Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари. Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во обраќање во базата за нуклеарни подморници „Ил Лонг“, рече дека Франција постепено влегува во нова фаза на своето нуклеарно одвраќање, кое го опиша како „проширено одвраќање“. „Треба да го зајакнеме нашето нуклеарно одвраќање со оглед на комбинацијата од закани и да размислиме за нашата стратегија за одвраќање во длабочините на европскиот континент, со целосно почитување на нашиот суверенитет, ...
Мерсел Биљали Живеевме во едноумие, потоа преминавме во малоумие, и завршивме во безумие… „Хамнеи, еден од најзлите луѓе во историјата, е мртов“ – изјави американскиот претседател Трамп на својата платформа „Truth Social“. Во нападите се убиени и седум високи ирански функционери, вклучувајќи го и шефот на Револуционерната гарда, Мохамед Пакпур. Сателитските снимки од „Ербас“ покажаа црн чад како се издига од комплексот на лидерот во Техеран ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во заедничките американско-израелски напади во саботата се убиени потенцијални наследници на врховниот лидер на Иран. Неговите коментари, дадени за Еј-Би-Си Њуз (ABC News) доаѓаат во време на неизвесност околу транзицијата на власта во Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи. Во разговор со новинарот Џонатан Карл, Трамп тврдеше дека нападот бил исклучително успешен. „Нападот беше толку ...
Аналитичарите предупредуваат Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Цената на американската сурова нафта синоќа се зголеми за дури осум проценти, на околу 72 долари за барел, а подоцна се стабилизираше на 71 долар. Суровата нафта Брент, која служи како глобален репер, првично скокна за повеќе од 12 проценти на околу 82 ...
Денес во земјава ќе преовладува претежно облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени. Во Скопје се очекува претежно облачно и тивко време. Во делови од котлината можна е појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 март 2026. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток. Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата ...
Демонстрантите во ирачкиот главен град Багдад денеска се обидоа да влезат во владиниот кварт кој е под силно обезбедување, каде што се наоѓа американската амбасада, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи. Според очевидци, стотици луѓе се собрале на протест на влезот во таканаречената „Зелена зона“. Безбедносните сили насилно ја растерале толпата, пренесе ДПА. Демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносните ...
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) 7 јануари (среда) 20 март (петок) Продолжен викенд 13 април ...
Од 1 март стапува во сила законската обврска за банките за засилена автентикација на клиентите при онлајн-плаќања со платежни картички. Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство. – Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од ...
Албанскиот премиер објави реконструкција на владата „Рама 4“, формирана во септември минатата година по парламентарните избори одржани во мај. Промените опфаќаат повеќе министерства и значајни кадровски рокади во извршната власт. Од Владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која е осомничена за корупција од страна на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК). ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц вчера изрази надеж дека властите во Скопјe нема да ја пропуштат можноста да постигнат напредок во преговорите за пристапување во ЕУ. Вајц презентираше резиме од својот предлог за новиот годишен извештај на ЕП за РСМ, чија содржина почна да се дискутира во парламентарниот комитет за надворешни работи. Во дебата се приклучиле и бугарски европратеници. Станислав Стојанов од партијата ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај. Како што известува Кабинетот на претседателката, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација. Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција. -Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република ...
Вицепремиерот Арбен Фетаи повеќе не ја предводи фракцијата на Алијанса за Албанците, која е дел од власта. На негово место е именуван пратеникот Илир Демири, кој од неодамна го напушти делот на Алијансата предводен од Зијадин Села за да и се придружи на владејачката коалиција. Висок функционер од фракцијата за „Слободен печат“ потврдил дека смената на Фетаи од челната позиција е резултат на внатрешните несогласувања, зашто Фетаи бил против ...
Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, треба да сведочи пред Конгресот на САД во четврток во врска со скандалот околу сексуалниот престапник Џефри Епштајн. Се очекува Хилари Клинтон (78) да сведочи под заклетва во четврток, пред нејзиниот сопруг и поранешен претседател Бил Клинтон (79) да биде испрашуван во петок. Според американските медиуми, тие нема да бидат испрашувани во Конгресот во Вашингтон, туку преку видео врска. Се ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска од Прилеп порача дека пристапувањето во Европската Унија е строго дефинирано со постојните договори и дека во нив не постои опција за членство без право на глас или без право на вето. Ова доаѓа како директен одговор на идеите што неодамна ги пласираше премиерот Христијан Мицкоски за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата во некаква комбинација која би исклучувала право на глас. Рокас појасни дека за ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (26.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на ...
Доналд Трамп остро го коментираше Роберт Де Ниро во објава на социјалната мрежа Truth Social, во екот на нивниот долгогодишен јавен судир. Трамп го нарече оскаровецот „болна и дементна личност“, откако Де Ниро во неодамнешно интервју за подкастот „The Best People With Nicole Wallace“ се бореше со солзите, повикувајќи ги Американците да му се спротивстават на Трамп. „Oпседнатиот Роберт Де Ниро е уште една болна и дементна личност со, верувам, ...
Луѓето што пристигнуваат во Велика Британија од 85 земји од денеска ќе мора да добијат електронска дозвола пред да патуваат или ќе се соочат со одбивање за влез, соопшти британското Министерство за внатрешни работи. Системот за електронски патни дозволи бара од сите посетители на кои не им е потребна виза за влез во Велика Британија да купат патна дозвола преку интернет за 16 британски фунти (21,57 американски долари). Системот беше воведен ...
АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со консолидирана нето-добивка од 29,2 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, ...
Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесоа Украина и 45 други земји, а 107 земји гласаа за неа, вклучувајќи ги речиси сите членки на ЕУ, а покрај нив и Македонија. Русија беше јасно против резолуцијата, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа „X“ упати благодарност до 107-те земји ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III ...
Силните дождови и ветрови ги прекинаа летовите, возовите и фериботите денеска и ги затворија патиштата во делови од Северниот Остров на Нов Зеланд, оставајќи илјадници луѓе без струја. Повеќето летови до и од главниот град Велингтон беа откажани или одложени утрово, соопштија аеродромските власти. Ер Њу Зеланд ги прекина летовите до и од аеродромите Велингтон, Нејпиер и Палмерстон Норт, објавија локалните медиуми. Повеќе од 30.000 станбени и ...
Германското Министерство за надворешни работи ги повика германските граѓани на Блискиот Исток да преземат мерки на претпазливост со оглед на потенцијалниот ризик од американски напад врз Иран, кој би можел да има последици и за Израел и за другите земји во регионот, пренесе ДПА. На Германците во Израел им се препорачува да се подготват за неодреден престој на местото каде што се наоѓаат, во случај воздушниот простор да биде затворен поради ...
Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го ...
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група Оливер Спасовски за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на минималната плата. Со предложениот закон се бараше ...
Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика. Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на економски раст и стабилно да остане над европскиот просек, но и да продолжат, како што рече, „многу позитивните резултати на ...
Јавното обвинителство денеска преку соопштение ја информира јавноста дека како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи. -Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера изјави дека е отворен во принцип за разговори со Москва за одржлив мир во Украина, но ја исклучи можноста за правење отстапки кон Русија. „Украина, секако, мора прва да проговори. Но, ние сме подготвени и да разговараме“, рече Вадефул на форумот „Кафе Киев“ организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин. „Но, ние нема да пристигнеме во Москва и да направиме дополнителни ...