Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Бразилскиот напаѓач Ендрик не ја исклучува можноста повторно да го напушти Реал Мадрид и да замине од клубот веќе во зимскиот преоден рок. Во втората половина од минатата сезона, Ендрик му беше позајмен на Лион и за францускиот тим постигна осум голови со исто толку асистенции на 21 натпревар. Добрите настапи во Лион му донесоа повик во бразилската репрезентација за Светското првенство оваа година. „Да се биде во Реал Мадрид е привилегија, но ...
Руски активист предупреди дека, според него, пицата е потценета опасност за Русија, објавија руски медиуми. Виталиј Бородин, раководител на Федералната фондација за безбедност и борба против корупцијата, организација блиска до Кремљ, ги повика руските училишта и универзитети да ја отстранат пицата од менито во нивните мензи. Тој го оквалификува јадењето како западна „мека моќ во картонска кутија“. „Нашите баби печеа традиционални пити илјада ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Чехињата Каролина Мухова во натпревар од групната фаза на финалето на ВТА (7:6 (7:2), 7:5). Дваесет и осумгодишната Сабаленка стана тенисерка со најмногу победи, вкупно 13 во натпреварите на финалето на ВТА меѓу оние кои никогаш не го освоиле турнирот. Таа се израмни со Французинката Мери Пирс. Ова е шести последователен настап на белоруската тенисерка на главниот настан, завршниот турнир ...
Тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, планира да го напушти клубот од Саудиска Арабија во летото 2027 година, објави новинарот Николо Скира на платформата за социјални медиуми Икс. Според Шира, 50-годишниот италијански тренер одлучил да не го обнови договорот, кој истекува во јуни 2027 година. Според неговиот тековен договор, Инзаги заработува 26 милиони евра годишно. Инзаги го презеде Ал-Хилал во јуни 2025 година. Во својата прва сезона, ...
ПСЖ размислува да го вклучи напаѓачот Феран Торес во договорот за потпишување на играчот од средниот ред на Комо, Нико Паз, објави „Sport.fr“. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, наводно е незадоволен од настапите на Торес, кој се приклучи на клубот од Барселона во летото 2026 година. Шпанскиот тренер се надеваше на подобри перформанси од напаѓачот и негово активно учество во играта на тимот. Враќањето на Торес во Барселона претходно беше ...
Тренерот на Баерн, Винсент Компани, се врати на тренинг-центарот на клубот од Минхен по здравствени проблеми, соопшти инсајдерот Фабрицио Романо. Четириесетгодишниот белгиски тренер ја изгуби свеста на 23 октомври за време на тренинг со резервниот тим на Баерн, кој го надгледувал, и бил однесен во болница. По прегледот, лекарите му дијагностицирале на Компани менингитис (иритација на мембраните што го опкружуваат мозокот). Тренерот претходно ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, е оптимист во пресрет на последните два натпревара од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен. – Секогаш ми било чест да играм за овој дрес и секогаш ќе давам максимум. Се надеваме на најдоброто. Нормално дека ќе анализираме и ќе се обидеме сето она што тренерот ќе ни ...
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, потврди дека неговиот агент е во преговори со клубот за нов договор. Триесет и четиригодишниот Бразилец, чиј тековен договор истекува во летото 2027 година, изјави дека сака да остане на „Енфилд“. – Да, во моите мисли е само Ливерпул. Среќен сум што останувам. Среќен сум тука, моето семејство е среќно тука. Сè уште сум гладен за трофеи, изјави Алисон за британските медиуми. Голманот, кој дојде од Рома во ...
Градскиот женски младински хор „Менада“ вчеравечер го одржа концертот насловен „Македонско хорско творештво – од композитори од првата декада на XX век“, во рамки на одбележувањето на 45 годишниот јубилеј. Беа изведени 11 композиции од македонски автори, под раководство на диригентот Ивица Зориќ кој оцени дека хорот испиша уште една страница полна со емоции, гордост и неизмерна љубов кон македонската традиција. -Низ нотите на македонското ...
Шест кумановски студија и клубови за модерен балет и танци се претставија на музичко-танцовата вечер „Куманово во срцето“, која се одржа во спортската сала во пресрет на 11 Ноември – Денот на градот. На сцената настапија Dance studio Ultra, Dance studio MAK, Dance studio Virtus, Skill Factory, Dance studio Fusion и Танцовиот спортски клуб „Динамик“. Младите танчари изведоа 17 кореографии на познати домашни и светски музички нумери, детски ...
Федералниот суд на Флорида издаде судски налог со кој се наложува задолжителна психијатриска процена на Томас Маркл, таткото на британската војвотка од Сасекс, Меган Маркл. Целта на ова вештачење е стручно да се утврди дали 82-годишниот Маркл е ментално способен да ја следи судската постапка и да одговара пред законот за тешките кривични дела што му се товарат. Судијката Линдзи Грифин во Тампа, во официјалниот судски налог појасни дека уште ...
Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство, проценети на над 15 милиони долари (околу 13,4 милиони евра), ќе бидат понудени на наддавање во „Сотби’с“ (Sotheby’s) во Њујорк, САД, на 16 декември. Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „А ла вјеј Руси“ (A La Vieille Russie) ќе им биде достапен на колекционерите и инвеститорите, пренесе ТАСС. Колекцијата опфаќа предмети од широк ...
Бекот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, и плејмејкерот на Њујорк никс, Џејлен Брансон, се прогласени за играчи на неделата во НБА, објави прес-службата на лигата. Дончиќ ја доби наградата во Западната конференција. Минатата недела, Словенецот им помогна на Лејкерси да победат во четири од четири натпревари, со просек од 45 поени, седум скока и 8,3 асистенции по натпревар. Претходно, Дончиќ постави историска пресвртница станувајќи првиот ...
Сасуоло го избра Роберто Д’Аверса за свој нов главен тренер, објавија „Sky Sport Italia“ и инсајдерот Фабрицио Романо. Педест и едногодишниот Италијанец ќе потпише договор до крајот на сезоната 2026/27 без автоматско продолжување, но со можност за повторно преговарање на условите доколку има тимот има резултати. Назначувањето следува по отпуштањето на Алберто Аквилани, кој беше отпуштен по пет последователни порази во Серија А. Аквилани го ...
Селекторот на американската фудбалска репрезентација, Маурисио Покетино, не ја исклучува можноста да го преземе Манчестер јунајтед. Според „Би-би-си“, аргентинскиот фудбалски стручњак е подготвен да разгледа понуда од англискиот клуб, и покрај продолжувањето на договорот со Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави (УССФ) во август 2026 година. Договорот вклучува посебни клаузули што му овозможуваат на 54-годишниот тренер рано ...
Милан ги направи првите чекори кон продолжување на договорот со фудбалерот од средниот ред Јунус Муса. Тие контактираа со застапниците на правата на играчот за да разговараат за нови услови, објавува „Калчомеркато“. Тренер Рубен Аморим многу го цени 23-годишниот Американец поради неговата работна етика, неговата сила во транзицијата и неговата разновидност. Тој може да пополни неколку позиции. Раководството на „Росонерите“ е исто така убедено ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го одбележа Светскиот ден на науката со доделување 15 признанија на научници и студенти кои се вклучени во научноистражувачката работа. За научник на годината беше прогласен Сашко Коцески, декан на Факултетот за информатика. Ректорот на УГД, Дејан Мираковски, истакна дека универзитетот не само што ја следи науката, туку активно придонесува во нејзиното создавање, а признанието од меѓународната научна ...
Модуларната болница во Куманово ќе биде пренаменета за потребите на Одделот за физикална медицина и рехабилитација при Општата болница Куманово. Со префрлањето на одделот во овој објект се очекува да се подобрат условите за работа и третман на пациентите, како и да се намали листата на чекање за физикална терапија. Директорот на Општата болница Куманово, Сашо Стошевски, информира дека до Министерството за здравство е поднесено барање за ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Македонија“ бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат ...
Во завршна фаза е редовната есенска дератизација на територијата на Општина Кисела Вода, при што досега се опфатени над 2.000 шахти во речиси сите месни и урбани заедници. Активностите ги спроведува специјализираната компанија „Токсивет“, а за целосно завршување на акцијата останува уште урбаната заедница Бирарија, каде што екипите ќе работат утре. Со дератизацијата се врши системско уништување на штетните глодари и спречување на нивното ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, им врачил признанија на професорите кои учествуваат во реализацијата на заедничките наставни часови во средните училишта во главниот град. -Денес, заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, им оддадовме заслужено признание на професорите кои со својата посветеност, знаење и ентузијазам ги поврзуваат младите ...
Со панихида предводена од Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, во сослужение со претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, денеска, пред вечното почивалиште на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски Гаврил во манастирскиот храм „Свети Наум Охридски“ во населбата Радишани, свечено беше отворена музејска поставка по повод одбележувањето на ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје, информираат од јавното градско претпријатие. Во истиот период, како што посочуваат, се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно ...
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, јамболии и друг несоодветен отпад секојдневно се отстрануваат од канализациската мрежа во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Екипите на претпријатието редовно интервенираат на терен поради затнувања предизвикани од отпад што не треба да завршува во канализацијата. Фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и шахтите, го отежнува протокот и го ...
Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје Филм Фестивал ги додели своите награди. Спојувајќи ја својата воспоставена регионална традиција со свежа креативна енергија, СФФ ја потврди својата позиција како клучна културна платформа за независен филм и меѓународна размена. Фестивалот има стратешка улога во обликувањето на регионалната филмска индустрија и во ...
Кочани и околните општини се соочуваат со сериозни демографски предизвици, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година. Во Кочани минатата година се родиле 213 деца, а починале 446 лица, со што е забележан природен пад од 233 жители. Особено загрижувачка е состојбата во Зрновци, каде што биле родени само девет бебиња, наспроти 37 починати лица. Негативниот природен прираст изнесува 28 жители, односно 14,1 на 1.000 ...
ЈП „Лајка“ бележи значително зголемување на оперативните активности во 2026 година, при што во првите десет месеци се реализирани 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања на бездомни кучиња. Според податоците на претпријатието, во споредба со истиот период минатата година, бројот на заловувања е зголемен за 52 проценти, ветеринарните третмани за 50 проценти, а вдомувањата за осум проценти. -Изразено во бројки, оваа година ...
Без разлика дали станува збор за привлечноста на видеоигрите и стрим-апликациите, или за притисокот од училишните обврски како причина, адолесцентите ширум светот сè повеќе ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено; еден од четворица признава дека, во текот на последната седмица, не практикувал „најмалку 60 минути физичка активност во ниту еден ден“, посочува ново истражување. Според испитувањето спроведено од научници од ...
Холивудската ѕвезда родена во Австрија, Арнолд Шварценегер организира „потрага по богатство“ во Виена под наслов „Најди ја торбата на Арнолд!“, која вклучува пронаоѓање скриени торби полни со подароци на три точки низ градот. Настанот е организиран од неговата фондација за животна средина, „Климатска иницијатива на Шварценегер“ (Schwarzenegger Climate Initiative), како дел од кампањата за заштита на животната средина наречена „Pump for the ...
Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, размислува да се кандидира за претседател на ФИФА, објави „Л’Екип“. Според францускиот спортски медиум, 77-годишниот Французин, кој е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да му се спротивстави на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино. Венгер планира да донесе конечна одлука за својата кандидатура кон средината на следната недела. Изборите за претседател на Светската ...