав и „Башнефт-Новоил“ во Башкортостан. Претходно беше објавено дека црн чад се издигнува од правецот на рафинеријата во Јарослав, една од петте најголеми во земјата. Регионалниот ...
Од почетокот на месецов се вратени во сообраќај патничките возови кои сообраќаа од Скопје за Велес и Битола во пладневните часови, потврди Македонски железници (МЖ). Тоа значи дека од 1 август повторно сообраќаат локалните возови од Скопје зе Велес кои тргнуваат во 8ч и во 13:20ч. како и од Велес за Скопје во 12:10ч и во 14:25ч. Сообраќаат и пладневните од Битола за Скопје во 12:46 ч. и од Скопје за Битола во 14:30ч. Со ова, во сообраќај се ...
Иран кажа дека постигнал договор со Оман за рута за бродски превоз низ Ормускиот Теснец. Портпаролот на министерството за надворешни работи Есмаил Багеи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е во завршна фаза. Сепак, тој предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, додавајќи дека безбедноста останува загрозена од американската блокада на иранските пристаништа. Откако САД и Израел го ...
Полицаец од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, на задача во депото на ЈП „Градски паркинг“ за возила кренати со пајак, доби 8 дена притвор како осомничен за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Кривична постапка против полицискиот службеник ја води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на ...
Владимир Путин објави голема реконструкција во највисоките редови на руската војска, назначувајќи нови оперативни команданти во Украина, шеф на унифицираната логистика и шеф на новоформираната гранка за беспилотни летала. „Продолжуваме да ја усовршуваме организациската структура на Министерството за одбрана за да бидеме во чекор со потребите и лекциите научени од специјалната воена операција“, рече Путин. Тој го назначи генерал-полковникот ...
Лекувањата во странство, зголемена контрола на боледувањата во земјава, како и големиот одлив на пари за ортопедски помагала се трите точки кои се во фокусот за работа на новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Златко Перински. Перински, кој е на оваа функција од 13 јули, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата на Фондот за 2024 и најави зголемени ...
Мексиканскиот инфлуенсер Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека стримуваше во живо на ТикТок. Гастелум снимал со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во северниот град Кулијакан кога му се приближиле двајца мажи на мотор и еден го застрелал одблиску. Тој имал речиси 600.000 следбеници на ТикТок и главно објавувал комични видеа. Во преносот во живо, Гастелум и неговите пријатели носеле светлопортокалови палта и чанти, што обично ...
НАТО потврди дека ноќеска бил забележан дрон во близина на украински авион на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, откако летовите беа суспендирани по она што полицијата го опиша како безбедносен инцидент. Според безбедносни извори, дронот бил опремен со експлозиви и детонатор. Во прашање бил товарен авион „антонов“. Неколку авиони, вклучувајќи патнички авион, беа пренасочени откако беше пријавен неидентификуван летечки објект и беше ...
Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случи на патот од излезот на Битола кон Прилеп. Повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола. Директорката Ненси Лозанче соопшти дека еден од повредените се оперира, а другите засега се во стабилна состојба. Од пациентите двајца се на Одделението за ортопедија, а останатите 6 на хирургија. „Клиничката болница е спремна да одговори на задачата. Сите пациенти ...
Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, посветена на стогодишнината од раѓањето на легендарната оперска примадона, и со концерт на израелскиот контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемек Виницки, фестивалот Охридско лето го прослави 66. роденден во црквата „Света Софија“. Јубилејот беше прославен токму на датумот кога во 1961 година започнал фестивалот, со солистичкиот рецитал на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ. Автори ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека состојбата со производство на струја во земјава е стабилно и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство. Од таму додаваат дека заедно со ЕСМ и МЕПСО редовно ги следат хидролошките параметри, расположливите резерви и прогнозите, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки доколку ...
Севернокорејска ракетна единица почнала да се распоредува во западна Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина, изјави функционер од украинската воена разузнавачка агенција. Украина има недостиг на висококвалитетни противвоздушни проектили и Русија се обидува да го искористи тоа така што сѐ почесто напаѓа со балистички ракети, кои се особено тешки за соборување. Русија испукала десетици ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф кон работник од ромска националност. Станува збор за спор меѓу колеги, Ром и Албанец, при што првиот пријавил дека колегата го нарекол „Циган“, а во текот на постапката во фирмата се утврдило и дека тој нему во возвратил со ...
Иако поранешниот министер за култура Зоран Љутков на 22 јуни тврдеше дека е надминат 13-годишниот проблем за поставување заштитна настрешница над црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, таа сѐ уште не може да се постави. Управата за заштита на културното наследство повторно одбила да издаде конзерваторско одобрение, наведувајќи недостатоци во доставената документација. Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, ...
Грчката полиција соопшти дека уапсила маж осомничен дека неколку години го чувал телото на својот татко во замрзнувач во подрумот на напуштен хотел за да продолжи да ја прима неговата пензија. Нема индикации дека 90-годишниот учител починал од нешто друго освен од природна смрт. Неговиот 55-годишен син се соочува со обвиненија за измама и давање лажна изјава. Државната телевизија „ЕРТ“ соопшти дека полицијата интервенирала откако загрижените ...
Жителите на викенд-населбата Подмоље, на само пет километри од Охрид, со години имаат проблем со водоснабдувањето. Деновиве, кога населбата е преполна со жители и гости, од чешмите повторно тече заматена, каллива вода, која не ја користат ниту за пиење, ниту за говење. Водоснабдувањето е во надлежност на Општина Дебрца, а жителите велат дека за проблемот повеќепати реагирале, но досега не добиле трајно решение. Сега очекуваат од актуелната ...
Русија го нападна киевскиот регион со балистички проектили, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а повеќе од 50 се ранети. Нападот почнал после полноќ и тревогата за воздушна опасност била во сила повеќе од еден час, за време на што бранови на балистички проектили ги погодувале Киев и перфиферијата. Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека девет луѓе загинале во округот Бориспил, а четири во Буча. Руското министерство за ...
Над 560 илјади евра ќе чини санацијата и репарацијата на делови и позиции во Македонскиот народен театар (МНТ). Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки (БНЈ), тендерот за санацијата и репарацијата ја добила фирмата „Мартин инженеринг“ од Скопје, а рокот за изведување на работите е една година. Согласно податоците, вкупната вредност на сите санации изнесува 34.883.514,00 денари со ДДВ, што е приближно 567.212 евра. Објектот во ...
Група нацистички скинхеди се обиде насилно да влезе, а потоа го блокираше влезот во хотел во Софија, во кој беа сместени италијански тинејџери со еврејско потекло. Младите од Милано и Рим беа во хотелот со своите едукатори заради еврејски младински собир. На снимките објавени од „ЛаПрес“ можат да се видат неколкумина млади луѓе облечени во црно кои се собрани пред влезот на хотелот и извикуваат „Sieg Heil“ и поздравуваат на фашистички начин. ...
Володимир Зеленски сподели видео на социјалните мрежи кое прикажува дрон како лови човек во јужна Украина, велејќи дека тоа е пример за таканаречениот руски сафари напад врз цивили. На видеото се гледа дрон како гони уличен продавач во регионот Херсон. Човекот се обидува да се оддалечи од дронот што лебди над него, криејќи се зад бело комбе. На крајот, дронот се забива во комбето и експлодира, при што продавачот бил повреден. „Светот мора да ...
Жителите на Гостивар максимално да ја истекуваат водата, апелираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб. Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако инстутуциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се речиси 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини нафтените гиганти „Ексон“ и „Шеврон“ дека заработуваат премногу пари од повисоките цени на горивата и рече дека треба да вратат дел од тоа на јавноста. „Не ми се допаѓа. ‘Шеврон‘, премногу пари. ‘Ексон‘, премногу пари“, рече Трамп три дена откако компаниите објавија огромни приходи за вториот квартал од годината, бидејќи тековната војна во Иран ги одржува цените на нафтата високи. Трамп често ...