На Економскиот факултет во Скопје се одржа првиот заеднички стручен симпозиум во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Здружението на внатрешни ревизори на РС Македонија. Настанот собра над 500 учесници, професионалци од сметководствената и ревизорската фела, како и експерти од академската заедница, институциите и студентите, ставајќи силен фокус на актуелните професионални и етички предизвици со кои ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари. Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога ...

Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, ја отвора една од најрелевантните теми за ...

Понекогаш човек знае точно што сака да направи, да вложи во нешто важно, да го олесни секојдневието, да поддржи нечија идеја или да создаде поголема удобност во својот дом. Но, исто така знае дека најтешко е да се најде финансиско решение што е стабилно, предвидливо и фер. Во вакви моменти, вистинска разлика прават понудите што носат јасни правила, фиксни услови и чувство на сигурност. Токму таква е понудата со сет поволности за Промо ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. На овој начин, ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажната цена на ...

На сметките на граѓаните, Мој ДДВ ќе биде исплатено од крајот на месецов, согласно Законот, кој предвидува исплатата на средствата од повраток на данок за скенираните сметки преку апликацијата “Мој ДДВ” да се изврши во рок од шеесет дена од завршувањето на дадениот квартал, објави Centar.mk. Па така конечниот рок согласно Законот за исплата на средствата од третиот квартал (јули,август септември) е 30-ти ноември 2025. Граѓаните кои имаат проблем ...

За сите граѓани останува уште еден неработен ден, а тоа е 8-ми декември денот на Свети Климент Охридски, пишува Centar.mk. Овој пат Свети Климент се паѓа во понеделник, што значи дека тој викенд ќе биде продолжен и ќе може да се искористи за некое предновогодишно патување. Инаку властите ги објавија и неработните денови во 2026-та година, па така ова се сите празници следната година: Согласно со Законот за празниците на Република Македонија ...

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2025 година изнесува 68 392 денари, соопшти Државниот Завод за статистика. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15.1 %, Дејности на здравствена ...

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во третото тримесечје од 2025 година е зголемено за 25.7% во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти ДЗС. Во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 948 илјади, во градско-приградскиот превоз 7884 илјади, во железничкиот превоз 35 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 20.11.2025 која се применува од ...

Во третото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 8 832 илјади и е намален за 6.4 % во однос на третото тримесечје од 2024 година информира ДЗС, и тоа: • во градскиот превоз е намален за 4.6 %, • во приградскиот превоз е намален за 7.8 %, • во меѓуградскиот превоз е намален за 8.6 %, • во меѓународниот превоз е намален за 12.5 %. Вкупниот број на патничките километри е 292 038 илјади и ...

A1 Македонија, во соработка со GG.MK, со гордост го најавува најочекуваниот и најголем е-спорт настан во земјата A1 Game Fest 2025 powered by Neptun. Најголемиот е-спорт настан во Македонија ќе донесе нови игри, епски дуели, вредни награди и адреналин што нема да запре. Настанот ќе се одржи на 22 и 23 ноември во „Ист гејт мол“ во Скопје, каде што гејмерите, косплеерите и сите љубители на дигиталната забава ќе имаат шанса да уживаат во финалето ...

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски. Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети сите договорни обврски поврзани со преносот на уделите, со што е официјално ...

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата Imlek работи и Бимилк, како еден од клучните и најсовремени регионални капацитети во оваа групација. Бимилк останува составен дел од Imlek и продолжува да работи непроменето, согласно највисоките стандарди за квалитет. За купопродажбата постигнато е финансиско и оперативно согласување со кое ...

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ. Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега. ...

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој. На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски, член на УО на ГД „Гранит“ АД Скопје. Изборот претставува признание ...

Народната банка и Фондот за зелен развој (GGF − Green for Growth Fund) организираат Конференција за климатските ризици и финансиската стабилност, којашто ќе се одржи на 25 ноември во Скопје. Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на дијалогот и поддршка на финансискиот сектор во приспособувањето на економијата кон зголемените климатски предизвици. На Конференцијата под наслов „Климатските ризици и финансиската стабилност: ...

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места. Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ произлегува од реформската агенда ...

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот беше презентиран и Извештајот за работа на МЕМО за тековната година. На расправата присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за ...

– Во пресрет на новогодишните празници, период кога сите сакаме да бидеме поблиску до семејството и пријателите и да споделуваме повеќе моменти, А1 Македонија со огромно задоволство ја претставува својата најнова препејд понуда со која корисниците добиваат уште повеќе интернет и тоа дома и во роаминг. Со најновата понуда корисниците добиваат неверојатни 66 GB мобилен интернет, од кои 60 GB за користење во земјата и дополнителни 6 GB за земјите ...

Во 2026 година македонските граѓани ќе можат да уживаат во значително повеќе продолжени викенди отколку во 2025 година, благодарение на раскошниот календар на државни и верски празници кои, според Законот за празниците на Република Македонија, се водат како официјално неработни денови. Дел од нив се паѓаат непосредно пред или по викенд, што создава дополнителни денови за одмор, патувања, релаксација и семејни собири, пишува centar.mk. Новата ...

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година изнесува 139 342 м3 и во однос на третото тримесечје од 2024 година е намалено за 4.3 %, соопшти ДЗС. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 145 162 м3 и бележи ...

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот, соопшти ДЗС. Во делот инпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.5 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.9 %. Во делот ...

Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија. Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења ...

Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, на еден од најпрестижните регионални настани посветени на ...

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) одржа обемни и многу продуктивни средби со претставници од амбасадите на Швајцарија,Грција,Н.Р Кина,Израел и Н.Р Бангладеш, фокусирана на проширување на економската соработка и генерирање свежи идеи за развој меѓу македонската бизнис-заедница и земјите-партнери. Овие состаноци послужи ја како важна платформа за продлабочување на дипломатско-економските врски и истражување на нови можности за ...

Сертификациската компанија INTERCERT официјално го врачи сертификатот за ISO 9001:2015 на Управата за јавни приходи (УЈП). Со ова признание се потврдува усогласеноста на институцијата со највисоките меѓународни стандарди за управување со квалитет и се зајакнува позицијата на УЈП како современа и ефикасна институција во служба на граѓаните и деловната заедница. Сертификатот го прими директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, која истакна дека ...

Field Service Management е чекор понатаму во дигиталната трансформација и нуди поголема ефикасност и контрола на дистрибутивната мрежа. Скопје, 14.11.2025 – Електродистрибуција продолжува со инвестиции во дигитализација и автоматизација на дистрибутивната мрежа преку имплементација на платформата Field Service Management (FSM), што им овозможува на електромонтерите да ги примаат работните налози директно во дигитална форма. За имплементација на ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
93%
1022
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.34
88%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
74%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
58%
1018
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
66%
1018
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
71%
1020
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Бакар

11.07

Родиум

258813.51

Сребро

2159.01

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Платина

64479.52

Калај

43.93