Еден век истражување, собирање и зачувување на природното богатство на Македонија одбележува Природонаучниот музеј во Скопје, една од најзначајните научни и културни институции во земјата. Јубилејот се одбележува денес, 26 октомври, со свечена академија посветена на стогодишното постоење на институцијата. Основан во 1926 година, музејот низ децениите прераснал во важен центар за проучување на животинскиот и растителниот свет, геолошкото ...

Од денеска, 4 ноември 2026 година, во Македонија започнува период на постабилно и претежно суво време, но за време на претстојниот викенд се очекува значително заладување во утринските часови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури во одделни делови од земјата ќе се спуштат под нулата. Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а максималната дневна температура ќе достигне до 37 Целзиусови степени. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина ќе има услови за локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската минимална температура ќе се спушти до 19 степени, додека во најтоплиот дел од денот се очекуваат до 37 степени. ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...

Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на денот, ...

Астрономите ја открија најбрзата ѕвезда досега забележана во Млечниот Пат, која во еден момент од својата орбита достигнува брзина од околу 25.000 километри во секунда. Ѕвездата, означена како S301, орбитира околу супермасивната црна дупка Sagittarius A* во центарот на нашата галаксија. Откритието е резултат на работата на меѓународната научна соработка GRAVITY, а истражувањето е објавено во научното списание Nature. Набљудувањата се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...

Кинески хуманоиден робот истрчал сто метри за 9,32 секунди, со што го надмина светскиот рекорд на легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт, објави денеска кинеската државна телевизија. Роботот „Лајтнинг“ изработен од кинеската компанија „Хонор“, постигнал максимална брзина од 14,5 метри во секунда за време на подготвителна трка пред почетокот на вторите Светски игри на хуманоидни роботи што од денеска се одржуваат во Пекинг. Неговиот ...

УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени. временска прогноза топ5 УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков информираа за моменталната состојба по големиот пожар кој околу пладне избувна во струмичко. Видео плејер 00:00 00:50 -Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е сопрен пред првите куќи и дворови во Водоча, изјави Ангелов. На помош се пристигнати и противпожарни екипи од Валандоно и Радовиш, а интервенира и ...

Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Биткоинот најде одредено олеснување по месеци притисок за продажба. Криптовалутата скокна за речиси 6 проценти на повеќе од 69.000 долари, враќајќи се на ниво што не го достигнала од почетокот на јуни. Скокот се случи веднаш откако Министерството за финансии изјави дека ќе ги удвои купувањата на постари, долгорочни државни обврзници. „Пазарот го протолкува ова како тивка форма на квантитативно олеснување, потег што го ослабува доларот и ги ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...

Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година. Експертите предупредуваат дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. – ...

Моќниот климатски феномен Ел Нињо продолжува да се засилува, а најновите прогнози укажуваат дека во текот на есента и зимата 2026/2027 може да прерасне во исклучително силен настан, со потенцијално значително влијание врз временските услови во различни делови од светот. Американскиот Climate Prediction Center (CPC) при Националната метеоролошка служба на САД во најновиот извештај од 13 август наведува дека постои повеќе од 90 проценти ...

Новиот филмски спектакл „Одисеја“ на Кристофер Нолан, снимен според епот на Хомер, пристигна во кината во Кина во момент кога Холивуд со години се соочува со намалено влијание на најголемиот азиски филмски пазар. Првите показатели, сепак, се охрабрувачки. Филмот започна да се прикажува на повеќе од 20.000 киноекрани низ континентална Кина, вклучувајќи околу 90 проценти од IMAX-салите во земјата. Дел од претпремиерните IMAX-проекции беа ...

Американската актерка Хајден Панетиер, позната по улогите во популарните серии „Heroes“ и „Nashville“, почина на 36-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди семејството преку нејзиниот публицист, додека причината за смртта засега не е објавена и се истражува. Панетиер стекна светска слава со улогата на Клер Бенет во серијата „Heroes“, каде го играше ликот на средношколка со способност за брза регенерација. Серијата започна да се ...

Вулканот Етна повторно покажува засилена експлозивна активност, поради што денес се воведени нови ограничувања во воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија. Поради новото исфрлање вулканска пепел, дел од воздушниот простор околу аеродромот е затворен, а до 14 часот е дозволено слетување на најмногу пет авиони на час. Летовите што полетуваат од Катанија засега не се опфатени со ограничувањата. Аеродромските власти најавија дека ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата. Конгоанскиот Институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на 4.945, вклучително и 101 нов случај регистриран во последните 24 часа. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја ...

Зад проектот стојат Домагoj Ткалчец и неговата сопруга Анамарија Поповачки Ткалчец, кои во Дуга Реса развиваат производство базирано на лиофилизација – технологија позната и како сушење со замрзнување. Во нивниот производствен простор доминираат големи машини од нерѓосувачки челик кои на прв поглед потсетуваат на огромни машини за перење. Но, зад нивниот едноставен изглед се крие процес кој веќе со децении се користи во фармацевтската, ...

Тежок грабеж го потресе италијанскиот културен свет откако крадци успеале да влезат во изложбените простории на регионалниот музеј MuMe во Месина и да украдат вредни дела поврзани со ренесансниот мајстор Антонело да Месина. Според првичните информации, сторителите успеале да ги заобиколат алармните системи и другите безбедносни мерки и да стигнат до делот од музејот во кој биле изложени некои од неговите најзначајни експонати. Директорката на ...

Идејата за личен летачки автомобил сè повеќе се приближува до реалноста. Компанијата Jetson го разви Jetson ONE, целосно електрично летало за едно лице кое вертикално полетува и слетува, а производителот го претставува како нов концепт за лично воздушно движење. Jetson ONE може да остане во воздух приближно 20 минути, додека максималната брзина е софтверски ограничена на 102 километри на час. Леталото се управува преку четириосен џојстик, а ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54