Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Владата на денешната седница донесе одлука со која се продолжува рокот за постоење кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври. Со оваа одлука се обезбедува подготвеност на институциите за брза реакција при евентуални нагли ценовни промени на меѓународните пазари, се гарантира континуиран и непречен проток на енергенси во земјата, а се ...
„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ на европскиот пазар благодарение на одлуката на Европската комисија. Имено, минатиот месец, ЕК објави дека ќе ѝ наложи на „Мета“ да обезбеди бесплатен пристап до четботови со вештачка интелигенција од трети земји на „Ватсап“ во Европската економска зона (ЕЕЗ). Оваа одлука следи по забраната на „Мета“ за ВИ-четботови од трети земји на платформата за видеоповици во ноември, а потоа и по нивното повторно ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број жаришта во државата достигна 17. Новите случаи се регистрирани во селото Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново-Облешево), Бигла (Делчево), Малино и Косевица (Свети Николе) и Сопот (Куманово). Од првото жариште, регистрирано кон крајот на јануари во селото Лопате, Кумановско, ...
Најмалку 11 лица загинаа, а 19 се повредени во пожар во сиропиталиште во предградието на алжирската престолнина Алжир, соопшти денеска службата за цивилна заштита. Пожарот избувнал во Фондацијата за згрижување и помош на деца што се наоѓа во општината Мохамадија, а екипите на цивилната заштита се уште се борат со огнената стихија. „Според првичните податоци, загинале 11 лица“, се наведува во соопштението на службата, без да биде прецизирана ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија. Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ. „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа ...
Соопштение на Левица Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе ...
УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според податоците од УХМР, ќ биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени. УХМР ја објави временската прогноза за следните неколку денови. Според ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Бројот на вработените лица во земјава во 2025 година биле 614 334, од кои 330 240 маќи, а 284 094 жени, пред неколку дена објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0.1 %. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот Преработувачка индустрија за 5.2 %. Од друга страна, пак, зголемување на бројот ...
INGLEWOOD, CALIFORNIA – JULY 10: Fabian Ruiz #8 of Spain celebrates with Dani Olmo #10 and Marc Cucurella #24 after scoring the team’s first goal during the FIFA World Cup 2026 Quarter Final match between Spain and Belgium at Los Angeles Stadium on July 10, 2026 in Inglewood, California. (Photo by Luke Hales/Getty Images). Шпанија се пласира во финалето на Светското првенство 2026, откако во полуфиналето во Далас ја совлада Франција со 2:0. ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида од пред неколку дена официјално го носи името на Доналд Трамп, јавија локалните медиуми. Добредојдовте на Меѓународниот аеродром „Претседател Доналд Џ. Трамп“, пишува на новата патна табла. Новото име на аеродромот е истакнато и во внатрешноста на терминалот, каде што се прикажува на екраните кај шалтерите за пријавување на патниците. Преименувањето на аеродромот е одобрено од страна на гувернерот на ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...
Собранието вчера ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...
Пратеничката во Собранието од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, преку својот профил на Фејсбук јавно понуди помош за Меланија од Куманово, откако девојката јавно апелираше за спас од насилството од нејзиниот татко, со кое се соочуваат со семејството. -Со огромна загриженост го следам случајот на Меланија од Куманово, која јавно побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа. Сакам јавно да порачам дека мојот ...
Во комбе со странски регистарски таблички, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник. Комбето било запрено на автопат во близина на североисточниот град Комотини, во близина на границата со Бугарија. Комбето беше исто така сериозно е преоптоварено. Откако утврдија дека млечните ...
На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19. Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето миграција, покажуваат податоците на Евростат. На 1 јануари 2026 година, населението на ...
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од самитот на НАТО во Анкара оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. – Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените ...
Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на „висок ...
Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица, Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули ...
– Бројот починати во актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а сомнителни случаи се пријавени и во уште една провинција, соопштија денеска националните здравствени власти. Според најновиот извештај на Владата на Конго, епидемијата прогласена на 15 мај досега е потврдена кај 1.759 заразени лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву. Во официјалниот број случаи засега не се вклучени два нови ...
Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса. Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија. Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. Во понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во ...
Податоците за следење на бродовите покажаа дека повеќе танкери за течен природен гас продолжиле да минуваат низ Ормуската Теснина во последните денови и покрај обновените борби на Блискиот Исток. Вкупно 22 бродови поврзани со Јапонија го напуштија Заливот од вторникот, соопшти Токио. Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас, е внимателно следен од бродските компании и владите по иранските напади врз ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека НАТО ја продолжува политиката на милитаризација на Европа, подготовките за можен судир со Русија и обезбедувањето воена поддршка за Украина. Захарова рече дека „генералната линија на НАТО не е променета“ и оти алијансата и понатаму ја третира Русија како долгорочна закана за евроатлантската безбедност. Коментирајќи го самитот на НАТО, Захарова наведе ...
УХМР ги измери температурите низ Македонија во осум часот, по дождот од синоќа. Според мерењата на УХМР, утрово е најсвежо на Попова Шапка каде се измерени 11 степени. Потоа следи Берово со 15 степени. Гевгелија е најтопол град во осум часот со измерени 24 степени. Во Скопје се измерени 19 степени. Воедно, УХМР информира и каде наврнало најмногу дожд. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На поединечни места ќе има ...
Официјален Пекинг денеска го повика НАТО да се откаже од она што го нарече „менталитет од Студената војна“ кон Кина, јави Анадолија. – НАТО е регионална одбранбена Алијанса со јасно дефиниран опсег на мисијата и географски граници. Треба да престане да наоѓа вина кај Кина – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг. Мао истакна дека Кина „е сила за светски мир. Таа никогаш никого не загрозува, ниту пак, претставува ...
Околу 5.100 луѓе починаа во Германија од причини поврзани со горештините за време на топлотниот бран во јуни, покажуваат проценките на Институтот „Роберт Кох“. Како што пренесе ДПА, државниот институт за јавно здравје на Германија ја објави оваа проценка во денешниот најнов неделен извештај за смртноста поврзана со високите температури. Германија се соочи со неколкудневни рекордно високи температури на крајот на јуни, кои во одредени делови ...