Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
ФОТО: ПУМА Патиките одамна престанаа да бидат само завршен детаљ на стајлингот, а новите модели сè повеќе изгледаат како да пристигнале директно од иднината. „Puma“ и лондонскиот бренд „J.L-A.L“, зад кој стои дизајнерот Жан-Лук Амбриџ Лавел, го претставија својот најнов заеднички модел на патики. Новата силуета, наречена „CELL GEO 1 CAGE J.L-A.L“, претставува еволуција на нивната претходна соработка „CELL GEO“, која беше целосно распродадена. ...
ФОТО: ПРОФИМЕДИА Замастениот црн дроб може долго време да остане целосно незабележан. Во раните и средните фази честопати нема јасни симптоми, поради што многу луѓе и не знаат дека ја имаат оваа состојба. Иако во повеќето случаи таа не мора нужно да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб, нејзиното присуство може да укажува на метаболички проблеми и зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, често се поставува прашањето дали ...
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Јамин Јамал, постигна два гола против Рајо Ваљекано синоќа во домашен натпревар во 3. коло од шпанската Ла Лига. Неговиот гол во 21. минута беше неговиот 50-ти за „блауграната“ во сите натпреварувања. Јамал на 19 години и 49 дена стана најмладиот играч од кој било тим во петте најдобри европски лиги што достигнал 50 гола од сезоната 2014/15. Во Барселона, Јамал е од јули 2023 година, а неговиот договор ...
Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот шампион на турнирот во САД. Во големото финале, тој го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон со 3:1 во сетови (6:3, 7:6, 5:7, 6:2). Ова е прва гренд-слем титула за Германецот на „Флашинг Медоус“ и вкупно втора во неговата кариера. Интересно е што до двете титули стигна оваа година, бидејќи неодамна триумфираше и на „Ролан Гарос“. На тој начин, донекаде неочекувано, тој стана најуспешниот тенисер ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра 1:1 против Црна Гора во Битола, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. За новиот селектор Александар Таневски ова беше официјално деби на клупата на младата селекцијата. Македонските фудбалери првиот удар во рамките на голот го упатија во 40. минута, кога Николовски шутираше од далечина, но Миниќ без проблеми интервенираше. Само минута подоцна, голманот ...
Португалската фудбалска федерација го суспендираше својот играч Кристијано Роналдо на 30 дена и го казни со 255 евра, поради напуштање на националниот тим за време на неодамнешните обврски и натпревари во Лигата на нации. Дисциплинскиот совет одлучи да го оцени извештајот како целосно основан и соодветно го прогласи обвинетиот Кристијан Роналд дос Сантос Авеиро за одговорен за сторување дисциплински прекршок казнив според првиот став од член ...
Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата. Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против З.М. (34) и А.Т.Г. (30), двајцата од општина Ново Село, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Според информациите од МВР, двајцата претходно се договориле да одгледуваат канабис на скриена парцела во местото „Матник“, во атарот на селото Секирник. ...
102 возачи биле казнети во Скопје поради пребрзо возење во текот на вчерашниот ден, при сообраќајна контрола што ја спровела полицијата. Контролата била спроведена на 12 октомври, во периодот од 6 до 22 часот. Покрај санкциите за брзо возење, полицајците изрекле уште 26 мерки за други сообраќајни прекршоци. Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, а апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ...
Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година 14 учесници го трчаат 19-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот го почнаа 13 маратонци, а уште еден ќе им се придружи во Македонија. Низ ...
Вечерва почнува 83. Меѓународен филмски фестивал во Венеција („Мостра“) – со 21 филм во конкуренција за главната награда – „Златен лав“, и ќе трае до 12 септември. Фестивалот ќе го отвори филмот во трка за главната награда – „Ink“ (Мастило) од режисерот Дени Бојл. Станува збор за приказната за медиумскиот могул Руперт Мардок и неговото преземање на весникот „Сан“. Главната улога на Мардок ја игра Гај Пирс. На 83-то издание на „Мостра“ ќе ...
Познатата канадска пејачка Селин Дион го одржа својот прв концерт по шестгодишно отсуство поради ретка и многу опасна болест, на големо задоволство на нејзината бројна публика. Публиката, во која имаше и француски актери и познати личности, ја поздрави славната пејачка со овации и стоечки аплауз, како што пренесоа речиси сите француски медиуми. „Сакам да кажам дека сум добро. Научив да живеам со кревкоста. Живеам со неа, ја скротив и одлучив ...
.Њујорк тајмс“ објави листа на 100 најдобри телевизиски серии на 21 век. Иако векот не е ни на половина пат, продукцијата, особено во последните 15 години и со појавата на стриминг услугите, понуди исклучително голем број наслови. Критериуми како што се критичките рецензии, гледаноста и културното влијание се земаат предвид при составувањето на таква листа. „Њујорк тајмс“ на листата вклучи само серии што почнале да се емитуваат во 21 век, што ...
Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, денеска во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика ...
Сите анализирани примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 13 до 16 октомври зел вкупно 320 примероци вода од 47 мерни места во градот. Од нив, 160 примероци биле наменети за физичко-хемиска, а 160 за микробиолошка анализа. Според добиените резултати, сите примероци ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со засилените инспекциски контроли на зелените пазари, насочени кон сузбивање на нелегалната продажба на овошје и зеленчук и прометот со храна што се продава во несоодветни услови и без познато потекло. Во текот на минатата недела, при контролите на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во Ѓорче Петров, биле запленети и уништени над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и ...
УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија. Според мерењата, овој понеделник, 19.10.2026, најстудено е во Берово со само еден степен. Со три степени и Битола и Лазарополе се меѓу најстудените места утринава во земјава. Од друга страна, со 14 степени, Гевгелија утрово е најтоплиот град во Македонија. Според мерењата во осум часот, во Скопје било само 6 степени. Денешниот ден во земјава ќе донесе претежно стабилно и ...
Денеска нè очекува претежно сончево и топло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе бидат во вистински пролетен дух. Минималните температури ќе се движат од 0 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а ...
Во недела, на 25 октомври, започнува зимското сметање на времето, па стрелките на часовникот во 03:00 часот ќе се поместат еден час наназад, односно на 02:00 часот. Тоа значи дека ќе добиеме дополнителен час за спиење. Промената ќе им овозможи на граѓаните да спијат еден час подолго во ноќта меѓу сабота и недела, но воедно ќе донесе и порано стемнување во попладневните часови. Според актуелниот распоред, летното сметање на времето во 2027 ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Во периодот од 19 до 22 октомври 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал вкупно159 примероци за физичко-хемиска и уште 159 примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 44 мерни места на територијата на градот Скопје, со цел да се проверат квалитетот и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен односно над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер ...
УХМР ги измери утринските температури низ Македонија, а мерењата покажаа дека не чека студен ден. Според синптичарите, денеска, петок, 30.10.2026 година, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени само 3 степени, по што следи Лазарополе со 4 и Крушево со 5 степени. УХМР во седум часот утрово измери 11 степени во Скопје, со што главниот град е еден од потоплите денеска. Како и секој ден, така и денеска, Гевгелија е рекордер по највисоката ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоролошко предупредување за целата територија на државата поради најавените врнежи од дожд. Според прогнозата, денеска времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи кои локално ќе бидат пообилни и се очекува да надминат 25 литри на квадратен метар. Врнежите ќе ја зафатат целата земја, а нивниот интензитет ќе варира во зависност од регионот. Од УХМР предупредуваат дека на одделни ...
ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона 2026/2027, чиј официјален почеток е предвиден за 15 октомври. Од компанијата потсетуваат дека редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е обврска на потрошувачите, а сите завршени интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на ...
Европските берзански индекси бележат раст, додека цената на нафтата Брент бележи благ пад на 103 долари, по новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД нема да го нападнат Иран пред изборите за Конгрес на 3 ноември. Тој додаде дека Вашингтон и Техеран водат „продуктивни разговори“. Според податоците од берзата, Брентот утрово во 9:30 часот падна за околу 0,96 отсто, на 103,220 долари за барел, додека американскиот WTI ...
Европските берзански индекси денес бележат мешани резултати, технолошките акции се под притисок, а цената на нафтата „Брент“ падна на околу 104 долари за барел. Испораките на саудиска нафта до алтернативни рути и ослободувањето на енергија од резервите ги ублажија загриженостите за конфликтот на Блискиот Исток. Фјучерсите за нафта „Брент“ од Северното Море за испорака во декември паднаа за 1,66 проценти на 104,31 долари за барел, додека ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026 година изнесува 70.358 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година, која изнесува 69.432 денари е зголемена за 926 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец октомври изнесува 85.733 денари. Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат ...
Цените на нафтата забележаа раст во вторник, при што суровата нафта Брент се задржа близу петмесечен максимум, како резултат на зголемените геополитички ризици по извештаите за напади врз саудиска инфраструктура и трговски бродови во Персискиот Залив. Фјучерсите за суровата нафта Брент се зголемија за 52 центи, односно за 0,47 проценти, достигнувајќи цена од 110,07 долари за барел. Во претходната трговска сесија цената достигна и 110,70 ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе ги соопшти новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе важат во следните седум дена. Новата одлука се носи во период кога суровата нафта на светските берзи бележи раст и достигна цена од 116 долари за барел, што претставува скок од околу шест проценти на неделно ниво. Според последната одлука на РКЕ, цената на бензините се намали за 2,50 денари по литар, додека дизелот поскапи за ...