Нацрт-извештајот на Европскиот парламент ја потврди вистината дека нема реформи и дека владата на Мицкоски ја носи земјата во изолација – оценуваат од СДСМ по гласањето во Европскиот парламент. ЕУ изразува загриженост дека судските реформи не напредуваат и дека реформите доцнат – велат од СДСМ. Од таму ја посочуваат и загриженост во извештајот на Вајц за измените на Кривичниот законик како и за дезинформациите и странското влијание преку т.н. ...

Европскиот парламент денеска ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан - Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница. Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа. На прес-конференцијата по повод утрешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел, Руте појасни дека САД во моментов го преиспитуваат својот придонес во силите на НАТО, пред сè во однос на распределбата на одговорностите за спроведување на одбранбените планови. - САД јасно ...

Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил заштитната ограда и го оштетил резервоарот во кој имало околу 600 литри ...

Главниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за прашања поврзани со арапските и со африканските држави, Масад Булос, работи на постигнување договор што би овозможил ривалските администрации во Источна и во Западна Либија да се обединат во заедничка влада, пишува весникот „Фајненшл тајмс“. - Нашиот план е да имаме една обединета влада и да ги обединиме сите институции - изјави Булос за британскиот весник, додавајќи се дека ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нема да се кандидира за трет мандат на чело на извршното тело на Европската Унија, изјавија двајца високи функционери, а пренесува весникот „Политико“. Прашањето за плановите на Фон дер Лајен по 2029 година било покренато за време на приватна вечера, кога шефот на нејзиниот кабинет, Бјорн Зајберт, се обидел да ги увери присутните високи претставници дека планираната реорганизација на ...

Неексплодирани гранати биле пронајдени во општина Могила. Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, денеска во 9:25 часот во Секторот за внатрешни работи - Битола било пријавено дека во атар на село Дедебалци, на место викано „На претерот“, општина Могила, пронајдени биле две неексплодирани гранати. - Местото е обезбедено, а гранатите денеска ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - ...

Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи. - Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен ...

,,Индекс на политички интегритет 1 Случај #10 – Акција „Ботокс“: нелегална трговија со фалсификувани медицински препарати и загрозување на јавното здравје Вовед Во фокусот на оваа анализа е обемната полициско-обвинителска акција позната во јавноста како „Ботокс“, насочена кон разбивање на мрежа за нелегална набавка, дистрибуција и употреба на фалсификувани ботокси и филери во Република Северна Македонија. Според јавно достапните информации, ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во петок и сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ продолжува како досега. - Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во ...

Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација - оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. Од таму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите. - Овие промени директно ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ. - Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која ...

Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа т.н. договор од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивира и ...

Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Канзас го победи Алжир со 3:0 во натпреварот од групната фаза на Светското фудбалско првенството 2026. Трите гола го постигна Лионел Меси. Капитенот на Аргентинците погоди во 17-та, 60-та и 76. минута. Триесет и осумгодишниот Аргентинец Меси израмни рекордот на Мирослав Клозе од 16 голови на Светските првенства. Аргентина освои три бода и се искачи на првото место во Групата Ј. Алжир е на последното ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска, каде ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. - Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија - информира Министерството за надворешни работи и надворешна ...

На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец. Делото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности. Претставата е ...

Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти. Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас. Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле повредени. ...

САД соопштија дека ќе издвојат милијарда долари за хуманитарна помош и помош при катастрофи за УНИЦЕФ и Светска програма за храна. Средствата се наменети за поддршка на активности за спасување животи во повеќе од 40 земји, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, повеќе од 800 милиони долари ќе бидат доделени на Светската програма за храна, додека УНИЦЕФ ќе добие над 218 милиони долари. Информацијата доаѓа еден месец ...

Стапката на вработеност на младите луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија, кои неодамна завршиле средно или високо образование, во 2025 година порасна на 83,0 отсто, од 82,3 отсто претходната година, објави Евростат. Според податоците што ги соопшти европската статистичка служба, во последните 11 години стапката на вработеност на оваа група е зголемена за 7,5 отсто. Младите со терцијарно (високо) образование бележат значително ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за ...

Поскапи кредити за да се спречи уште поголемо поскапување на животот. Со ваква порака Народната банка ја зголемува основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти. Потегот доаѓа во време кога инфлацијата и натаму е висока, а централната банка предупредува дека ризиците од нов раст на цените се уште не се надминати. Иако инфлацијата во мај забави од 5,7 на 4,8 проценти, Народната банка оценува дека ценовните притисоци остануваат силни. Особено ...

До крајот на оваа недела ќе биде усвоен ребалансот на буџетот, вели премиерот Христијан Мицкоски, па следната недела ќе го пуштат документнот на усвојување во законодавниот дом. Христијан Мицкоски премиер „Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот.“ Ставот на владата е дека ребалансот ќе биде изработен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата. Како што ...

Вашингтон соопшти дека договорот со Иран е веќе електронски потпишан и дека неговата содржина би можела да биде објавена и пред потпишувањето в петок. Американскиот претседател Доналд Трамп е дециден, Иран нема да развие нуклеарно оружје. Спроведувањето на договорот ќе се базира на верификација, а евентуалното укинување на санкциите ќе зависи од однесувањето на Техеран. Трамп изјави дека верува дека е постигнат „фер договор“ со Иран за прекин ...

Младинското насилство го вклучи алармот во општеството. Институциите и ОБСЕ во Скопје потпишаа заедничка Декларација за итен и координиран одговор против агресијата кај младите. Превенцијата на насилството кај младите бара координиран, системски и заеднички пристап од сите институции и општествени чинители, порача министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на ...

Премиерот Мицкоски ќе се појави на рочиштето за судскиот предмет во кој обвинителката Ленче Ристовска поднесе тужба протв ВМРО-ДПМНЕ со која тврди дека партијата со соопштенија и јавни настапи го нарушила нејзиниот углед, додека пак одбраната тврдеше дека критиките не биле насочени кон неа лично, туку кон постапувањето на тогашното Специјално јавно обвинителство. Премиерот Мицкоски како законски застапник на партијата и денеска одговарајќи на ...

Инцидентот со потпалувањето на двете возила во сопственост на Бугарската амбасада во Скопје, предизвика голем број реакции и наиде на бројни осудувања во двете држави. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го осуди настанот и рече дека рече дека насилството во државава нема да биде ниту дозволено ниту толерирано. Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде ...

Критики и забелешки за предлог законот за судска и јавнообвинителска служба. На јавната расправа во Собранието дел од вработените во овие служби предупредија дека предлогот нема да донесе суштински промени и е дискриминирачки, а од министерството за правда со свои аргументи го бранеа законското решение. Забелешките кои ги дадоа вработените се однесуваа на статусот, платите и брзината на носење на текстот. Верица Тасева-Здружение на судска ...

Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово се очекува да отвори речиси 500 работни места - објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20-21 милион евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено, ниту толерирано. Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено. - Осуда ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.98
40%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
1.51
59%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.19
47%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.04
73%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
56%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 22ᴼ
0.83
73%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
43%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.04
55%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.62
48%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 23ᴼ
2.24
49%
1021
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
0.45
35%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.1
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Калај

50.56

Алуминиум

3.20