Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари официјална средба со нејзиниот колега од Република Словачка, Ладислав Каменицки. Двајцата министри на средбата разменија мислења за низа прашања од заеднички интерес и оценија дека има широк потенцијал за понтамошно унапредување на соработката. „Денеска остваривме многу плодна и суштинска средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, на ...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за првпат се одржа заеднички состанок со Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО – формат што обезбедува побрза, поефикасна координација во функционирањето на преносниот систем. Министерката Сања Божиновска порача дека редовна координација е неопходна бидејќи МЕПСО како еден од клучните столбови за енергетската сигурност на државата мора да работи беспрекорно, со стабилна динамика на ...
На 18 декември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 12 декември 2025 година (петок). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и ...
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија. Ова се конкретните придобивки, договорени со Меморандумот за соработка, што денеска го потпишаа директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. „Безбедноста на храната ...
Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера го одржа своето 25-то Генерално собрание, прославувајќи значаен јубилеј – четврт век работа во поддршка на развојот на домашната економија, подобрување на деловното опкружување и јакнење на партнерствата со институциите и регионалната бизнис заедница. Настанот го отвори извршната директорка на АмЧам, Јелена Арсовска која испрати јасна порака за зрелоста и позицијата на АмЧам ...
4 декември 2025 – Париз – Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] Од своите почетоци во 1926 година како мала, креативна агенција на Монтмартр, до својата меѓународна експанзија, преку прифаќање и имплементација на податоци и технологии, до денешната позиција на водечка Групација во индустријата, Publicis помина низ повеќе трансформации во изминативе 100 години. Но, една традиција не се промени: годишните желби. А за да се најави ...
А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат. Дополнителните гигабајти може да се разменат за буџет за нов уред, роаминг пакети или за премиум стриминг услуги, во согласност со индивидуалните потреби на секој корисник. Замената се врши директно преку мобилната апликација „Мојот А1“ и ...
Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од Пивара Скопје. Акцијата беше реализирана во партнерство со Општина Гази Баба, а волонтери од Пивара Скопје активно учествуваа во садењето, покажувајќи дека заедничкото делување носи вистински промени. „Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри ...
Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања. Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2025 година изнесува 2.02 %, а најголем број слободни работни места, 2 052, има во деветтата група занимања: Елементарни занимања. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.53 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.69 % има секторот Објекти ...
Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за основните и средните училишта, којшто Народната банка го организира во соработка со Министерството за финансии по повод Светскиот ден на штедењето. На настанот се обрати гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски. Гувернерот Славески, во своето ...
Следејќи ја определбата за унапредување на фармацевтската наука и професија, „Реплек“, во годината во која го одбележува својот 80-годишен јубилеј, донираше 1.000.000 денари за обнова на Фармакоинформативниот центар на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје. Средствата ќе бидат наменети за реконструкција и модернизација на компјутерската училница на факултетот во којa е сместен и Националниот фармакоинформативен центар, со што „Реплек“ ја ...
Кој треба да пријави приход од странство? Управата за јавни приходи ги информира физичките лица – резиденти на Република Северна Македонија кои остваруваат доход од странство кој подлежи на оданочување согласно одредбите од Законот за данокот на личен доход (ЗДЛД), дека имаат обврска истиот да го пријават преку системот е-Даночни услуги на Управата за јавни приходи со поднесување на аконтативна пресметка (е-ПДД) до 10-ти во месецот за доходот ...
Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. Проверките се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, велат од МТСП. Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување ...
Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони ...
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата ...
Водејќи се од својата долгорочна определба кон одржливи решенија и унапредување на квалитетот на живот во заедницата, ОКТА реализираше нова донација во областа на обновливите извори на енергија. На покривот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром денеска беше пуштена во употреба фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 19.680 kWp, која годишно ќе произведува околу 26.6 MWh зелена енергија. Преку функционирањето на оваа ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,220%, кај дизелот за ...
Најновите практики во циркуларната економија и напредните системи за управување со отпад беа во фокусот на посетата на Неговата Екселенција Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во земјава. ТИТАН Усје е еден од пионерите во земјава во примена на принципите на циркуларната економија и континуирано инвестира во нејзино унапредување. Амбасадорот Зомер имаше прилика да се информира и за процесите за декарбонизација, како и за активностите што ...
Државниот пазарен инспекторат во пресрет на претстојните празници и зголемен број прослави ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угоситителските објекти со цел спречување на одредени нерегуларности во работењето и заштита на присутните гости, соопштија од ДЗИ. – Апелираме до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на нивното работење особено во делот на дозволениот број на гости, ...
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан, велат од УЈП. Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот ...
Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува ...
„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА информативниот центар е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите ...
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава. Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година. Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со ...
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во третиот квартал на годината остварија квартално и годишно зголемување од 5,1% и 19,0%, соодветно, главно како резултат зголемените средства на пензиските фондови, при дополнителен придонес и на повисоките средства на осигурителните друштва и инвестициски фондови. Позитивни движења се остварени и кај останатите потсектори. Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на ...
„Џонсон Мети“ оствари силни резултати во првата половина од финансиската година (шесте месеци што завршија на 30ти септември 2025 година), што го одразува влијанието на трансформацијата во поекономичен и пофокусиран бизнис што генерира готовина. Про-форма основната оперативна добивка (без „Catalyst Technologies“ и „Value Businesses“) е зголемена за 38% по константна валута, а остварена е маржа од 12,4% во „Clean Air“, што е зголемување од 200 ...
Драги пензионери, Пензиите за ноември се веќе достапни, соопшти Халк Банка на својот фејсбук профил. Од денес (27.11.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Важни се луѓето, потенцираат од оваа општествено одговорна банка – Халкбанк АД ...
Black Friday одамна не е она што беше – ден на големи попусти, редици пред продавници и купувачка еуфорија. Годинава, наместо празнична „шопинг треска“, граѓаните најавуваат многу потивок, домашен Black Friday – “во кругот на семејството”, со пресметан буџет и внимателен однос кон секоја потрошена денарка. Економската реалност, инфлацијата и високите цени оставија силен белег врз навиките на потрошувачите, а довербата во вистинските попусти е ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со ...