Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за влада – министрите да имаат само македонско државјанство. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозицики пратеници. СДСМ предложи измени на Законот за Влада за тој да биде компатибилен со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – пратениците да имаат само македонско државјанство. Законското решение го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер ...

Следни неработни денови за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) и 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд). Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари ...

Цените на нафтата утрово повторно пораснаа, поттикнати од растечките тензии меѓу САД и Иран, како и од стравувањата за нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Цената на суровата нафта од типот Brent Crude се зголеми за околу 1,5 проценти и достигна 110 долари за барел, додека американската West Texas Intermediate (WTI) порасна за 1,8 проценти, на околу 107 долари за барел. Растот на цените следува по предупредувањето на ...

Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави- соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „сè поапсурдни обвинувања“. „САД се агресорот. Куба е земјата што е ...

Соединетите Американски Држави, во сенка на војната со Иран, спроведуваат еден од најзначајните пресврти во својата надворешна политика во последните децении, повлекувајќи се од голем број меѓународни организации и институции, посочува Хина. По повлекувањето од Светска здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот ДоналдТрамп потпиша одлуки за повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела, меѓу ...

Во Соединетите Американски Држави под здравствен надзор се 41 лице поради сомнеж дека можеби биле изложени на хантавирус, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Станува збор за лица за кои постои ризик од заразување поради контакт со случаи поврзани со појава на вирусот на крузер. На сите 41 лице им е наложено да останат дома и да избегнуваат контакт со други луѓе во текот на 42-дневен период на следење, што е ...

Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции. Ова денеска го потврди министерката за образование, Весна Јаневска. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во Собрание , за да ги до оформат тие предлози и веќе е донесена таа одлука, тие измени ќе се направат и останува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Кина посветена на надминување на отворените прашања меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен. Претседателскиот авион „Ер форс уан“ полета од меѓународниот аеродром во Пекинг по официјалната церемонија за испраќање на Трамп. Пред да влезе во авионот, Трамп ја крена раката стегната во тупаница поздравувајќи ги присутните на аеродромот што мавтаа со ...

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го ...

Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и ...

Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања. За возврат, ...

Најновото истражување на Европска комисија за патувања покажува рекордно ниво на интерес за патувања, при што дури 82 проценти од Европејците планираат летен одмор оваа година. Сепак, за патниците кои планираат патувања надвор од Европа, особено кон Азија, следува непријатно изненадување. Консултантската компанија Тенео предупредува на значително зголемување на цените на авионските билети. Според анализата, просечните економски тарифи на ...

Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...

Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич, ...

Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почна вчера вечерта во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент. Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот ...

Регулаторна комисија за енергетика соопшти дека потрошувачката на бензини во 2025 година е зголемена за 8,34 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на институцијата. Раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот за 5,17 проценти, екстра лесното масло за 2,23 проценти и течниот нафтен гас – ТНГ за 3,55 проценти. Од друга страна, пад е забележан кај млазното гориво за 53,29 проценти, ...

Цените на нафтата повторно пораснаа на светските пазари, откако се намалија надежите за брз договор меѓу САД и Иран и за повторно стабилизирање на сообраќајот низ Ормускиот Теснец. Брент нафта денеска се искачи за околу 2 проценти, над 106 долари за барел, додека американската WTI нафта ја надмина границата од 100 долари. Главната причина за новиот раст се кревките преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп го ...

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот ќе се соочи со масовен глад доколку Ормуската Теснина набргу не биде отворена за сообраќај. Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), Мореира да Силва, изјави дека една третина од светските резерви на ѓубрива, вклучително амонијак, сулфур и уреа, се транспортираат низ Ормуската Теснина. Се проценува дека речиси 45 милиони луѓе би можеле да умрат од глад ...

На прашањето дали одложувањето на членството во ЕУ може да ја оттурне Северна Македонија кон земји како Русија или Кина, министерот Муцунски одговори дека „хибридните закани напредуваат таму каде што расте фрустрацијата и каде што се губи довербата“ Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во ...

Соопштение на СДСМ: СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски. После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ дале политичка поддршка за продлабочување на соработката со партнерите од Западен Балкан во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, но и додаде дека за возврат очекуваат понатамошни реформи, почитување на владеењето на правото и јасно усогласување со надворешната политика на ЕУ. На ...

Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација. Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД ...

Цените на суровата нафта на светските берзи и натаму остануваат нестабилни со константни движења во двете насоки. Кризата на блискиот исток ја држи цената и натаму останува висока па утрово барел нафта од типот Брент се тргуваше за близу 105 долари. Во земјава корекција на цените на нафтените деривати се очекува денеска на пладне а новите цени ќе се применуваат од вечерва на полноќ. Историските податоци покажуваат дека бензинот по денешната ...

Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб – канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Фото и видео: Официјален евровизиски Јутјуб-канал ...

Шефот на дипломaтијата, во видео обраќање, вели дека Македонија постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, притоа посочувајќи дека земјата е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што наведува, ја потврдува не само посветеноста на државата кон реформите, туку и јасната стратешка ориентација за членство во Унијата. Проширувањето е ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред ...

Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро е во САД откако избегал од Унгарија. Полска најавува барање за екстрадиција и објаснување како влегол без важечки документи. Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зјобро, кој е обвинет за повеќе кривични дела во неговата татковина, потврди дека од Унгарија отпатувал во Соединетите Американски Држави. Изјавата ја даде во неделата за десничарската телевизија „Република“, по ...

Повеќе од половина од бројот на езера во светот се намалиле од почетокот на 90-тите главно поради климатската криза и високата потрошувачка на вода од страна на луѓето, покажа голема меѓународна студија. Езерата (и природни и вештачки) губат просечно 22 гигатони вода годишно, од 1992 до 2020 година – објавува „Гардијан“. Во таа смисла, дури 53 отсто од езерата забележале пад. – Ова не треба да се игнорира – рече Фангфанг Јао, хидролог на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.57
63%
1024
weather icon

Белград

21ᴼ / 17ᴼ
3.58
72%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.04
76%
1025
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
67%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.72
95%
1024
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.34
43%
1019
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
52%
1022
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.87
56%
1023
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
85%
1022
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
69%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.40

Бакар

12.73

Калај

53.45

Паладиум

39866.93

Рутениум

48965.59

Сребро

2087.39

Злато

133769.08

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Платина

53498.84