Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ќе се помрдне ли од мртва точка блокираната анкетна комисија за Кочани? И после година и осум месеци од катастрофалниот пожар, и по речиси една година по одржувањето на расправата за катастрофата што се случи во Кочани, а токму во очи на празникот Задушница, родителите на загинатите деца во „Пулс“ доставија заклучоци до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. ТВ 24 дојде до предлог заклучоците, кои веќе се ...
Алта банка и денеска ги стави во клинч партиите откако од опозициската СДСМ обвинија дека токму премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат преку свое влијание да ја спречат правната разврска за сите сомнежи поврзани со Алта банка . Бараат обвинителот Свесвски да реагира но и како што велат има законска обврска да отвори истрага под која би се ставиле токму премиерот Мицкоски, министерката за финансии Кочовска и гувернерот Славески . ТОНСКО ...
Професионалните војници излегоа на протест пред владата. Нивното трпение попушти и велат дека доста молчеле. Бараат итно решавање на проблемите со кои се соочуваат со години. Од пред владата им порачаа на надлежните дека потребно е законско и трајно решавање на статусот на професионалните војници, вклучително и прашањето за оние кои наполниле 45 години. Помеѓу барањата на војнивите е и зголемување на платите на професионалните војници, како и ...
По петте потврдени случаи на морбили во земјава, се засилува вакцинацијата. Лекарите ги повикуваат родителите кои ги пропуштиле редовните дози да ги вакцинираат децата, а од вакциналните пунктови велат дека интересот е зголемен. „Родителите покажуваат интерес да ги донесат најверојатно поради опасноста која е вројатна и следи. Вакцинацијата во претшколскиот диспанзер е со повик, јавување на телефон, а во школскиот диспанзер е преку смс до ...
Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година се зголемени за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во споредба со септември годинава се намалени за 1,8 отсто. Во периодот јануари – октомври 2026 година, цените на угостителските услуги бележат зголемување од 2,9 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека во споредба со декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,5 отсто. Анализирано по групи, ...
Штип и годинава ќе биде центар на македонската забавна музика. Денес и утре градот е домаќин на 41. издание на фестивалот „Макфест“. Повеќе од четири децении фестивалот е место на кое се среќаваат различни музички генерации, се претставуваат нови композиции и се создаваат песни што продолжуваат да живеат и по завршувањето на фестивалските вечери. Организаторите на денешната прес-конференција истакнаа дека и оваа година на сцената во Центарот ...
Сонетот во светската и македонската книжевност е насловот на научната монографија од Елена Пренџова, поетеса, лингвистка и книжевничка, која претставува прво научно дело во земјава посветено на истражувањето на оваа класична поетска форма. Во изјава за Телевизија 24, авторката посочи дека монографијата го обработува сонетот како книжевен феномен – од неговото настанување и историски развој, до неговото присуство во македонската книжевност и ...
Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн гостуваше во Скопје на 20 и 21 октомври со програма од четири креативни работилници за деца, инспирирани од нејзината сликовница „Магичен поглед“. Посетата беше дел од проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“ на издавачката куќа „Антолог“, а во средиштето на работилниците беа цртањето, раскажувањето, емоциите и начинот на кој детето преку сликата и зборот создава сопствен поглед кон светот. ...
На годинешното 41 издание на „Макфест 2026“ во текот на две вечери, на 30 и 31 октомври, публиката слушна 27 нови композиции. Првата вечер им припадна на помалку познатите изведувачи и 15 песни, а шестмина од учесниците добија можност да настапат и на втората вечер. Во чест на еден од најпознатите кантавтори Владо Јаневски беа пуштени неколку негови песни, а публиката ракоплескаше и ги пееше неговите големи хитови „Еден бакнеж“ и „Чаирска ...
Мате Мишо Ковач почина на 85-годишна возраст, потврдија извори блиски до пејачот за хрватските медиуми. Роден во Шибеник во 1941 година, Ковач изгради кариера долга повеќе од половина век, станувајќи симбол на далматинската песна и еден од ретките изведувачи во регионот со над 20 милиони продадени плочи. Зад себе остави опус кој ја дефинираше медитеранската поп-култура на овие простори. Ковач го започнува патот кон музиката на шеснаесет ...
Филмот „Мојот син“ ја освои наградата Гран при (Grand Prix) на Интернационалниот фестивал „Камера 300“ во Битола, како и плакетата „Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, соопшти авторот на филмот Маријан Стевановски. Во конкуренција од 92 филма, остварувањето беше прогласено за најдобро на фестивалот, чие доделување на наградите се одржа на 30 октомври во Домот на културата во Битола. Авторот ги потпишува текстот, сценариото, ...
Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот Jazz Fest Sarajevo. Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот ...
Со свечен настан насловен „Сеќавање на Михаил Ренџов“, денеска во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје беа одбележани 90 години од раѓањето на еден од најзначајните македонски поети. Настанот започна со поетското читање „Симнување од крстот“, по што поздравно обраќање имаше в.д. директорката на Библиотеката, Анета Механджијска, која истакна дека институцијата има особена одговорност да ги чува и негува споменот и делото на ...
Недела на јапонски филм ќе се одржува од денеска до 10 ноември во Кинотеката на Македонија и на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. Ќе бидат прикажани шест филма кои ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, ...
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денес го објави календарот на шампионатот во Формула 1 за 2027 година. Сезоната започнува на 12 март со етапата во Бахреин и завршува на 12 декември во Абу Даби. Закажани се вкупно 24 Гран при трки. Трките во Португалија и Турција се вратија во календарот на Ф1, заменувајќи ги трките во Барселона (Шпанија) и Зандворт (Холандија). Планирани се рекордни десет спринтерски викенди за 2027 година. ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Антонели, одговори на комплиментите и советите од ривалот од Ред Бул, Макс Верстапен, по Големата награда на Шпанија. - Секогаш со задоволство прифаќам совети од Макс. Секогаш се потребни, особено во одредени ситуации. Макс е голем шампион и убаво е да се види толку голема почит од него кон мене. Во Монца, тој дојде да ми честита по трката, како и Ландо Норис. Токму ваквите гестови јасно ставаат до знаење дека Макс ...
Формула 1 тимот Ред Бул го продолжи договорот на францускиот возач Исак Хаџар. Договорот важи до крајот на сезоната 2027. Дваесет и едногодишниот Хаџар се трка за Ред Бул од почетокот на 2026 година. Во тековното првенство, тој има освоено 71 поен и моментално е осми во пласманот на возачи. Следната етапа во Формула 1 ќе се одржи во Азербејџан од 24 до 26 септември. Во август 2026 година, Французинот го повреди зглобот додека тренираше во ...
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Бахреин. Тој во квалификациите имаше најбрз круг – 1:35.130 минута и воедно ова за него е 49.та пол позиција во кариерата. Ова е трка за Големата Награда на Бахреин, но се вози во Малезија поради војната на Блискиот Исток. Второ време постигна возачот на Ферари Луис Хамилтон, а трет е уште еден возач на Ред Бул Исак Хаџар. Лидерот во генералниот пласман ...
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен е победник на денешната трка за ГН на Бахреин што се возеше на патеката Сепанг во Малезија. Трка се возеше во Малезија порадо воените случувања на Блискиот Исток. Победникот на трката Верстапен ја имаше и пол позицијата, а победи пред Кими Антонели и Луис Хамилтон. Местото на подиум најверојатно на Антонели ќе му ја донесе и шампионската титула. Одличен резултат забележа и искусниот Фернандо Алонсо. Возачот ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, би можел да ја освои својата прва титула во Формула 1 на претстојната Гран При на САД. На трката од Формула 1 шампионатот во Сингапур, Италијанецот ја зголеми својата предност пред клупскиот колега Џорџ Расел на 102 поени. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заостанува 111 поени. Ако Антонели ја зголеми разликата пред Расел и Хамилтонм на 125 бода по викендот во Остин, тој ќе биде крунисан за шампион. ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе работи со нов тркачки инженер на претстојната трка од Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Голема награда на САД. Том Харт ќе ја има својата прва трка како тркачки инженер на Верстапен во Остин, заменувајќи го Џанпјеро Ламбиазе. Ламбиазе, кој е тркачки инженер на Верстапен од неговото деби во Ф1, ќе се приклучи на Мекларен во 2028 година како директор на трката и заменик на Андреа Стела. Се очекува ...
Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартната линија за Големата награда на САД поради замена на компонентите на погонскиот склоп, објави официјалната веб-страница на шампионатот. Возачот на Рејсинг Булс, Арвид Линдблад, ќе биде казнет за пет места во квалификациите. Неговиот автомобил е опремен со неговиот шести мотор со внатрешно согорување во сезоната, во споредба со четирите дозволени. Британецот веќе доби казна за стартната линија ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, синоќа победи во квалификациите за Големата награда на САД во Формула 1. Дваесетгодишниот Италијанец имаше време од 1 минута и 34,025 секунди во својот најбрз круг. Второто место му припадна на 29-годишниот Холанѓанец Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, со заостанување од 0,179 секунди. Третото место е за 22-годишниот Французин Исак Хаџар од Ред Бул, со заостанување од 0,215 секунди. Главната трка од ...
Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за обезбедениот шампионски трофеј на италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, во шампионатот на Формула 1. - Неверојатно е каква сезона имаше. Да се направи тоа на толку млада возраст, тоа е навистина импресивно. Прекрасно е да се види целиот тим како слави со него. Неговото семејство е исто така тука, па сигурен сум дека ова е многу емотивен ден за него и многу сум горд ...
Покрај промената на селекторската позиција, македонската женска сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман. Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова. - Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им ...
Виктор Петровски е нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, објави попладнево федерацијата. - Кошаркарската федерација на Македонија започнува ново поглавје во развојот на женската сениорска репрезентација, со именувањето на младиот и трофеен тренер Виктор Петровски за нов селектор на националниот тим. Со оваа одлука Федерацијата ја потврдува својата определба за постепено подмладување на репрезентацијата, ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) заработи пет милијарди долари од продажба на билети за натпреварите на Светското првенство 2026, кое се одржа во САД, Канада и Мексико, објави „Тајмс“, повикувајќи се на свои извори во организацијата. Овој износ е пет пати поголем од официјалните приходи што ФИФА ги заработи од продажбата на билети за Светското првенство во 2022 година во Катар - 929 милиони долари. За време на турнирот, многу навивачи ги ...
Претседателот на Светската гимнастика, Моринари Ватанабе, потврди дека федерацијата е во напредни преговори за воведување на технологијата за оценување на гимнастичките настапи на следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година. Светската гимнастика од 2017 година соработува со технолошката компанија „Фуџицу“ на развојот на системот за судиска поддршка (JSS), технологија базирана на вештачка интелигенција која преку камери и анализа на ...
Македонскиот ракомет викендов е во знакот на најголемото домашно дерби. Вардар и Еурофарм Пелистер в недела ќе ги одмерат силите во Скопје, во натпревар што традиционално носи огромна неизвесност, силни емоции и посебна атмосфера на трибините. Двете екипи влегуваат во пресметката со големи амбиции, а дополнителна тежина на дербито му дава фактот што станува збор за директни конкуренти во борбата за врвот на македонскиот ракомет. Актуелниот ...
Вардар со убедливи 31-23 славеше над Еурофарм Пелистер во вечното ракометно дерби, во рамки на македонската Супер лига. Шампионот одигра шампионски, а атмосферата во „Јане Сандански“ беше збогатена и со двете навивачки групи, но и исполнета сала до последното место. Со звукот на сирената започна и големото славје, а ракометарите на Вардар им се придружија на „Комитите“. Скопје вечерва ќе слави долго во ноќта. Вардар со убедливи 31-23 славеше ...