Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Сувиот воздух предизвикува непријатност во грлото и носот, сува кожа и испукани усни, а им пречи и на растенијата и може да го наруши сонот. Најдоброто и наједноставно решение е навлажнувач на воздухот, но доколку немате таков уред, постојат едноставни начини да ја подобрите состојбата и да го намалите чувството на сувост. Станува збор за секојдневни навики со кои се зголемува количеството влага во воздухот и се ублажува чувството на сувост. ...
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот ...
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде ...
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот. Сепак, не постои единствено толкување што важи за сите, бидејќи значењето на сонот зависи од личните искуства и чувства на сонувачот. ...
Православната црква денеска го чествува празникот Петковден. Тоа е светителски празник којшто се празнува секогаш на истиот датум, а денот од седмицата секоја година се менува. Празникот е секогаш на 27 октомври или 14 октомври, по стар стил. Празник на света жена – жена светителка Петковден е празник на жена свет човек, а не маж – жена светителка – света жена. Тоа е високото достоинство на жената во христијанството. Тоа е издигнување на ...
Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски Роден е од благородни родители во Самосат во Сирија. Во младоста стекна мошне широко светско и духовно образование. Овој маж беше познат по ученоста и по подвижничката строгост на животот. Откога го раздаде својот имот на сиромашните, се издржуваше од своите поучни дела и од тоа се хранеше како од некое ракоделие. ? направи на Црквата мошне голема услуга со тоа што според еврејскиот текст ...
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври. Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и с ѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници ...
Светиот пророк Осија Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и ...
Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус ...
Со спој на модата, традицијата и женската моќ, вчеравечер започна 33-тото издание на Модниот викенд во Скопје, отворајќи го настанот со несекојдневна ревија што испрати силна порака за женската солидарност, еднаквите можности и поддршката на женското претприемништво. DMWC ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ ги стави во центарот на вниманието уникатните модни изработки создадени од вредните раце на жени од ...
Има луѓе кои се колнат во една чашка пред спиење, бидејќи сметаат дека така полесно заспиваат, други сакаат да носат грицки во кревет, а има и такви кои не можат да заспијат без вклучен телевизор. Но, постои и посебна категорија љубители на домаќинството – оние кои ги испробуваат сите можни начини нивниот дом секогаш да биде чист и да мириса убаво. Токму тие тврдат дека шишето вотка треба да ви биде при рака поради – чистење! Не станува збор ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Светиот пророк Јоил Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. ...
Студените утра веќе го најавуваат крајот на еден пријатен период од годината. Иако сонцето сè уште повремено нè изненадува, наскоро ќе дојде време кога нема да излегуваме од дебели џемпери и палта. Преголемите парчиња (oversize модели) се апсолутен хит секоја постудена сезона, но пониските жени лесно можат да го изгубат обликот на својата фигура во нив. За среќа, тајната на добриот стил лежи во правилната комбинација на пропорции. Со неколку ...
Научно истражување во коешто учествувале 50 луѓе кои се нашле на работ на смртта покажува дека, во тие мигови, повеќето доживеале визии за огромни, светли простори, закривени хоризонти или чувство дека се опкружени со светлина. Истражувачката од областа на неврофеноменологијата, Франс Лернер од Универзитетот на Хаифа, Израел, и нејзините колеги се обидоа да ѝ пристапат на оваа појава од визуелен аспект, верувајќи дека овој метод ќе открие ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 октомври. Свети Аверкиј Рамноапостолен Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Св. апостол Јаков, брат Господов Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели ...
На кој датум паѓа Црниот петок во 2026 година? Тој традиционално доаѓа веднаш по Денот на благодарноста во Соединетите Американски Држави. Конкретно, Црниот петок во 2026 година е на 27 ноември, кога се очекуваат големи попусти во продавниците ширум светот. Постојат неколку приказни за тоа зошто токму првиот ден по Денот на благодарноста го добил називот „црн“, а сите тие се поврзани со американската историја. Најраспространетата приказна ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 октомври. Светиот маченик Арета Овој Свет маченик пострада за Христовата вера со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, граѓани, жени и деца. Арета беше градоуправител во градот Негран во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин Дунаан, свиреп гонител на христијаните. ...
Светите маченици Маркијан и Мартириј Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот цар Константин Ариевата ерес, којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип. обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат ...
Американскиот пејач Крис Браун доби условна затворска казна во Лондон поради напад врз продуцент со шише текила во ноќен клуб во Лондон, 2023 година, откако призна вина за својата вмешаност во инцидентот. Пред Кралскиот суд на Саутварк, на Браун (37) му е изречена условна казна од осум месеци за нападот врз Абрахам Дијау во ноќниот клуб „Тејп“ во февруари 2023 година. Ар-енд-би ѕвездата и неговиот гласовен тренер, Омололу Акинлолу (40) во ...
Глумецот Дакс Шепард, се чини, е заштитнички настроен татко – што значи дека и Кристин Бел мора да биде заштитнички насочена сопруга. Американската двојка, која е в брак 13 години и имаат две деца, се појавија заедно во понеделничкото издание на подкастот на Шепард – „Стручњак во фотелја (Armchair Expert)“. Глумицата ја промовираше љубовната приказна „Никој не го сака ова (Nobody Wants This)“, чиишто нови епизоди се објавени неделава, а каде ...
Ноа Вaјл (55) е прогласен за најсекси маж за 2026 година во изборот на списанието People. Актерот, кој доживеа голем професионален камбек во последните години, доби уште едно признание во периодот во кој повторно ја освојува телевизиската публика. Актерот Ноа Вајл, кој беше сакан од публиката како д-р Џон Картер во култната серија „Ургентен центар“, повторно е во центарот на вниманието благодарение на серијата „The Pitt“. Неговата привлечност ...
Моделите на Викторија Сикрет, Џоан Смолс и Кандис Свонпол моментално се во конфликт, а според информациите на мрежите, врската на Кандис со Том Брејди е главната причина за нивната кавга. Сè започна минатата недела кога порталот „Just Jared“ објави на Инстаграм вест дека двете манекенките повеќе не се „следат“ на мрежата. Ова предизвика шпекулации дека не се во добри односи и дека нешто сериозно се случува зад сцената. Смолс набрзо се вклучи ...
Со гордост и љубов ја пречекавме нашата Ана Стојаноска, информираат од нејзиното училиште „Јоспи Броз Тито“ во Струга. -Нашата ученичка Ана нè исполни со радост и гордост! Нејзиниот настап на Детската Евровизија ни покажа дека со талент, труд и храброст се освојуваат срцата. Денес со насмевки, аплаузи и многу љубов ѝ посакавме добредојде на нашата евровизиска ѕвезда! Ана, горди сме на тебе! Продолжи да блескаш, порачаа нејзините соученици и ...
Џулија Робертс, една од најпознатите холивудски актерки, на 28 октомври го слави роденденот, а нејзината препознатлива насмевка и младешкиот изглед со децении го привлекуваат вниманието на јавноста. Сепак, кога ја прашале во што е тајната на нејзиниот изглед, актерката не зборувала само за козметиката и негата, туку истакнала нешто многу полично – добрите гени, исполнетиот живот и љубовта што ја прави среќна. Во интервју за британското ...
Некои деца сонуваат да станат фудбалери, други пејачи, актери или лекари. Кристиан Шопов уште како дете знаел дека го привлекува нешто поинакво – светот во кој невозможното изгледа возможно, предметите исчезнуваат, луѓето се појавуваат од празни кутии, а публиката со неверување се прашува: „Како го направи тоа?“ Неговата детска желба била да стане илузионист, а една од најголемите инспирации му бил светски познатиот американски магионичар ...
Актерот Патрик Стјуарт, легендарниот Капетан Пикард, почина на 87-годишна возраст. – Стјуарт почина во среда во својот дом во Лос Анџелес по кратка и тешка борба со Алцхајмеровата болест и деменцијата – објави неговата долгогодишна портпаролка Кели Буш Новак. – Тој беше опкружен со топлата прегратка на семејството и пријателите, со жива музика, молитва, солзи, смеа и длабоки емоции што само тој можеше да ги инспирира, по цел живот посветен на ...
Актерката Џенифер Лоренс се присети на еден незгоден момент со Бредли Купер за време на снимањето на филмот „ Silver Linings Playbook “. Во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, 36-годишната актерка раскажа како целосно го изненадила својот колега со шега. Сè се случило откако снимиле важна сцена со бакнеж кон крајот на филмот од 2012 година. Џенифер Лоренс призна дека овој конкретен момент останал во нејзиното особено убаво сеќавање. ...
Серена Вилијамс која се покажа на теренот, се покажа и во светот на модата. Таа се појави на еден настан во Лос Анџелес, а со својот изглед ги привлече погледите на сите присутни. Серена Вилијамс дефинитивно не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели изданија. По повлекувањето од спортот, славната тенисерка им се посвети на семејството и децата, како и на значајните настани во светот на модата. Таа често може да се види на вакви ...
На 31 октомври 2020 година, на 90-годишна возраст почина Сер Шон Конери, светски познатиот актер кој се прослави со улогата на Џејмс Бонд. Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит ...