Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ја заостри имиграциската политика, скратувајќи го периодот на важност на работната дозвола за бегалците, барателите на азил и другите мигранти во САД од пет години на 18 месеци. Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) соопшти дека промената ќе овозможи почести проверки на странските државјани. Вол Стрит Џурнал јави дека оваа промена влијае на стотици илјади ...
Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, им нареди на сите вработени да завршат обука за антисемитизам откако повеќе од 200 вработени Евреи ја обвинија корпорацијата дека ги игнорира нивните повици за истрага за расизам. Вработените имаат шест месеци да го завршат курсот, за кој Дејви рече дека се надева дека ќе ги искорени „дискриминацијата, предрасудите и нетолеранцијата“ во британската јавна служба, објави денес Дејли Меил. Во писмо до ...
САД планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. – Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го зголеми бројот на земји ...
Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното собрание, за член на Одборот на директори на ...
Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ, поднесе оставка од функцијата ректор на Колеџот на Европа откако беше именувана како осомничена во истрага за измама во која беа вклучени Колеџот на Европа и Службата за надворешна акција на ЕУ, пренесува Н1. „Во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности, денес решив да поднесам оставка од функцијата ректор“, изјави ...
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во 2024 година од маларија умреле околу 610.000 лица, претежно мали деца во Субсахарска Африка. Британските медиуми пренесуваат дека бројот на смртни случаи и болести е зголемен во споредба со 2023 година,од дотогаш регистрираните 273 милиони случаи на околу 282 милиони. СЗО предупреди дека борбата против маларијата стагнирала во последната деценија. Иако 47 земји се сертифицирани како ...
Станбено-деловните градби и градбите за колективно домување на подрачја на кои има техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително да се проектираат и изведуваат со целокупната машинска односно техничка инсталација за спроведување на топлинската енергија преку парно греење. Тоа се предвидува со Предлогот законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, што денеска доби ...
Комисијата „Петроки“ формирана на барање на папата Лав, објави дека во овој момент нема услови жените да бидат примени во ѓаконството како степен на свет чин, иако сè уште не е донесена конечна пресуда. Комисијата ја заврши својата работа во февруари оваа година, а документот од седум страници од кардиналот Џузепе Петроки му беше доставен на папата Лав на 18 септември и сега е објавен на барање на папата, објави „Ватикан њуз“. За време на ...
Високи нивоа на таканаречени „вечни хемикалии“ што не можат да се разградат во природата се пронајдени во производи од житарки во многу европски земји, според нова студија. Како што е наведено во истражувањето на организацијата Европска акциона мрежа против пестициди (PAN), во овие производи се пронајдени 100 пати повисоки концентрации на трајни хемикалии (Pfas) отколку во водата за пиење од чешма, објави Гардијан. Највисоко ниво е забележано ...
Следен и последен неработен ден е 8 декември(понеделник) – што е и последен продолжен викенд годинава. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните ...
Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ ја обвини паравоената група која се бори против суданската армија, за извршување воени злосторства за време на нејзиниот напад претходно оваа година врз најголемиот камп за внатрешно раселени лица во регионот Дарфур. Силите за брза поддршка (СБП), која е во војна со суданската армија, го опустоши кампот Замзам во април како дел од опсадата на градот Ел Фашер, главниот град на ...
Урсула фон дер Лајен се соочува со најтешкиот предизвик за одговорност на ЕУ во една генерација, бидејќи истрагата за измама во која се вклучени две големи имиња во Брисел се заканува да ескалира во целосна криза. Точно една година од нејзиниот втор мандат како претседател на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, која веќе се соочува со прашања за нејзината посветеност на транспарентноста и во услови на растечки тензии со крилото за надворешна ...
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата ...
Раководството на Ајакс остро го критикуваше „апсолутно скандалозниот“ огномет што го предизвикаа навивачите на клубот од Амстердам, предизвикувајќи до прекин на натпреварот од холандското фудбалско првенство против Гронинген на арената „Јохан Кројф“ во неделата. Судијата Бас Ниехуис им нареди на играчите на двата тима да го напуштат теренот пет минути по почетокот на натпреварот, откако навивачите на домашниот тим запалија огромен број факели и ...
Фото: Градска Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на ...
На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи со кои ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во вечерното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ, Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи дека официјално ја презел партијата во тешка ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката в петок во Вашингтон со која ќе биде одреден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026, потврди денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит. „Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит. Жрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско ...
Помалку од половина од испитаниците во Полска, Франција, Германија и Италија би ја поддржале Украина да се приклучи кон ЕУ и НАТО дури и ако се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва, покажува месечната анкета на агенцијата YouGov. Според резултатите, членството на Украина во ЕУ го поддржуваат 42% Полјаци, а 45% би ја виделе како дел од НАТО. Слични проценти се регистрирани и во Франција, Германија и Италија. Поддршката е значително ...
Долго изгубена слика од барокниот мајстор Петер Пол Рубенс е продадена на аукција во Франција за 2,3 милиони евра (2,7 милиони долари) – далеку над бараната цена. Делото, на Исус Христос на крстот, насликано во 1613 година, беше откриено од аукционерот Жан-Пјер Озенат во париска вила минатата година, откако беше скриено повеќе од четири века. Озенат – чија аукциска куќа ја продаде сликата во неделата во однос на очекуваната цена од 1-2 милиони ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на ...
Повеќе од 70 родители на ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се потпишале на барање до директорката и советот на родители, во кое инсистираат на јасен план за редовен и засилен санитарен надзор, строга контрола врз операторот кој ја подготвува храната во училиштето, протокол за хигиена на просториите и санитарните јазли и конкретни чекори за спречување на сличен инцидент. Ова доаѓа откако дел од децата минатата недела побараа медицинска помош поради ...
„Магнометал“ ДООЕЛ денес објави дека, почнувајќи од 1 јануари 2026 година, ќе започне со пилот-проект за воведување на 4-дневна работна недела за своите вработени, без намалување на платата. Оваа револуционерна иницијатива ја прави „Магнометал“ првата трговска компанија во Западен Балкан и поширокиот регион што храбро го усвојува овој модел, поставувајќи нов стандард за продуктивност и работна култура. „Како трговска компанија, нашиот успех ...
Претседателот на САД постојано го опишува својот руски колега во позитивно светло, зборувајќи за „добри разговори“ и надежи за нови економски и енергетски партнерства. Двајцата лидери, исто така, наводно разговарале за организирање хокеарски натпревари меѓу САД и Русија по војната. Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир Путин од одговорност за воените ...
Европскиот совет, на состанокот во декември, повторно ќе ја повика Македонија да ја исполни својата обврска и да ги спроведе уставните измени со цел да продолжи процесот на преговори, се вели во нацрт-заклучоците за состојбата на проширувањето, објави БГНЕС. Во текстот се забележува дека Советот ја поздравува посветеноста на земјата кон европската интеграција и „ја охрабрува да ги засили своите напори за унапредување на реформите“. „Советот ...
Американскиот глумец Меколи Калкин, познат по улогата на Кевин Мекалистер во „Сам дома“, неодамна изјави дека „не би бил целосно алергичен“ на замислата да ѝ се врати на својата убедливо најпозната улога. – Тоа би морало да биде токму како што треба, но за среќа, имам идеја за продолжение во коешто би учествувал со задоволство… Или сум вдовец или разведен. Одгледувам дете и сè тоа. Работам многу и не му обрнувам доволно внимание, а детето ми се ...
Трамп фрли око на замрзнатите руски милијарди, но Европејците порачуваат дека само тие имаат право да одлучат што ќе биде со парите во Европа. Експерти советуваат што е можно побрзо на Украина да ѝ се одобрат кредити. Европејците се бесни поради предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, милијарди од руските средства замрзнати во европските земји да бидат употребени во корист на американската влада и фирми. Европска тревога по ...
Уставниот суд соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука по предметот У.бр. 13/2025, кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување – одредбата што го регулира линеарното зголемување на пензиите. Од Судот потсетуваат дека на 24. седница одржана на 19 ноември 2025 година, со мнозинство гласови било изразено сомневање во уставноста на спорниот член. Постапката сега е во ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации оти во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување на пензиите од наредниот месец и дека судијата известител веќе ставил потпис на конечен извештај за укинување, а тоа и го кажал на собраниската седница за пратенички прашања. Дали тие информации се точни, посочи премиерот, ќе се види многу скоро и оти би сакал да не е во право. – Ќе кажам дека вчера за ...
Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. -Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година, рече шефот на државата. „САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“, нагласи Трамп. Претседателот рече дека наредил распоредување на уште 500 ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека денеска нејзини инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ...