Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...
По 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче, со што од септември за децата ќе бидат обезбедени значително подобрени услови за престој. Како што стои во соопштението од Општина Аеродром, денеска, градоначалникот на Општината, Дејан Митески и претседателката на Советот Сузана Павовска, извршија увид во текот на градежните активности. – На горниот кат се врши ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите за подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат побезбедни и посовремени услови. Во рамките на реконструкцијата, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, поставени се речиси 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а ...
Рано утринава е извршен детален увид на теренот во село Бигла, Општина Делчево, каде што вчера избувна голем пожар. Уште од 5 часот наутро на терен биле присутни дежурни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“. Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. ...
Американската тенисерка Коко Гоф ноќеска ја победи сонародничката Џесика Пегула во финалниот натпревар од турнирот во Синсинати, САД со 6:2 и 6:4. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и двегодишната Гоф (рангирана на 4-то место во светот) сервираше еден ас, направи една двојна грешка и реализираше пет од шест брејк топки. Нејзината 32-годишна противничка (рангирана на 3. место во светот) не сервираше ниту еден ас, направи една двојна ...
Францускиот тенисер Артур Филс го победи Американецот Франсис Тијафо во финалниот натпревар на турнирот во Синсинати со 6:3, 1:6 и 6:0. Мечот траеше 1 час и 28 минути. Дваесет и двегодишниот Филс (рангиран 21. во светот) сервираше 11 аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки. Дваесет и осумгодишен Американец (23. на АТП ранг-листата) сервираше четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше две од шест ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, треба да се сети дека е Европеец, нарекувајќи го планот на неговиот колега од ФИФА за продажба на удел во Светското првенство „полош од Суперлигата“. – Верувам дека овој план е уште полош од планот за Суперлигата. Многу важни клубови сакаа да создадат своја лига, што е погрешно и би го уништило фудбалот. Но, во овој случај, фудбалот буквално би бил ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека водата за пиење во градот е безбедна и соодветна за употреба, согласно резултатите од редовните лабораториски испитувања. Во периодот од 17 до 21 август 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа, од вкупно 47 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати, сите испитани примероци одговараат на ...
Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамките на 59. меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид. На семинарот учествува и директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, кој се осврна на значењето на македонистиката и потребата од ...
Со филмот „Сведок“, на режисерот Митко Панов, на 1 септември почнува септемвриската програма на Кинотеката на Македонија, која соопшти дека програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, како и посебни програмски целини посветени на хрватскиот филм и на филмската и културната традиција. „Сведок“ на Панов е драма во која потрагата по ...
НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва ќе гостува на Бриони во Хрватска, каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театрите (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат ...
Центарот на Орландо меџик, Никола Вучевиќ, откри за кои клубови од Евролигата би сакал да игра доколку неговата НБА кариера не беше успешна. – Да не станев НБА играч, дефинитивно ќе играв за Црвена ѕвезда. Јас сум навивач на овој клуб, сите го знаат тоа. Друг клуб на кој отсекогаш сум му се восхитувал е Реал Мадрид, но ми се допаѓа и Олимпијакос. Реал Мадрид е кралски клуб и го сакам фудбалот. Не навивам за Реал, но имам огромна почит кон ...
Навивачите на Атлетико го исвиркуваа напаѓачот Хулијан Алварез за време на ремито 2:2 против Виљареал во второто коло од шпанската Ла Лига. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец влезе како замена во второто полувреме на дуелот во Мадрид. По натпреварот, Алварез не им се придружи на соиграчите во отпоздравувањето на навивачите за нивната поддршка и отиде директно во соблекувалната. Во летото, Алварез јавно ја објави својата желба да го напушти ...
Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Тој обезбеди најмалку сребро откако попладнево во слободен стил категоријата до 74 килограми го победи Јасин Јесил од Турција со 5:3 во полуфиналната борба. Во финалето Вејсели ќе се соочи со Ислам Дудаев од Албанија. Борбата за златото е закажана за утре во 18:40 часот. Post Views: 3 август 24, 2026 Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира ...
Реџеп Хајдари е вториот Македонец кој обезбеди медал на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Хајдари попладнево во категоријата до 97 килограми во полуфиналето го победи Французинот, Адијан Вишканов со 3:2. Во финалето Хајдари ќе се сретне со Даруен Куруглиев од Грција утревечер по 19 часот. Претходно и Фати Вејсели обезбеди финале. Тој ќе се бори за злато во категоријата до 74 килограми. Post Views: 1 август 24, 2026 Реџеп Хајдари е ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, предвреме ја заврши трката во Формула 1 попладнево во Зандворт за Големата награда на Холандија. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја изгуби контролата врз својот автомобил во вториот круг и удри во заштитната ограда. По инцидентот трката е привремено прекината за да се расчисти патеката. Самиот Верстапен веднаш по несреќата преку тимското радио го информираше својот тим дека не е повреден. Гран при на ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис победи на денешната трка во Формула 1 возена на патеката „Зандворт“ за Големата награда на Холандија. За 26-годишниот Британец ова е втора победа по ред во Ф1 шампионатот. Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, заврши втор, а неговиот клупски колега Џорџ Расел трет. Трката ја одбележа и излетувањето од патеката на Макс Верстапен од Ред Бул уште во вториот круг по што Холанѓанецот целосно го искрши болидот. ...
Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, ги сподели своите очекувања за сезоната 2026/27. – Минатата година беше тешка, морав да одам на операција и да бидам надвор од терените пет месеци. Мислам дека добро ја започнав минатата сезона, но беше многу тешко да се вратам во март кога сите други се во врвна форма. Се обидувам да му помогнам на тимот, се надевам на сезона без повреди и се надевам дека ќе можам да уживам во фудбалот. Играм 18 години ...
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, е длабоко вознемирен од развојот на настаните околу неговиот неуспешен трансфер, објавува „AS“. Според шпанскиот медиум, фудбалерот го известил клубот за својата намера да замине во март 2025 година. Како одговор, извршниот директор Мигел Анхел Жил Марин побарал понуда од 150 милиони евра. Понудата дошла од Реал Мадрид, која Аргентинецот исто така ја прифатил. Сепак, по ова, токму Марин го ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, коментираше за трансферот на играчот од средниот ред Родри од Манчестер сити во Барселона. Реал Мадрид исто така беше заинтересиран за 30-годишниот фудбалер, но Родри избра да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб, со кого потпиша договор до летото 2030 година. -Секој играч избира каде сака да биде. Тоа што тој избр адруг клуб е негова загуба, рече Куртоа во интервју за DAZN. Родри играше за ...
Манчестер сити постигна договор со Лил за трансфер на играчот од средниот ред Ајуб Бухади. Според инсајдерот Фабрис Хокинс, вкупната вредност на договорот, вклучувајќи ги и бонусите, ќе достигне 100 милиони евра. Осумнаесетгодишниот фудбалер се согласил на личните услови со клубот од Сити во јули и сега ќе се приклучи на тимот. Бухади е во Лил од јули 2023 година. Во сезоната 2025/26, тој имаше една асистенција на 42 натпревари. На Светското ...
Астон Вила попладнево претрпе убедлив пораз од 4:0 на гостувањето кај Брајтон во првото коло од Премиер лигата. Домаќините го отворија резултатот во 8. минута благодарение на автоголот на Виктор Линделоф. Десет минути подоцна, Максим Де Кајпер го дуплираше водството на Брајтон. Во 30. минута, Џек Хиншелвуд зголеми на 3:0, една минута подоцна истиот фудбалер ги постави конечните 4:0. На вториот од денешните три премиерлигашки средби, Манчестер ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Омар Мармуш, ќе ја продолжи својата кариера во Тотенхем, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, лондонскиот клуб го добија 27-годишниот Египќанец на позајмица со опција за откуп од 50 милиони фунти, што ќе стане задолжително под одредени услови. Мармуш се приклучи на Манчестер сити од Ајнтрахт Франкфурт во јануари 2025 година. Тој има одиграно 62 натпревари за „Граѓаните“, постигнато 16 гола и шест ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја објави реакцијата на поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ на неговата драстична промена на имиџот. Норвежанецот целосно ја скрати својата долга коса. – Што направи? Што по ѓаволите направи? О, Боже мој, што по ѓаволите е ова. Дали изгуби облог со некого? Блокирај ме и избриши го мојот број. Жена ми вели дека си луд. Дали сега ќе бидеш побрз или не? – рече Ибрахимовиќ во видеото, ...
До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума; Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ниска ...
„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на гражаните, бидејќи, како што рече, доволна е искра за вистинска катастрофа. -Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно веднаш ...
Сите расположливи ресурси се ангажирани во гаснењето и ставањето под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и припадници на Национални шуми. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед ...
Баерн Минхен синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во Суперкупот на Германија 2026. Натаниел Браун, новото засилување на Баерн, го отвори резултатот во 28. минута. Михаел Олисех беше асистент. Самиот Олисех го дуплираше водството на Баерн кон крајот на првото полувреме. Фабио Силва го постигна единствениот гол за Дортмунд во 75-та минута. Натпреварот се одигра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд пред 82 илади гледачи. Баерн го освои ...
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, се осврна на поразот (2:0) од Хал вчера на гостински првото коло од англиската Премиер лига. Истите грешки како минатата сезона – на секој гостувачки натпревар. Им даваме премногу посед на топката. Мислам дека на почетокот на натпреварот – во првите 20 минути – голманот на Хал имаше најмногу допири на топката. Траеше предолго – мислам дека треба да притискаме малку повеќе, ...
Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, ги искажа впечатоците по вчерашниот убедлив пораз (3:0) од Брентфорд во првото коло од Премиер лигата. – Сè уште не сме тим од многу причини. Ќе можеме да поставиме конкретни цели само кога ќе станеме вистински тим. И сè додека не бидеме тим, не можеме да зборуваме за тоа на што сме способни. Го сфатив ова по натпреварот против Хофенхајм. Тогаш реков дека не сме во состојбата во која треба да бидеме и ...