Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Вчера попладне, во 17:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионален пат Кичево – Македонски Брод, кај месноста Бели Мостој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 63-годишниот Е.С. од селото Лисичани, возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од 31-годишниот Б.З. од село Пласница и „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од ...
Инцидент се случил на македонско-косовската граница рано утрово. Возач на камион кој доаѓал од Косово, не застанал на знак кој му го дале полицајците, а по некое време камионот се заглавил, по што возачот избегал, информира МВР. „На 05.08.2026 околу 05:00 часот на место викано Кодра Фура, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка дале знак за запирање на товарно возило со кумановски регистарски ознаки, кое се ...
Трагичниот случај што ја потресе американската држава Њујорк доби нови детали, откако истражителите соопштија дека го утврдиле наводниот мотив зад смртта на мајка, баба и четири деца кои беа пронајдени во нивниот дом. Според полицијата, 64-годишната Ејми Стедман и нејзината 44-годишна ќерка Сара Мајерс наводно планирале да го завршат животот на целото семејство, верувајќи дека на тој начин ги штитат децата од наводна злоупотреба од страна на ...
Државјанинот на Турција К.Е., кој беше уапсен под сомнение дека ја убил руската државјанка Људмила Туркова Константиновна (27), а потоа нејзиното тело го спакувал во патнички куфер и го фрлил во ладната вода на каналот Визељ, на сослушувањето во обвинителството ја изнесе својата одбрана во која го негираше злосторството, но и изнесе шокантни информации - дека повеќе лица учествувале во убиството. Токму овие тврдења во следниот период ќе бидат ...
Тешка сообраќајна несреќа ја потресе загрепската населба Ботинец, каде што едно лице го загуби животот, а уште две лица се повредени откако автомобил со голема сила удрил во столб и бил целосно уништен. Несреќата се случила синоќа околу 22 часот на улицата „Лује Налетилиќ“. Според информациите од местото на настанот, ударот бил толку силен што возилото било практично преполовено, а делови од автомобилот завршиле расфрлани по целиот коловоз. ...
Неготино, 5 август 2026 (МИА) - Лишен бил од слобода 63-годишен виничанец, возел во Неготино пред да се стекне со право за управување на возилото, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Синоќа во 21:20 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.Х.(63) од Виница. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со винички ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Судија на претходна постапка му ...
Вчера во 11:15 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(54) од Швајцарија. Како што се наведува во полицискиот билтен, при преглед во патничко возило „опел“ со швајцарски национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, била пронајдена марихуана, за која изјавил дека е негова. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ...
Денешниот полициски билтен изобилува со пријавени случаи на семејно насилство, при што најчесто страдале мајки, сопруги, но и синови, девојки… Имено, вчера во 23:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Н.(22), постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка. Истиот ден, во 17:40 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од ...
На скопскиот аеродром вчера бил уапсен жител на Словачка кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол. Според информациите на МВР, вчера во 21:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој ...
Полицијата приведе лице во Скопје, кај кое при претрес биле пронајдени 25 пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, на 4 и 5 август извршиле преглед на три лица на булеварот „Партизански одреди“. При прегледот, кај Д.П. биле пронајдени и ...
На 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка Сашенка преку социјалните мрежи. Тодоровски е роден во Кичево во 1951 година, а по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ја започна својата богата актерска кариера во Драмскиот театар. Во текот на децениите остави значајна трага во македонскиот театар, филм и телевизија. Публиката го памети по ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото Мислодежда, тој без работен договор ангажирал работници и неовластено исекол 107 ...
Педесет и тригодишна државјанка на Република Белорусија е пронајдена почината во хотел во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен денеска, 5 август, во 07:45 часот во СВР Охрид. Починатата е идентификувана како И.Т. (53). Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид, а по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта. Од МВР ...
Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во ...
Полицијата во Тетовско истражува случај во кој две девојки, според пријавата, скокнале од такси возило во движење, откако возачот почнал да се однесува непримерно и не ги однел до побараната локација. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на Д.Ќ. Според пријавеното, неговата 20-годишна девојка Е.И. и нејзината 16-годишна другарка, двете ...
Семејниот одмор од соништата се претвори во незамислива трагедија на тајландскиот остров Ко Панган. Триенаесетгодишно момче од Израел трагично го изгуби животот откако за време на вечерно капење во морето го изгоре една од најотровните видови во светот – морската оса. Лекарите беа немоќни: Смртта настапила за само неколку минути Несреќата се случи на популарната плажа Рин, каде што момчето влегло во водата во доцните вечерни часови. Набрзо ...
Малиот Матија (13) почина по 9 години вегетативна кома поради парче сирење – таткото ја продолжува борбата за вистината! Трагичната приказна за тринаесетгодишниот Матија Маестри од малото место Коредо на северот од Италија заврши со тажен крај, но и со обединување на целата заедница во болката и борбата за правда. Матија почина откако цели девет години ги помина во трајна вегетативна кома, примајќи дури 47 лекови дневно. Неговата голгота ...
Скопје, 3 август 2026 (МИА) - На 02.08.2026 во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 19:40 часот на регионален пат Кавадарци - Неготино, поточно кај место викано „Антените“, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е ...
Скопје, 3 август 2026 (МИА) - Полициски службеници во текот на изминатиот викенд на целата територија на државата, полициските лишија од слобода 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало ...
Истрагата за судирот на двата хеликоптери од типот „Bell“ кои учествуваа во гаснењето на огнената стихија во западна Атика сè уште трае, а регионот и понатаму е во шок по трагичната вест. Во несреќата животот го загубија данскиот пилот и грчкиот координатор на летот од едниот хеликоптер, додека британскиот пилот и грчкиот координатор од вториот хеликоптер успеаја да преживеат. Братот на загинатиот 46-годишен дански пилот Руне Кинтал, Тује ...
Она што требало да биде романтичен момент за еден млад пар од Србија, за малку се претворило во сериозна здравствена драма за време на нивниот одмор во Грција. Според нивното сведоштво, момчето сакало да ѝ подари цвет на својата девојка. Бидејќи не успеал да го откорне со рака, се обидел да го скине со забите. Веднаш почувствувал силна горчина, го исплукал цветот и во прв момент не помислил дека може да биде опасно. Подоцна дознале дека ...
Дваесет и едногодишна девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Кисела Вода. Според информациите од МВР, несреќата се случила кога 22-годишен возач на мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, додека возачот се здобил со полесни повреди. Повредите кај двајцата биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Поврзани вести: ...
30-годишен жител на Скопје е уапсен откако, според полицијата, пукал од пиштол кон негов врсник со кого имал расправија, по што избегал од местото. „Вчера во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(30) од Скопје и Н.А.(34) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба, по расправија со Ф.А.(29) од Скопје, Б.Ј. од пиштол испукал еден куршум, а потоа со патничко возило ...
Во белградската населба Карабурма е пронајдено безживотното тело на 73-годишниот Радивој Г., во стан сместен во поткровје на станбена зграда. Според првичните и неофицијални информации од истрагата, сè укажува дека станува збор за брутално убиство, а полицијата интензивно трага по сторителот или сторителите. Како што пренесуваат српските медиуми, телото на мажот било пронајдено во вознемирувачка состојба. Тој лежел на душек од кревет, целосно ...
На 03.08.2026 во 10:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од А.С. (30) од с. Добридол. -При тоа со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека Е.Б. и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, ...
Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело, извести СВР Охрид. „Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското ...
Ноќва во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Како што соопштува СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Ноќва во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од ...
Жителите на Загреб беа вознемирени откако во реката Сава било пронајдено безживотно тело на маж. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што надлежните служби излегле на местото на настанот и започнале истрага. Телото било забележано во близина на населбата Савски Гај, а по дојавата од граѓани полициски екипи пристигнале на терен и го извлекле од водата. Во моментов се врши увид под раководство на дежурен заменик на Жупаниското државно ...
Случајот кој го шокираше регионот доби драматичен пресврт. Иако првично се сомневаше дека познатиот локален пекар Радивоје (73) од Карабурма умрел од природна смрт или за време на интимен однос, обдукцијата и истрагата на Вишото јавно обвинителство во Белград потврдија дека се работи за свирепо и брутално убиство! Припадниците на Управата на криминалистичката полиција (УКП) и Полициската управа за град Белград ги лишија од слобода лицата кои ...