Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Василиса Володина нагласува дека покрај материјалната благосостојба, секој знак во хороскопот ќе се развива духовно и емотивно и ја нагласува важноста за рамнотежа помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа. Рускиот астролог Василиса Володина открива дека за еден хороскопски знак следните 20 години ќе бидат низа од непрекината среќа . Овој знак, според неа, го напушта минатото со сите негови грешки и неуспеси и влегува во ...
Некои луѓе како секогаш да знаат како да препознаат добра можност, да најдат дополнителен извор на приход или добро да се снајдат дури и кога нивната финансиска состојба не е идеална. Во астрологијата, овие особини често се поврзуваат со претприемачки дух, практичност и способност за носење рационални одлуки. Меѓу хороскопските знаци, се издвојуваат Бик, Јарец и Близнаци; иако на парите им пристапуваат на различни начини, сите тие постојано ...
Американската актерка, модел и продуцентка Кимари Џонсон, која нашата публиката најмногу ја памети по улогата во култната серија „Беверли Хилс 90210“, почина на 50-годишна возраст во Лос Анџелес. Тажната вест за медиумите ја потврди нејзината внука Ронда Скот, откривајќи дека Џонсон на 27 октомври ненадејно доживеала тежок срцев удар во својот дом. Таа веднаш била хоспитализирана во болницата „Сидарс-Синај“, каде што лекарите ѝ ...
Дежурните доктори се среќаваат со секакви ситуации, но ова што го доживеале овие доктори дефинитивно ги оставило шокирани. Роџер Голдбер и неговата колешка се се уште во шок од една пациентка на која и се заглавил вибратор на дефинитивно најбизарното место каде може да се заглави. Жена чиј идентитет не се открива дошла во болница со ужасни болки во стомакот. Откако лекарите сфатиле за што станува збор, останале шокирани. Иaко жената мислела ...
Ива Михаилова, која избега во Бугарија кога требаше да ѝ се суди за смртта на човек кого го прегазила со автомобил, а во Софија се жали дека била дискриминирана поради тоа што имала изваден бугарски пасош, сега тврди дека нејзината баба, Илинка Кушовска, била „киднапирана“ на граничниот премин „Делчево“, кога се обидувала да влезе во Македонија, пишуваат бугарските медиуми. Михајлова тврди дека баба ѝ повеќе од седум часа била недостапна, ...
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 20:17 часот на територијата на Црна Гора. Според достапните податоци, епицентарот се наоѓал на 75 километри северозападно од Подгорица, односно на 26 километри југоисточно од Гацко во Босна и Херцеговина. Потресот бил почувствуван на повеќе локации низ Црна Гора и Босна и Херцеговина, при што граѓаните ги споделувале своите искуства за тресењето на веб-страница за ...
Во Загреб, на 90-годишна возраст, почина истакнатата новинарка, ликовна критичарка и историчарка на уметноста Елена Цветкова, која остави значаен белег во хрватскиот културен живот во втората половина на 20 век. Веста за нејзината смрт ја соопшти Друштвото на историчари на уметноста на Хрватска, од каде што истакнаа дека Цветкова имала исклучителен придонес во афирмацијата на современата уметност и во приближувањето на уметничките случувања ...
Почитувани, иако официјалната сезонска метео анализа околу тоа каква зима ја очекува Македонија ќе ја објавам во декември, сепак поради тоа што уште од летото постојано се шират вести и анализи за зимата која ни претстои. Едни анализи кажуваат дека ќе има снег, други анализи кажуваат дека ќе биде без снег и топла претстојната зима. Сепак јас решив еве на кратко да опишам и да дадам една кратка сезонска метео анализа во јавноста за тоа каква ...
Работниците во Македонија кои примаат минимална плата следното редовно законско усогласување треба да го очекуваат во март 2027 година. Според важечкиот механизам, новиот износ се утврдува врз основа на економските показатели од претходната година, а зголемената плата треба да биде исплатена во април, со исплатата за месец март. Во моментов минималната нето-плата изнесува 26.046 денари, додека минималната бруто-плата е 38.507 денари. ...
IN MEMORIAM Јасмина Атанасоска – одделенски наставник Со неизмерна тага се простуваме од нашата драга колешка Јасмина Атанасоска, која прерано нè напушти, оставајќи зад себе болка и празнина во нашето училишно семејство. Како наставник, таа беше дел од светот на децата, од нивните први училишни чекори, од нивните знаења, радости и спомени. Зад себе остави трага во училишните клупи, во срцата на учениците и во сеќавањата на сите нас кои имавме ...
Битолската полиција во два наврати за само три дена го фатила 29-годишниот битолчанец Х. Ј. како управува автомобил под дејство на алкохол, при што вториот пат му биле измерени дури 3,50 промили алкохол во крвта. Првиот пат, на 7 ноември, алкотестот покажал 3,23 промили, а на 9 ноември вредноста била уште повисока. По повторното приведување, на возачот му е одреден осумдневен притвор. Според информациите од СВР Битола, на 7 ноември во 21:30 ...
34-годишен маж од струмичко се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село. СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднело кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село. Тој се сомничи дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село. Полицијата соопшти дека тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил ...
Синдикатот за градежништво поднесе кривична пријава против директорот на ЈП „Национални шуми“, Здравко Трајанов, откако вработени се пожалиле дека за регрес за годишен одмор им било понудено огревно дрво наместо пари. Синдикатот соопшти дека пријавата ја доставил на 10 ноември до надлежното Основно јавно обвинителство. Во пријавата синдикатот наведува сомнежи за злоупотреба на службената положба и повреда на правата од работен однос. Од ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за мерката 2.14 – поддршка за регистрирано презимено пчелно семејство, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Вкупно 5.716 пчелари добија финансиска поддршка, а на нивните сметки се исплатени 156.676.536 денари. Со оваа исплата продолжува реализацијата на мерките за финансиска поддршка на земјоделските ...
МВР планира да постави камери за мерење брзина во полициските возила, кои ќе можат да ги детектираат сообраќајните прекршоци и во движење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека, покрај фиксните камери, полицијата ќе користи и мобилни уреди, кои ќе се поставуваат на различни локации, особено на критичните сообраќајни точки. Причината за ваквата одлука е што возачите веќе ги учат локациите на постојните камери, ја ...
Граѓаните кои скенираа фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ во периодот јули–септември го очекуваат повратот на дел од платениот ДДВ, кој според објавените информации треба да биде исплатен најдоцна до 30 ноември 2026 година. Станува збор за повратот за третото тримесечје од годината, односно за фискалните сметки скенирани во текот на јули, август и септември. Исплатата се врши на трансакциските сметки на корисниците, а висината на ...
Најмалку 10 лица загинале во верижните сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, дознава бугарскиот весник „24 часа“. Лекарските екипи во болниците во Јамбол и Бургас се борат за животите на уште неколкумина тешко повредени. Во моментов, три амбулантни возила од болницата „Срце и мозок“ во Бургас се упатуваат кон местото на несреќата. Во едно од нив се наоѓа и поранешниот директор на болницата „Пирогов“, проф. Асен Балтов, заедно со тим ...
Најмалку седум лица го загубиле животот, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во близина на градот Јамбол. Во серијата верижни судири учествувале повеќе од 50 возила, меѓу кои патнички автомобили, камиони и цистерни. Несреќите се случиле во вторникот наутро, на потегот меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, при густа магла и исклучително лоша видливост. Поради големиот број судири, ...
ПОПУЛАРНИОТ британски телевизиски водител и мајстор за градежништво, Томи Волш, почина во 69. година од животот по долготрајна и тешка борба со болеста. Тажната вест за неговото заминување ја потврди неговата агентка Деби Шисер, која истакна дека водителот починал мирно, во кругот на своето најблиско семејство, кое апелираше јавноста и медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овие тешки моменти. Првичната вест за неговото заминување ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...
Добри вести пристигнуваат за пензионерите во Швајцарија, кои во декември годинава првпат ќе добијат 13. пензија, како дополнителна финансиска поддршка покрај редовните месечни примања. Оваа мерка беше изгласана на референдум во март 2024 година, кога 58,2 проценти од гласачите го поддржаа воведувањето дополнителна годишна пензија. Според швајцарските институции, првата исплата ќе биде реализирана во декември 2026 година, а дополнителната ...
Баба Ванѓа, познатата бугарска пророчица која почина во 1996 година, и денес останува една од најмистериозните личности кога станува збор за наводните предвидувања за иднината. На интернет редовно се појавуваат списоци со тврдења дека таа претскажала големи светски настани, природни катастрофи, политички пресврти и технолошки промени. Со приближувањето на 2027 година, повторно се појавуваат наводни предвидувања кои ѝ се припишуваат на Ванѓа. ...
Првата исплата би требало да биде во декември, но се уште е отворено прашањето околу финансиите Швајцарските пензионери наскоро за прв пат ќе ја добијат својата 13-та пензија, откако граѓаните на референдумот во март 2024 година ја поддржаа оваа мерка со 58,2 отсто од гласовите. Првата исплата од швајцарскиот систем за старосно и семејно осигурување (AHV) е закажана за 1 декември 2026 година. Сепак, прашањето за начинот на финансирање на оваа ...
Првите утрински мразови веќе викендов, а значително заладување и можни снежни врнежи кон крајот на ноември. Долгорочните временски прогнози најавуваат променлив месец, со периоди на сончево и релативно топло време, но и со постепено навлегување во зимски услови. Првото заладување се очекува веќе во сабота и недела, кога утринските температури во делови од Македонија ќе се спуштат под нулата. Во Скопје се прогнозираат минимални температури до ...
Инспекцискиот надзор во Центарот за социјална работа во Гевгелија не утврдил пропусти во постапувањето во случајот со 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, соопштија од надлежното министерство. Според наодите на инспекторите, установата постапувала целосно согласно законите и преземала соодветни мерки за нејзина заштита. Центарот бил известен од страна на МВР на 2 октомври за настан кој се случил на 30 септември. Истиот ден социјалните ...
Познат е официјалниот распоред на неработните денови во Македонија за 2027 година. Според Програмата на неработни денови, подготвена во согласност со Законот за празниците, граѓаните ќе имаат 11 празнични датуми што се неработни за сите, а дополнителни денови се предвидени за припадниците на различните верски и етнички заедници. Распоредот покажува дека пет од општите неработни денови ќе овозможат продолжен викенд за вработените што не ...
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северот на Перу, соопштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според информациите, потресот бил регистриран на длабочина од 35 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северот на Перу, соопштија од Европско-медитеранскиот ...
Цените на нафтените деривати бележат значително намалување откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поевтинување во просек за 7,51 проценти во однос на последните утврдени цени од 2 ноември. Според новоутврдените цени, бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар. Новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката 88 денари за литар. Дизелот ќе биде поевтин за 5,5 денари и ќе се продава ...
Ф.С. (37) од Тетово бил донесен без знаци на живот на Интерното одделение во тетовската Клиничка болница. Од болницата го пријавиле случајот во СВР Тетово на 8 ноември во 16:35 часот. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Судска медицина за обдукција. Ф.С. (37) од Тетово бил донесен без знаци на живот на Интерното одделение во тетовската Клиничка ...
Суровата нафта Брент падна на околу 96 долари за барел, додека европските берзански индекси утринава забележаа благ раст предводен од банкарскиот и рударскиот сектор. Според берзанските податоци, нафтата Брент падна за 1,72 проценти и се тргува по цена од 96,628 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта WTI забележа пад од 1,21 процент на 89,707 долари. Европските фјучерси за гас за декември на отворањето на берзата Амстердам ...