Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Додека граѓаните и компаниите ширум светот се соочуваат со раст на цените и економска неизвесност поради конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, дел од најголемите светски корпорации бележат рекордни профити. Нафтените компании, големите банки и одбранбената индустрија се меѓу најголемите добитници од кризата што ја потресе глобалната економија. Најсилното влијание од конфликтот се чувствува на енергетските пазари. Тензиите и блокадата на ...

Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел ...

Дванаесет години затвор му изрече судијата Ивица Стефановски на Стојанче Јовановски обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. За првпат во Македонија е изречена казна за наведување на ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Украина ги спроведе своите криминални планови во текот на деновите на прославата на Големата победа, руските вооружени сили ќе започнат одмазднички удар, вклучително и врз центрите за донесување одлуки. Ова го соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. Според Захарова, Министерството за надворешни работи испратило нота до ...

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа Фондот за здравствено осигурување да разгледа измени во правилникот. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, вели дека контролите во институциите се значително засилени и двојно зголемени во споредба со минатата година, при што најголем број барања за контрола пристигнале од Министерството за одбрана. „Контролите за нас се и поука каде постојат слабости во системот. Продолжуваме и оваа година, ...

Европските берзански индекси бележат пораст од над еден процент, додека цените на нафтата продолжуваат со падот. Овој тренд на пазарот доаѓа како резултат на зголемениот оптимизам за потенцијален крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Според берзанските податоци од 10:00 часот, цената на суровата нафта забележа пад од 3,06 проценти и се тргува за 99,126 долари, додека нафтата од типот „Брент“ падна за 2,61 процент на 106,955 долари. Главна ...

Алијансата на Албанците на Арбен Таравари бара од премиерот Христијан Мицкоски веднаш да побара од Собранието да распише предвремени избори, велејќи дека за Албанците, изборите се единствениот спас од ВЛЕН. „Алијансата за Албанците го поддржува и охрабрува премиерот на земјата што е можно поскоро да го свика Собранието за да свика предвремени парламентарни избори за да се овозможи олеснување и деблокада на процесот на европска интеграција на ...

Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска организираат конференција „30 години на европскиот пат: Односите Северна Македонија-ЕУ и патот напред“. Конференцијата, што ќе се одржи на Правниот факултет, има за цел да се одбележат две значајни пресвртници во односите меѓу нашата држава и Европската Унија: 30 години од воспоставувањето дипломатски односи и 25 години од ...

Со повик за стабилност, одговорност и јасен план за управување, бугарската претседателка Илијана Јотова ги отвори консултациите со силите претставени во Парламентот, при што првата средба беше со „Прогресивна Бугарија“. Во обраќањето таа нагласи дека по изборите земјата влегува во нова политичка ситуација, во која очекувањата од победниците се директно поврзани со преземената одговорност. На консултациите присуствуваа претседателот на ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Европската Унија да се воздржи од потези и реторика што би можеле да го поткопаат, како што рече, „конструктивниот став“ на Анкара. „Да не заборавиме дека Турција повеќе не е стара Турција, ниту пак светот е сè уште ограничен на сферата на влијание на западните земји“, рече Ердоган во своето обраќање до нацијата по владината седница. Тој, исто така, рече дека ЕУ треба да препознае дека не ...

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент, се вели во соопштението од ДУИ. Од партијата соопштуваат дека Осман утрово започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на Комесарката за проширување Марта Кос, а следуваат посебни средби во Европскиот парламент ...

Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за време на свечената вечера на Здружението на дописници на Белата куќа, повеќе не е под надзор поради ризик од самоубиство во затворот во Вашингтон. Ова следува откако неговите адвокати побараа укинување на мерката, сметајќи дека му се нарушени правата на правично судење. Адвокатите на Ален поднеле барање да се откаже рочиштето закажано за денеска (понеделник), на кое требало да се расправа за укинување ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата во однос на владеењето на правото останува непроменет, коментирајќи ги последните реакции поврзани со статусот на Никола Груевски. „Мојот став е оној кој го кажав пред неколку недели, тој е непроменет. Тој важи за сите кои се грижат за владеењето на правото и тоа ќе остане. Немаме двојни принципи, а тие кои веруваат во владеење на правото ќе го поддржи ова однесување на Владата, а ...

Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува“ на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува“ од собраниската говорница и од телевизија. Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо. Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил, се вели во ...

Цените на суровата нафта утрово бележат пад, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе им помогнат на бродовите да го напуштат Ормутскиот теснец, потег што веднаш беше одбиен од Иран. Американската референтна нафта (WTI) поевтини за 0,28 проценти и се тргуваше по 101,65 долари за барел, додека цената на Брент се намали за 0,06 проценти на 108,10 долари. Клучниот фактор за движењето на пазарот останува состојбата во ...

Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО). СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекцијата обично се ...

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД. Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ. „Нема да ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека европските земји ја сфатиле пораката од американскиот претседател Доналд Трамп и сега активно работат на спроведување на договорите за користење воени бази. Тој наведе дека имало одредено разочарување од американска страна, но дека европските сојузници реагирале и преземаат чекори за исполнување на билатералните договори. Меѓу земјите кои, според него, ги спроведуваат овие барања се и ...

Македонија е со пад од 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“. Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41), Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), а Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ ...

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека продолжувањето на воените операции против Иран би било „опасно и неприфатливо“, истакнувајќи дека таков потег може да има сериозни последици за глобалната безбедност. Според информациите од Кремљ, за време на телефонски разговор меѓу двајцата лидери било нагласено дека евентуална ескалација, особено копнена операција на иранска територија, претставува ...

Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот. Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, вкупните трошоци би можеле да достигнат меѓу 40 и 50 милијарди долари кога ќе се пресмета санацијата на инфраструктурата и замената на уништената опрема. Во раните фази на конфликтот Иран ...

Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета — директна последица на неговите одлуки, велат од ДУИ. „Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со мрежата на ...

Хрватската полиција приведе најмалку три млади лица, меѓу кои и еден малолетник, во рамки на истрага за серија лажни дојави за поставени експлозивни направи на повеќе локации низ земјата. Според неофицијални информации, малолетникот е уапсен во Загреб под сомнение дека испраќал заканувачки е-пораки до неколку училишта во градот. Во исто време, две млади лица се приведени и во далматинскиот регион. Акцијата е дел од поширока истрага што ја ...

Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека постои можност лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, да ѝ се приклучи на Владата и додаде дека комуникацијата за ова прашање се одвива на повеќе нивоа. Во гостување во емисија на ТВ 24, Меџити рече дека вратата за Села е подотворена и дека се испитува можноста за негово евентуално вклучување во владиното мнозинство. „Постои опција Зијадин Села ...

Венко Филипче вечерва доби шлаканица и тоа директно од европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости. Прво, Вајц вечерва јасно кажа интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели. Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда. ...

ВМРО-ОКГ вчера, по реакцијата на европскиот известител Томас Вајц дека неговото интервју во кое вели дека нема никаков напредок на реформите во Македонија е старо, веднаш направи напад врз СДСМ. Европскиот пратеник Томас Вајц изјави дека неговото интервју за бугарската телевизија е старо (снимено пред повеќе од седум недели, на почетокот на март) и дека Северна Македонија во меѓувреме забележала некаков напредок. Вајц истакна дека земјата ...

Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ вчера од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор – Биљана Ангелова и Дарко Данев. -Врз основа на член 175, алинеја 10, членовите 180 и 181 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ...

EPA/SAMUEL CORUM / POOL Американскиот претседател Доналд Трамп одговори со жесток вербален напад на острите критики упатени од германскиот канцелар Фридрих Мерц кон американската офанзива врз Иран. „Тој нема поим за што зборува. Иран да има нуклеарно оружје, целиот свет ќе биде заложник“, напиша Трамп на својот профил на платформата „Truth Social“. „Во моментов правам нешто со Иран што други држави или претседатели требаше одамна да го ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.93
55%
1023
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
70%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.12
84%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.19
70%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
56%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.58
91%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
40%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.77
51%
1022
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.92
58%
1023
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
70%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
65%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.53
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Родиум

257205.97

Бакар

12.73

Платина

53498.84

Сребро

2087.39

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.40

Паладиум

39866.93

Злато

133769.08

Калај

53.45