Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ, на денешната прес конференција рече дека после две години од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено ...

Во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка со CEELI Институтот и со поддршка на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Најавено е учество на претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и на Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени уште четири лица кои беа недостапни во рамки на истрагата за наводните злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Од нив, две лица денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен е определена мерка притвор, додека за вториот се определени мерки за обезбедување на присуство. Обвинителството ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, оценувајќи дека токму во периодот кога СДС беше на власт граѓаните се соочувале со висока инфлација и намалена куповна моќ. Од владејачката партија посочуваат дека по седум години владеење на СДС, граѓаните биле доведени, како што наведуваат, „на работ на егзистенција“, додавајќи дека актуелната Влада спроведува политики ...

Од 22 до 27 јуни 2026 година во Скопје ќе се одржи 26. издание на „Неделата на италијанскиот филм“, во рамките на 9. издание на „Fare Cinema“, иницијатива осмислена од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI), во соработка со Министерството за култура, со цел да се валоризираат италијанската кинематографија и аудиовизуелната индустрија ширум светот. Организирана од Амбасадата на Италија во Скопје, во ...

За новата цена на горивата кај нас денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар. За новата цена на горивата кај нас денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар. Со ...

Првата рунда преговори меѓу САД и Иран заврши со првични резултати, меѓу кои формирање работни групи и воспоставување директен канал за комуникација со цел да се избегнат идни недоразбирања. САД и Иран усогласија патоказ за постигнување мировен договор, произлегува од заедничкото соопштение на посредниците Катар и Пакистан по завршувањето на првата рунда преговори. Според најавите, следуваат дополнителни разговори на работно ниво, додека ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат амандманите поднесени на Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, кои се во второ читање. За Предлог-законот за судска служба се поднесени повеќе од 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европскиот фронт и Левица, додека за Предлог-законот за јавнообвинителска служба се доставени 27 амандмани од ...

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила вчера на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. – Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се одвива наизменично по една ...

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во ...

Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништувањe. Од партијата велат дека Македонија во моментов произведува околу 62 проценти од вкупните потреби за млеко, но ...

Во делови од Франција, вклучително и Париз, деенска стапи во сила забраната за служење и консумирање алкохол на отворено поради топлотниот бран што ја зафати земјата. Забраната, воведена за време на годишниот музички фестивал „Fête de la musique“, опфаќа 35 од 101 департман во Франција, каде што метеоролошката служба издаде црвен метео аларм. Владата вчера објави дека префектите во овие региони ќе воведат забрана за служење алкохол на ...

Во Тирана синоќа одржан е 21. протест против проектот "Зврнец", кој беше и најмасовен ваков собир, на кој учествуваа и Албанци од соседните земји, како и од дијаспората - западноевропските земји и САД. Според слободна процена на протестот учествувале околу 250 илјади граѓани, повторувајќи ги барањата за оставка на премиерот Еди Рама, стопирање на проектот во Зврнец и Сазан, поништување на законот од 2024 година со кој се дозволува градба во ...

Учениците кои не се запишаа во средно училиште во првото пријавување за учебната 2026-2027 година, ќе можат повторно да аплицираат следната недела. Министерството за образование и наука соопшти дека второто пријавување во јунскиот рок ќе се спроведе електронски во вторник, на 23 јуни. По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листите со резултатите ...

Почетокот на летото и високите температури ги наполнија патиштата кон грчките летувалишта. На граничниот премин Богородица се формираа долги колони, а патниците се соочија со значителни задржувања уште од раните утрински часови. Според информациите од терен и објавите на социјалните мрежи, уште во раните утрински часови беа регистрирани значителни задржувања за влез и излез од државата, а колоните на моменти достигнувале неколку километри. ...

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштија дека уште 4 лица од предметот ФФМ што беа недостапни се обезбедени. Двајца денес се изведени пред судија на претходна постапка и е определена мерка притвор за еден осомничен и мерки за обезбедување за вториот осомничен. Останатите 2 лица ќе бидат утре изведени пред судија на претходна постапка. Пред два дена беше одреден притвор од 30 дена на поранешниот ...

Основното Јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – загрозување на сигурноста. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, ...

Охридскиот регион и понатаму е на удар на миграциите.Граѓанските активисти алармираат дека овој процес не стагнира, туку е во нагорен тренд. Она што ги брка младите луѓе не е повеќе само потрагата по работа, туку и тоталното разочарување од системот. Сè почесто, причина за заминување е лошото државно здравство, каде граѓаните не чувствуваат дека добиваат соодветни услуги, додека приватното здравство е прескапо за многумина.Како резултат на ...

Откако се направија новите статистички пресметки, политичките партии меѓусебно се обвинуваат за животниот стандард и кој колку овозможил на граѓаните. Опозициската СДСМ обвинува дека е алармантна состојбата, со тоа што целокупниот економски раст е минимален, а инвестициите се намалени за десетици проценти. Обвинуваат дека платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, а граѓаните имаат помалку пари. ...

Поразителни резултати за работата на владата покажува партиската анализа на СДСМ. Лидерот на опозицијата Венко Филипче презентираше програма наречена „Платформа 1198“ која според него ги потврдува нивните укажувања за неиполнетите владини ветувања „После две години граѓаните се со блокиран европски пат, а не добија ниту подобар стандард, ниту поквалитетен живот“, изјави Венко Филипче претседател на СДСМ. Возвратија од ВМРО ДПМНЕ. Венко ...

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата, ова се изформациите до кои дојде Телевизија 24 за најавената реконструкција на Владата. Според информациите сите коалициски партнери ја споделуваат определбата ...

Продолжуваат разговорите на техничко ниво меѓу Иран и САД во Биргеншток, Швајцарија, со посредство на Пакистан и Катар. Техеран вели дека снабдувањето со енергенси од Блискиот Исток ќе биде запрено доколку САД не ги исполнат сите услови од меморандумот потпишан минатата недела. Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку шест лица, вклучувајќи снимател на Ал Џезира. Средбата е продолжение на разговорите за спроведување на ...

Четири лица загинаа, а уште 28 се ранети во украински напад со беспилотни летала врз Крим, соопшти Сергеј Аксенов, шеф на руските власти на полуостровот. Едно лица загинало во друг украински воздушен напад со дронови врз патнички ферибот, при што избувнал и пожар на нафтен терминал до Краснодарската област. Според локалните власти, привремено била прекината фериботската линија преку Керчката Теснина што кој го дели Крим од Краснодарскиот ...

Македонски државјанин е главниот осомничен и го признал убиство на 45-годишна жена, сопственичка на станот во кој бил потстанар во близина на Ханија на грчкиот остров Крит, а која на 30 мај исчезна, додека пак нејзиното тело утрово беше пронајдено, јави дописничката на МИА од Атина. За исчезнувањето на жената од селото Агиа кај Ханија, 45-годишната Ставрула Левендаки, на почетокот на месецов беше издаден „missing alert“, а потстанарот во ...

Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец - во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или ...

Новиот владин кабинет ќе биде изготвен и доставен пред пратениците до 1-ви јули, најави премиерот Мицкоски. Коалициските разговори зад затворени врати со Вреди и Знам завршија. Не се откриваат детали за ротации и промени во ресорите, ниту имиња кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата. Разговорите со Вреди поминале во пријатна атмосфера, вели Мицкоски, но не открива детали кој министер ќе биде сменет. Од Вреди, пак, велат дека ...

Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција, велат од СДСМ. Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија, нагласуваат од опозициската партија. Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар ...

„Ризница на постоењето – од документ до историја“ е насловена изложбата по повод 75 години постоење на Државниот архив на Република Северна Македонија, која ќе биде отворена вечер од 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност, со што ќе почне и годинашното, 47. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Изложбата ги опфаќа најзначајните документи кои се чуваат во Државниот архив - централен дел и неговите девет одделенија во ...

Репрезентацијата на Германија ја оствари втората победа на Мундијалот откако ноќеска забележа победа од 2:1 над Брегот на слоновата коска со гол во судиското надополнување. Јунак на германскиот тим беше Дениз Ундав, кој беше стрелец на двата гола за својата екипа. Но, не беше сè така лесно за Германците бидејќи африканската селекција поведе преку Франк Кеси во 30.минута. Првиот гол Ундав го постигна во 68.минута, а голот за победа го постигна ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.81
36%
1018
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
1.93
52%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.59
40%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.53
45%
1021
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
4.35
51%
1020
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.03
46%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
5.81
40%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.6
60%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.07
41%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.68
45%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 35ᴼ
1.34
28%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.59
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Платина

51923.46

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29