Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер. На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во ...
Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник објави статус на својот фејсбук профил интакнувајќи ја огромната важност за Македонија, а особено за источниот дел на Македонија. Во продолжение интегрален дел од статусот: „Македонија се сака со дела – кога вистински се гради и развива! По три децении чекање, празните ветувања конечно стануваат реалност. Изградбата на железничкото поврзување со Бугарија наместо проект заглавен на ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и ...
Унапредувањето на билатералната соработка во земјоделството, зголемувањето на трговската размена и европските интегративни процеси беа главните теми на средбата меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на средбата биле потврдени пријателските односи меѓу двете земји, ...
Денеска во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки. Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната ...
На 05.08.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Б.М. и мотоцикл „хонда“, управуван од Е.А.(24), двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот сопатник Р.И.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле А.Б.М и ...
Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија со цел да се подготви за одговор на потенцијални напади од Русија или Кина – изјавија денеска за телевизијата Ен-би-си (NBC) извори од американското Министерство за одбрана запознаени со прашањето. Високорангиран претставник на Министерството за одбрана изјави за Ен-би-си дека ставот на Пентагон е дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни кредибилни нуклеарни опции“. Според изворите, ...
Градот Скопје продолжува со активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните. Наместо здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето да завршат како отпад, тие добиваат нова намена. Од Градот соопштуваат дека од нив на Водно се изработува нов моторички парк – простор со природни ...
Литванската воена разузнавачка служба денеска објави дека има информации според кои Русија ја разгледува можноста за извршување напади врз критичната инфраструктура во балтичкиот регион, користејќи дронови произведени во Украина, со цел да ја прикрие одговорноста за какви било инциденти. Литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас ја потврди проценката, наведувајќи дека постојат разузнавачки информации кои укажуваат дека Москва размислува ...
Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4.900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од ...
Проблемот со недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти во моментот е надминат. Дел од терапијата вчера е пристигната на Клиниката, а другиот дел треба да пристигне во наредните два дена и се надеваме дека така и ќе биде, изјави денеска Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“. Таа посочи дека преку групата „Пеперутки“ ќе ги информираат пациентите за тоа која терапија во кој момент ќе пристигне, за да не мора на овие високи ...
Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер ќе го искористи денешниот вонреден состанок на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент за да ги повика европратениците да ја „оживеат“ директивата за построго казнување на шверцерските мрежи. Брунер истакна дека кризата во Сеута ја покажала потребата од построги закони против шверцувањето луѓе. – Алатките се на маса. Сега Парламентот и ...
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон морето источно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Јапонската влада соопшти дека Пјонгјанг лансирал нешто што би можело да биде балистичка ракета. Лансирањето следи по серијата ракетни тестови во текот на оваа година, вклучувајќи ги и балистичките ракети со краток дострел, ракетната артилерија и друго оружје насочено кон зајакнување на воените ...
Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е да го напуштиме застарениот, конзервативен модел во кој ...
Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, како и во Гостивар, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Но, денес се ...
Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека до крајот ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со „огромни ...
Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, посочува Сергеј Попов, пратеник на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“, како што соопшти Министерството за надворешна политика и надворешна трговија, се посочува дека земјата е кандидат ...
Ширењето и можната употреба на нуклеарно оружје стана речиси секојдневна тема во европскиот јавен простор во последните години, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДБК) Виктор Василиев. „Темата за нуклеарно ширење, а особено употребата на нуклеарно оружје, неодамна стана практично рутинска, особено на европскиот континент“, рече Василиев за руските медиуми. Според неговите ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека опозицијата е разочарана зашто Македонија во однос на куповната моќ е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите држави во регионот, но и затоа што бележи евидентни резултати во туризмот. – За куповната моќ од опозицијата имаше одредени пораки, но и од некои медиуми кои имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно тие ќе жалат и ќе бидат ...
Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот ...
Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Маја Борозан од СДСМ, што МИА го ...
Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...
Паниката во СДС расте, а конфузното соопштение на СДС е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДС, мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДС. Дното во СДС нема крај, СДС е партија без визија, без план и без стратегија ...
Невидена трагедија се случи на фудбалски натпревар во Тајланд. 24-годишен крилен играч на ФК Јала, клуб кој се натпреварува во третата дивизија на Тајланд, почина откако беше погоден од гром за време на натпревар од регионалниот куп во вторникот. Трагичниот инцидент се случи на стадионот Сантифап во округот Су-нгаи Колок, покраината Наративат. Ненадеен гром го погоди теренот за време на натпревар од ФА Купот Голок. Неколку играчи паднаа на ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека реформите во енергетскиот сектор во изминатите две години поставиле темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем. Од партијата наведуваат дека е донесен нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, кој, според нив, го дефинира правецот за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и ...
Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави ...