Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два порази ...
Во Пекинг вторпат годинава се одржуваат Светските игри за хуманоидни роботи. Натпреварот се одвиваше во повеќе дисциплини, но финалињата во гимнастика и трката со пречки на 400 метри привлекоа големо внимание од публиката. Во гимнастичките дисциплини роботите ги демонстрираа своите способности изведувајќи скокови и салта со што ја покажаа флексибилноста, координацијата и контролата врз своите механички тела. Но, сепак најголем интерес ...
Популарната филмска франшиза „Национално богатство“ („National Treasure“), со Николас Кејџ во главната улога би можела да добие трето продолжение, изјави режисерот Џон Туртлтауб за „Холивуд репортер“. Според него, по филмовите „Национално богатство“ од 2004 година и „Национално богатство: Книга на тајните“ од 2007 година, третиот дел е навистина возможен. „Во првите два дела Кејџ го толкува историчарот и трагач по богатства Бен Гејтс кој се ...
Верстапен ќе заработува приближно 100 милиони долари годишно во Ред Бул. Според добро познатиот инсајдер Џо Сејвард, Макс Верстапен добива плата од приближно 100 милиони долари годишно според неговиот нов договор со Ред Бул, кој важи до 2030 година. Вклучувајќи ги бонусите, платата на Холанѓанецот би можела да достигне 120 милиони долари. Слични бројки претходно објави и друг новинар, Марк Лимаш: според него, Верстапен би можел да заработува ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон се извини за своите радио коментари за време на холандското Гран при изминатиот викенд во Зандворт. Британецот на социјалните мрежи, го сподели своето мислење за неговото четврто место. – Беше тежок викенд, но освоивме вредни поени за тимот – тоа покажува дека се движиме во вистинската насока. Неверојатно сум горд на сите во фабриката кои продолжуваат да работат на ажурирањата, бараат начини да го подобрат ...
Премиерлигашиот Астон вила е во преговори со Милан за трансфер на напаѓачот Рафаел Леао, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Според Ди Марцио, англискиот клуб активно работи на трансферот и разговара за финансиските услови со Милан. Заминувањето на 27-годишниот Португалец од италијанскиот клуб во моментов се смета за речиси сигурна работа. Се забележува дека самиот играч не е против промена на клубот. Леао е во Милан од 2019 година. Во овој ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо се приклучи на Тотенхем, објави прес-службата на лондонскиот клуб. Деталите од договорот на 22-годишниот Бразилец не се откриени. Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека трансферната сума ќе биде 87 милиони евра, без бонусите. Савињо дојде во Манчестер сити од Троа во летото 2024 година. Минатата сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции. ...
Фудбалерот на ПСЖ, Феран Торес, го коментираше своето деби за парискиот клуб во првото коло од Лига 1 (2:2) против Рен. -Многу сум среќен што дебитирав во овој дрес и што дадов придонес од самиот почеток. Сакавме да почнеме со победа, но ќе ја паметам реакцијата на тимот и поддршката од нашите навивачи, напиша спортистот на социјалните мрежи. Дваесет и шестгодишниот Шпанец влезе по паузата при резултат 0:2 и постигна два гола, помагајќи му на ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го испрати голманот Микеле Ди Грегорио на едногодишна позајмица во премиерлигашот Борнмут со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната. Позајмицата ќе го чини Борнмут 1,3 милиони евра, додека за да ја активира откупната клаузула англискиот клуб ќе треба да плати 12,7 милиони евра. Во последните две сезони, по пристигнувањето од Монца, 29-годишниот Ди Грегорио одигра вкупно 84 натпревари за ...
Почнаа спортските и културно-уметничките активности за одбележувањето на големиот празник „Успение на Пресвета Богородица“, Денот на рударите и Денот на нашиот град – Пробиштип, вели градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и додава дека е подготвена богата спортска, културна и музичка програма во која има по нешто за секоја генерација. -Во неделата, на 23 август се одржа турнирот во баскет, а во тек е турнирот во мал фудбал чие ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда. Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез. Полуфиналната борба е закажана за утре, ...
Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...
Данскиот производител на играчки „ЛЕГО“ во првите шест месеци од 2026 година остварил рекордни приходи од 41,9 милијарди дански круни (5,6 милијарди евра), што претставува раст од 21 отсто во однос на минатата година. Со тоа, добивката на компанијата пораснала за 22 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 10,9 милијарди дански круни, т.е приближно 1,46 милијарди евра, информираше „Си-ен-би-си (CNBC). – Многу сме задоволни од силниот почеток на ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар има нов играч во своите редови. Станува збор за Сирики Дијабате. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 23 години и настапува на позицијата централен дефанзивец. Дијабате е висок 192 сантиметри и ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Претходно се дозна дека стоперот на Вардар, Дарко Велковски ги напушти „црвено-црните“ прифаќајќи ја понудата од Ал-Калдија од Бахреин. ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија попладнево од Автомото сојузот на Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, што претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на ...
Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на ...
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска информираше дека Општината обезбедила бесплатно ранче и прибор за секое прваче. „Оваа учебна година во Ѓорче Петров ќе имаме 410 првачиња. Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување“, истакна Стојкоски. Тој посочи дека Општината ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави фотографии од нови спортски терени во средните училишта во Скопје. Тој наведе дека секој нов терен е дополнителен мотив да продолжиме уште посилно, затоа што нема поважна инвестиција од онаа во здравјето, развојот и иднината на младите. -Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност. Создаваме современи и безбедни услови што ќе ги поттикнат ...
Германски свештеник објави дека, по 37 години, се повлекува од службата во својата парохија, притоа откривајќи претходно тајна романтична врска со жена. -Причината е што ќе се женам“, изјави Андреас Унфрид на интернет-страницата на парохијата Света Урсула што се наоѓа во областа Таунус, близу Франкфурт, западна Германија. Тој го информирал бискупот Георг Бацинг од Лимбург за својата одлука – да се ожени со својата „голема љубов“ и да се ...
Официјалните музички топ-листи во Австралија веќе нема да можат да вклучуваат песни коишто се претежно или целосно создадени со вештачка интелигенција (ВИ), според новите правила и прописи објавени денеска, а што треба да стапат во сила в петок. Австралиската асоцијација на музичката индустрија (АРИА), којашто ги води музичките листи во земјата, побара снимките да бидат „во суштина направени од човечка рака“, па го измени својот Кодекс. ...
Новиот тренер на Челзи, Чаби Алонсо, се осврна на победата на гости синоќа против Фулам во 1. коло од англиската Премиер лига. Дефинитивно е многу добро чувство и знаете колку е тешко да се победи во кој било натпревар од Премиер лигата, во кој било натпревар на гости, но бевме подготвени за тежок натпревар. Мислев дека беше многу професионален, солиден настап, со зрелост. Добро се справивме со натпреварот. Поведовме доста рано, имавме ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...
Во духовното срце на Македонија, во Охрид – градот на Свети Климент Охридски, на писменоста, просветителството и вековната културна традиција – во рамките на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која се одржува во Конгресниот центар во Охрид, се одржа значајна средба меѓу ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, директорката на Меѓународниот ...
Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел ...
Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...