Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 07./08.11.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(23) од Велес, С.М.(33), И.М.(30), Ф.Г.(29), С.М.(46), С.Б.(39), Ј.К.(21), А.К.(27), Д.Џ.(30) и 16-годишник сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 46-годишен скопјанец, откако при извршен преглед кај него бил пронајден хероин. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 6 ноември 2026 година, околу 15:20 часот. Станува збор за С.М. (46) од Скопје, кој бил приведен откако полицијата ја пронашла дрогата при прегледот. За случајот бил известен јавен обвинител, а постапувајќи по негови насоки, ...
Апелацискиот суд во Скопје ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Судиите од Апелацискиот суд оцениле дека Основниот кривичен суд Скопје не ги разгледал во доволна мера доказите што Јавното обвинителство ги изнело против Ѓорчевски. Поради тоа, предметот во делот што се ...
ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните ...
Чаирчани го пречекаа Артан Груби како крал .Со извици „о шефе о кинг“ Груби се врати меѓу своите откако му беше укинат куќниот притвор и сега тој е слободен граѓанин. Се слушаа петарди, факели, огномети ечеше „Груби“, „Груби a тој се поздравуваше со сите како филмска ѕвезда.. Погледнете ја атмосферата во срцето на Чаир. View this post on Instagram A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk) Чаирчани го пречекаа Артан Груби како крал .Со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во спроведената засилена полициска акција на територијата на целата држава, во текот на 16 и 17 октомври, биле извршени 47 претреси, а 16 лица биле лишени од слобода. Акцијата ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со секторите за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, со фокус на откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и ...
На дешното рочиште за судијата Ѓоко Ристов сведочеше и Емилио Фришчиќ, вешто лице од областа на испитување спорни документи, вештачење на ракописи и потписи. Останувам севкупно на напишаната содржина во записниците – рече вештакот за неговиот извештај. Тој рече дека одредено лице кое пишува нешто на хартија, со површината од кожата допира на хартијата, голема е веројатноста со сигурност, дека од тој контакт ќе останат епителни клетки што ...
На денешното рошиште во Кривичниот суд во Скопје, против апелацискиот судија Ѓоко Ристов прв сведочеше таткото на сопругата на Ристов, кој одговараше на прашања на одбраната во врска со купопродажба на стан во Скопје. Тој рече дека станот е околу 150 квадрати, во вредност од околу 140 илјади евра. На семејна средба се договоривме заеднички да учествуваме во финансирањето на станот, пола – пола да учествуваат двете страни – одговори тој на ...
Припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност изутринава спроведуваат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово, а под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластувањето, несовесно работење во службата, измама и перење ...
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Со одлуката, Вишото ...
Адвокатот Сашо Дуковски кој во случајот „Меѓународен сојуз“ го застапуваше Бојан Јовановски (Боки 13), на социјалните мрежи соопшти дека Апелациониот суд донел ослободителна пресуда за Јовановски. „Ете, правдата е спора но достижна! Апелациониот Суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот “Меѓународен сојуз”. Со тоа ја ПРЕИНАЧИ првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од 5 години!! Тоа е. По лошо ...
Најмалку шест бугарски пратеници ќе присуствуваат на рочиштето закажано во Основниот суд во Кочани, каде денеска (31-ви август) треба да продолжи судењето против Ива Михаилова од Кочани, која има двојно државјанство – македонско и бугарско. Таа е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа ...
Поранешниот прв вицепремиер и висок ексфункционер на ДУИ, Артан Груби, не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот „Државна лотарија“. Поранешниот прв вицепремиер и висок ексфункционер на ДУИ, Артан Груби, не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот „Државна лотарија“. На денешното рочиште јавните обвинители го читаа обвинителниот предлог, наведувајќи за што точно се товарат Бјрами, Груби ...
35-годишен кумановец ќе одговара кривично поради физички напад врз полициски службеник. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Д.И.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.10.2026 во Куманово, пријавениот при обидот да биде лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник кој извршувал ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи. Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.С. од скопското село Арачиново, поради сомневања дека со товарно возило удрил во службен автомобил на полицијата, а потоа физички нападнал полициски службеници. Според информацијата од полицискиот билтен на МВР, инцидентот се случил на 29 септември во селото Отља, Општина Липково, кога осомничениот не застанал на даден знак за запирање, туку со товарното возило удрил во ...
Додека екс градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е во болница бидејќи вчера му била извршена трета операција, стигна информација дека против него е поднесена нова кривична пријава. -Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција во координација со СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б. за четири кривични дела „злоупотреба на ...
Во СВР Скопје вчера во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и ...
Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно осуден на две години затвор, но казната нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Пресудата е донесена откако Пецов признал вина на 24 август 2026 година, а бидејќи ниту една од странките не поднела жалба, таа станала правосилна на 21 септември. Покрај условната затворска казна, на Пецов му е изречена и парична казна од 8.000 евра. Со пресудата му е изречена ...
Во ОВР Берово, во текот на вчерашниот ден во 15:30 часот, 43-годишна жена од Берово пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во Кочани во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на селото Стримница, Општина Желино, поради сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 24 јули годинава на улицата „Маршал Тито“ во Тетово. Пријавениот управувал патничко возило „мерцедес“ и, иако полициски службеник му дал наредба да запре, тој не ...
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани по претходна пријава дека истиот одзел електричен тротинет. На 07.11.2026 во 03:30 часот Д.И. пријави дека откако ја извршил кражбата на тротинетот бил физички нападнат од едно лице најверојатно сопственик на истиот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 06.11.2026 во ...
Страшна трагедија го потресе српскиот град Нови Сад, каде што едногодишно девојче го загубило животот, а за неговата смрт е осомничена сопствената мајка. Полицијата ја уапсила 33-годишната А.Ш. под сомнение дека физички го нападнала детето и му нанела тешки повреди од кои починало. Во рамки на истрагата е уапсен и таткото на девојчето, 54-годишниот Т.Ш., кој се сомничи дека не му укажал неопходна помош на детето. Според информациите објавени ...
Страшно убиство ја потресе Колумбија, откако 23-годишната Паула Карлеј Кока Мурсија била смртно избодена со нож на своето работно место, наводно затоа што одбила да започне љубовна врска со маж кој со месеци ѝ се додворувал. За злосторството е осомничен 63-годишен маж, кој бил уапсен кратко по нападот. Трагедијата се случила на 1 ноември, околу 12:40 часот, во кафуле во општината Пинчоте, во колумбискиот регион Сантандер. Младата девојка ...
Наместо за матурска, цвеќиња за вечното почивалиште Со неизмерна болка, солзи и преполни срца со тага, семејството, пријателите, соучениците и жителите на Богданци и Гевгелија вчера се испратија од 17-годишната Биљана Ќириќ, чиј живот трагично згасна во ужасниот случај на фемицид што ја потресе целата јавност. На градските гробишта во Гевгелија владееше потресна атмосфера. Гробното место на младата девојка беше буквално преплавено и покриено ...
Против 46-годишен маж од беровско село е поднесена кривична пријава поради сомнение за неизвршување судска одлука, откако не постапил согласно привремените мерки за заштита од семејно насилство изречени во корист на неговата сопруга. Photo by Salah Ait Mokhtar on Unsplash Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово. Во периодот од 22 септември до ...
Четириесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученик во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром. Според информациите од МВР, пријавата била поднесена на 6 ноември 2026 година, во 17:45 часот. Жената пријавила дека инцидентот се случил ден претходно, на 5 ноември, во ходникот на училиштето. При нападот, според пријавеното, соученикот употребил тврд предмет и физички го ...
На 6 ноември 2026 година, во 14:30 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, при излез од државата, бил откриен дел од ловечко оружје во рачниот багаж на патник од Норвешка. Според информациите од МВР, при извршената контрола кај В.С. (49) бил пронајден и одземен затворач, кој претставува дел од ловечко оружје. Предметот бил одземен од страна на надлежните полициски службеници, а случајот е регистриран на скопскиот ...
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 28-годишниот П.А. од село Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Според информациите од МВР, на 9 септември 2025 година полициски службеници извршиле претрес во атарот на селото Дражево, струмичко. При акцијата, пријавениот бил ...
На 05.11.2026 во 01:00 часот на ул. „Јордан Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д.(26) од Тетово, затоа што при преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана, а при алкотестирање е утврдено присуство на 1,34 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На 05.11.2026 во 01:00 часот на ул. „Јордан ...