Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во болница, а седум се во тешка состојба. Снимките направени од морето покажуваат каква ...
Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Македонски Брод пожарот ...
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...
Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната ...
Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес. По потресот било регистрирано и цунами, со највисок бран од 94 сантиметри, но предупредувањето за цунами во меѓувреме е укинато. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои сомнеж дека има луѓе заробени под урнатите објекти. Според досегашните информации, шест лица се повредени, а ...
Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу туристите и оставајќи зад себе оштетени домови и автомобили. Земјотресот ја потресе Гранада, град познат по импресивната палата Алхамбра, околу 1 часот по полноќ по локално време. Според првичните информации, во делови од градот се регистрирани значителни оштетувања на куќи и автомобили, а исплашени туристи ...
Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. Го очекуваме ...
Колумбиските спасувачки екипи водеа трка со времето за да спасат маж пронајден жив под урнатините на срушен хотел во градот Перејра, што претставува редок зрак надеж речиси четири дена по разорниот земјотрес од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 285 животи. Според последните податоци што властите ги соопштија вчера, во катастрофата загинале 285 лица, речиси 4.000 се повредени, а околу 400 луѓе и натаму се водат како ...
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барањата ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...
Полските власти спречиле руски план за убиство на американски државјанин од украинско потекло во Варшава, изјави полскиот премиер, Доналд Туск. Според него, ова е прв познат случај во кој Русија се обидела да изврши напад врз американски државјанин на територијата на друга членка на НАТО. Осомничениот, за кого се наведува дека бил регрутиран од руските тајни служби, е уапсен на 7 август и ќе остане во притвор три месеци. Туск рече дека ...
Американскиот Стејт департмент го задржа второто ниво на безбедносно предупредување за патување во Германија, со совет до американските граѓани да бидат „особено внимателни“. Главната причина за предупредувањето е зголемената опасност од тероризам. Во препораката се наведува дека терористички групи и поединци претставуваат постојана закана во Германија и Европа, а нападите може да се случат без најава или со многу кратко предупредување. Како ...
Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се борат за живот. „Поради повредите здобиени во синоќешниот пожар, во Сплитската клиничка болница вкупно 36 лица добија медицинска помош. По лекарската помош, 14 пациенти беа хоспитализирани, додека останатите беа пуштени на домашно лекување“, соопшти болницата, објави Индекс.хр. Седум пациенти се на интензивна нега и се во критична ...
Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио Ана Стејскал, директорка на Црвениот крст на Омиш, пренесе Индекс.хр. Според неа, до полноќ биле регистрирани повеќе од 2.000 лица, но некои од нив оттогаш го напуштиле подрачјето или, доколку се локални жители, заминале кај членови на семејството. Стејскал вели дека службите се подготвени доколку има потреба од ...
Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и зафати некои туристички и угостителски објекти, изјави командирот на противпожарната служба, Славко Туцаковиќ, објави ХРТ. Борбата со пожарот траеше во текот на целата ноќ, како и евакуацијата на населението и туристите. Полицијата, Цивилната заштита и Црвениот крст учествуваа во грижата за луѓето, а дел од евакуираните беа ...
Мазут се уште е на вештачко дишење. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претходно од собраниската говорница во одговор на пратеничко прашање порача дека случајот „Мазут“ се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинтиелството. Мицкоски истакна дека нема да коментира за тоа да не се сфати како влијание во постапката и нагласи дека се остава на Обвинителството и судовите комплетно да се разреши случајот. Професорот на Правниот ...
Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце, Крушево и Сарај. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски ...
Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на земјата. Средбата се одржа на ракетниот крстосувач „Варјаг“ во Јужно-Сахалинск, пренесува ТАСС. Да се обезбедат сите граници Путин разговараше со командантот на Тихоокеанската флота Виктор Лиин, началникот на граничниот оддел на ФСБ за регионот Сахалин Сергеј Махори и вршителот на должноста ...
Вршителот на должноста министер за одбрана Евгениј Хмара ја коментираше украинската воена операција во Новоросијск и рече дека одбранбените сили ќе ја сопрат руската воена машина. Изјавите на министерот беа објавени од страна на украинското Министерство за одбрана, пренесува Украинска правда. Цели на нападот „Ќе ја сопреме руската воена машина – ќе ја уништиме нивната инфраструктура, флота, логистика, енергетски капацитети и компании што ...
Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето во нуклеарната централа Пакш, изјави денес премиерот Петер Маѓар. „Започнавме со изградба на ниска брана што трајно ќе придонесе за зголемување на нивото на водата на Дунав“, изјави Маѓар за новинарите во Пакш, 100 километри јужно од главниот град Будимпешта. Само две од осумте турбини во единствената нуклеарна централа во земјата сè ...
Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник беше делумно вовлечен низ скршен прозорец кратко по полетувањето од Грција во јули, објави денес Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) на САД. NTSB го истражува инцидентот во кој дел од моторот се одвои од авионот и скрши прозорец. Авионот, кој леташе за Германија, изгуби притисок и мораше да изврши итно ...
Одморот што требаше да биде спомен за цел живот се претвори во црн ден за семејството Комазец од Белград. 56-годишниот Горан Комазец трагично го загуби животот на познатата плажа во Сарти, а неговиот последен чин на овој свет беше чин на најголема човечност, храброст и несебичност, објавуваат српските медиуми. Горан уживал во сончевиот ден на плажата со сопругата и малолетниот син, кога се слушнал очаен повик за помош. Непознат човек беше ...
Пожарот што вчера зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инфраструктура и за среќа нема жртви. Сликата по пожарот што избувна денеска попладне во Сивири, Халкидики, сега е подобрена. Сепак, Противпожарната служба останува во целосна готовност, бидејќи ризикот од повторно разгорување е реален, додека евидентирана е штета на куќите и инфраструктурата, објавија грчките медиуми. Копнени сили дејствуваат во областа со стотици ...
По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел, велат од СДСМ. „Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се соочи со сопствената политичка испразнетост, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС на чело со Филипче кога нема што да понуди создава хаос и сее паника помеѓу граѓаните. Најновиот обид на СДС да се претстави водата во Скопје како небезбедна за пиење е крајно неодговорен политички потег кој ја преминува секоја граница на политички пресметки. ...
Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август 2026 година, околу 15:30 часот, избувнаа прво во селото Маково, потоа нови пожари се појавија и во селата: Граешница, Кукуречани, м.в Ергела, Гнеотино, а најтешка беше борбата со огнот во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Интервенцијата на противпожарните екипи траеше до 14 август, до ...
Борбата со пожарот во битолското село Лозани траеше цела ноќ, а куќите повеќе не се загрозени, информираа рано утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со командирот на битолските пожарникари Христијан Тодоровски. Ангелов кажа дека вчера во Пелагонискиот реагион имало повеќе сериозни пожари со долга линија на фронтот. Тој се сомнева дека пожарите се подметнати. „Се сомневаме дека пожарите биле подметнати ...