Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
„Владата на Мицкоски подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз“, потенцираше Андреј Жерновски, член на ИО и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Жерновски посочи дека последните пораки и настапи на Владата јасно покажуваат дека пропаднати се сите обиди да се прикрие вистината ...
Скопје, 5 јуни 2026 година – Добро организираната кујна може да го направи секојдневното готвење значително полесно. Без разлика дали станува збор за складирање свежи намирници, подготовка на брзи вечери во текот на работната недела или чистење по семеен оброк, современите домаќинства сè повеќе бараат апарати што ги поедноставуваат домашните обврски и се прилагодуваат на начинот на кој луѓето живеат. Затоа, практичноста, флексибилноста и ...
Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена операција во која дрон достави копнен робот на непријателска територија, кој потоа самостојно изврши борбена мисија. Ова е нова тактика на комбинирање на повеќе без-екипажни системи во една операција. Голем транспортен дрон пренесе копнено возило без екипаж (UGV) ARK-1 зад непријателските линии, каде што роботот носеше противтенковска мина ...
Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица кои ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Ормускиот теснец ќе се отвори „многу наскоро“, во спротивно Иран ќе претрпи „тежок удар“. „Водиме многу добри разговори“, додаде американскиот претседател, зборувајќи од Калифорнија, тврдејќи дека Иран сака да постигне договор. „Имам време“, додаде републиканскиот лидер во врска со конфликтот што трае повеќе од пет месеци. Според „Аксиос“, американски портал ...
Девет плажи во Грција го загубиле признанието „Сино знаме“ по ненајавени инспекциски контроли. Од листата се избришани четири плажи на Парос и пет на Хиос. Контролорите откриле недостатоци поврзани со услугите за посетителите, пристапноста за лицата со попреченост, безбедноста, чистотата и правилното информирање. Организаторите нагласуваат дека квалитетот на водата за капење на овие плажи и натаму е одличен. Повлекувањето на признанието не ...
На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство. Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци. Во врска со ...
Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во ...
Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, соопшти Министерството. „Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО ...
Товарен брод е погоден од „неидентификуван проектил“ во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO). Инцидент покрај брегот на Оман Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, објави UKMTO, без да даде детали за штетите или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек. Иранската влада побара бродовите да пловат низ ...
Пожарот во атарот на селото Раец во Кавадаречко, кој избувна синоќа на пет локации, повторно се разгори поради високите температури и силниот ветер, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој нагласи дека сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Пожарникарите и екипите на терен цела ноќ се бореле со огнот на исклучително непристапен терен и успеале да ги локализираат ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, ...
Советот на Општина Ѓорче Петров денес одржа вонредна седница на која беа донесени две одлуки насочени кон справување со последиците од природни непогоди и изразување солидарност со погодените граѓани. Советот донесе Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде надлежна за процена на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, нивно ...
Министерството за здравство соопшти дека нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според информациите од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат и дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство наведува ...
Русија и Северна Кореја го привршуваат новиот патен мост меѓу двете земји, кој официјално е наменет за зајакнување на трговијата, но во Украина стравуваат дека би можел да се користи за транспорт на севернокорејски војници и оружје, пренесува Дојче веле. Мостот се гради во близина на единствената копнена граница меѓу двете земји и е дел од договорот за стратешко партнерство што Москва и Пјонгјанг го потпишаа во 2024 година. Украинската ...
Иран денеска соопшти дека во моментов нема преговори со Соединетите Американски Држави, ниту се планирани какви било средби, демантирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека нема закажани разговори со Вашингтон и дека Иран во наредните денови нема да прима странски делегации ниту ќе испраќа свои преговарачи во странство. Според него, ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела во јуни се искачи на 6.125, објави вчера претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез. Според податоците објавени од Родригез на Телеграм, речиси 61.000 луѓе добиле медицински третман во болниците. Тој додаде дека досега се отстранети 16,5 проценти од урнатините оставени од земјотресот. Привремената претседателка Делси Родригез повеќе пати го бранеше начинот на кој ...
Брифингот на министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, претставува типична програмска комуникација карактеристична за почетната фаза од еден министерски мандат. Текстот е конципиран врз административен и нормативен дискурс, во кој доминираат концептите на „стратегиски пристап“, „институционални капацитети“, „партнерства“, „транспарентност“ и „инклузивност“. Од аспект на политичката комуникација, пораката има за цел да создаде ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, како што велат од Министерството, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 ...
Најмалку 18 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, соопштија палестински медицински извори. Нападите биле извршени врз Газа, Деир ал Балах и Кан Јунис, а меѓу загинатите има и деца. Палестинските служби наведуваат дека во нападите биле погодени куќи и шатори во кои биле сместени раселени лица. Израелската армија соопшти дека нападот во Деир ал Балах бил насочен кон двајца команданти на елитната единица „Нухба“ на ...
Мароканските власти соопштија дека 11 лица загинале минатата недела при обидите да влезат во шпанската енклава Сеута. За масовниот прилив на мигранти, кој прерасна во дипломатски спор во рамките на Европската Унија, мароканското Министерство за внатрешни работи ги обвини дезинформациите што се ширеле на социјалните мрежи. Бројките што ги соопштува Мароко значително се разликуваат од шпанските податоци, според кои загинале најмалку 72 лица, ...
Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив. Капсулата „Орион“ на ...
Шпанската енклава на северот од Африка, последниве денови се соочува со досега невиден мигрантски бран. Се проценува дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од Мароко влегле во градот, главно преминувајќи ја копнената граница или препливувајќи ги морските пречки поставени долж границата. Четириесет и четиригодишниот Мароканец и татко на четири деца, Јусеф Ел Абас, пред четири дена ја видел шансата да си го врати животот што го изгубил пред седум ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...
Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев. Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години ...
Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...
Во текот на ноќта, Русија започна голем напад врз Украина со десетици балистички и крстосувачки ракети и стотици беспилотни летала. Киев, Лавов, Криви Рих и Полтавската област беа погодени, а експлозиите одекнаа на крајниот запад од земјата, стотици километри од бојното поле. Според досега објавените податоци, најмалку осум лица загинаа, меѓу кои две деца, додека најмалку 30 лица се повредени. Бројот на жртви може да се зголеми додека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на состанокот во Белата куќа во вторникот, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп „итна зимска помош“ од 300 пресретнувачки ракети за американските противвоздушни одбранбени системи „Патриот“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од руски напади, објави американската веб-страница „Аксиос“. Без нови испораки пред зимата, руските напади би можеле да уништат ...