Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Меган Маркл неодамна го прослави својот 45-ти роденден, а видеото од големата прослава, кое го објави на мрежите, предизвика бројни реакции од јавноста. Војвотката од Сасекс се чини дека посветила неколку објави на Инстаграм на својот голем ден . Прво објавила црно-бела фотографија од себе во едноделен костим за капење додека трча. По објавата следеа зборови на благодарност, односно Меган Маркл им се заблагодари на сите што ѝ посакаа среќен ...
Парче од ракетата на „СпејсИкс“, тешко околу четири тони, веројатно удрил во Месечината и формирал нов кратер, објави НАСА . Иако не претставувал опасност за Земјата, овој настан е значаен за науката. Станува збор за дел од ракетата „Фалкон 9“, лансирана во јануари 2025 година, која донесе два комерцијални лендери на Месечината. Ударот се случил со брзина од околу 8.690 километри на час, но местото на ударот е близу до работ на видливиот дел ...
Јахтата што пловеше во близина на Скопелос , еден од омилените грчки острови меѓу српските туристи, не беше само луксузен пловило за одмор. Зад мирната слика на крстарењето по Егејското Море, како што се сомневаше, се криеше мобилна работилница за нелегална експлоатација на грчките морски богатства – заштитени корали од дното на морето. Според информациите од контролни извори, специјалната служба ДЕОС на грчката Управа за јавни приходи (AADE) ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врати околу 100 милијарди долари на бизнисите преку поврат на средства поврзани со царините воведени за време на таканаречениот „Ден на ослободувањето“. Плаќањата ги извршија американските царински власти. Според документ неодамна поднесен во суд од страна на Царинската и гранична заштита на САД (CBP), овој износ претставува околу 60 проценти од вкупните приходи што владата на САД ги ...
„Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни“, велат од ЛДП. „Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку? Не може да се зборува за успешен ...
Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8 проценти од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, изјави пратеникот од ...
Во последните години, експертите предупредуваат за зголемената употреба на антидепресиви кај младите луѓе, но и за загрижувачкиот тренд на нивно земање без претходен преглед од психијатар или препорака од лекар. Достапноста на информации на социјалните мрежи, советите од врсниците и погрешното верување дека антидепресивите се „брзо решение“ за стрес, анксиозност или лошо расположение, ги наведуваат некои млади луѓе сами да бараат терапија. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се судри со министерот за одбрана Пит Хегсет откако дозна за сериозен недостиг на ракети и муниција во арсеналот на Соединетите Американски Држави, објави „Вашингтон пост“ . Според две лица запознаени со разговорот, судирот се случил минатиот петок во Кемп Дејвид, на маргините на состанокот на американскиот кабинет. Трамп побарал објаснувања од Хегсет зошто Белата куќа не била правилно информирана за ...
Меѓународната изложба EXPO, Српската православна црква (СПЦ), автопатите во ентитетот Босна и Херцеговина, Република Српска, како и Канцеларијата за Косово. За сето ова, меѓу другото, српската држава потрошила пари од буџетската резерва. Според правилата, овие средства треба да се користат за непредвидени трошоци. Но, од почетокот на 2026 година, средствата од буџетската резерва се издвоени со одлуки на српската Влада повеќе од 130 пати, ...
Во рамките на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на новинарско прашање ...
„Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август“, кажа Маја Борозан од СДСМ. „Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по повеќе од 30 години конечно се создадени услови за реализација на источниот дел од железничкиот Коридор 8, оценувајќи дека проектот сега има затворена финансиска конструкција и јасна перспектива за поврзување со Бугарија. Тој посочи дека денеска, за разлика од јуни 2024 година, постои договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот железнички тунел, како и обврски од двете страни за модернизација ...
Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби, општинските служби интервенираат на повеќе локации. Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена ...
Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Полагањето се одвиваше по нов модел, а предизвиците од изминатите години беа значително намалени, извести МОН. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави. Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство. Беше оценето ...
Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона. Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, извести Општината. „Во изминатиот ...
Општина Аеродром продолжува со инвестиции за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, ...
Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. „Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...
АТП Мастерсот во Монтреал не престанува да ни носи сензации! Прво, во доцните вечерни часови по централноевропско време во среда, Александар Зверев го заврши своето учество на турнирот во Канада, за да по неговите стапки тргне уште еден носител – Данил Медведев ! Она што е особено интересно е што холандските тенисери беа подобри од двајцата! Зверев беше поразен со 2:1 од Талон Грикспор, во сетови 7:6, 2:6, 4:6. Првиот сет помина без ниту еден ...
Танкер што пловел низ Ормутскиот теснец покрај брегот на Оман пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денес Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена никаква штета на животната средина. UKMTO во известувањето наведува дека инцидентот се случил околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил ...
Поранешната поп-ѕвезда Гари Глитер, кој е обвинет за педофилија, сега доби нова пресуда дека пред речиси половина век сексуално нападнал девојче кое тогаш имало само осум години, откако ѝ дал чоколадо, беше кажано на судот. Глам-рок пејачот, чие вистинско име е Пол Гад , се соочува со едно обвинение за незаконски сексуален однос со девојче под 13 години и три обвиненија за непристоен напад врз девојче под 14 години. Наводната злоупотреба се ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
СДСМ денеска побара од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи итно да ги идентификуваат и приведат лицата кои, според партијата, ги нападнале младите активисти во Ново Село. На прес-конференција, Кети Штерјова тврдеше дека младите биле нападнати затоа што носеле транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Од СДСМ обвинија дека зад нападот стои ВМРО-ДПМНЕ и го посочија премиерот Христијан Мицкоски како нарачател. ...
Судејќи според астролошките аспекти, Лавот ќе биде најсреќниот знак во август. Причината за ова е исклучително силната концентрација на планети во овој огнен знак, вклучувајќи го Сонцето, неговиот природен владетел, како и моќниот Јупитер, планетата на среќата, изобилството и големите можности . Сите врати се отвораат за лавовите Во текот на август, Лавовите ќе почувствуваат дека им се отвораат врати во сите области. Многумина ќе добијат ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија. Националната конвенција ...
Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“ од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на ...
Компанијата за развој на вештачка интелигенција Open AI се најде на удар откако го организираше својот прв промотивен настан за инфлуенсери, одржан во луксузен одморалиште во северниот дел на Њујорк. На настанот наречен „Летен клуб“, учесниците присуствуваа на работилници за употреба на нови алатки за отворена вештачка интелигенција, како и на активности како што се вечери со локални состојки, сликање и пчеларство, објавува TechCrunch. Целта ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Oд партијата велат дека трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. „ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара ...
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека речиси сите регистрирани случаи на западнонилска треска годинава се од Скопскиот регион и Велес. По појавата на случаите, здравствените власти спровеле вонредни прскања против комарци во радиус од 200 метри околу живеалиштата на заболените, а во Драчево, каде што има пет потврдени случаи, било извршено дополнително прскање од земја. Тој посочи дека е направена контрола дали општините ги ...