Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Повлекување на Предлог-законот за правична застапеност бара опозицијата. Според нив, наместо решение кое ќе обезбеди еднаквост и праведност, се предлага закон кој отвора бројни дилеми и може да предизвика дополнителни поделби во општеството. Од Владечкото мнозинство ги отфрлија обвинувањата. Велат дека критиките се политички мотивирани и ја обвинуваат опозицијата дека продава евтина демагогија.законот Според нив претставува обид за системско ...
За Регулаторната комисија за енергетика најавениот конечен мир помеѓу САД и Иран засега нема многу влијание кога се формираат цените на горивата. Од полнок поскапуваат сите горива. Регулаторот донесе одлука за поскапување на 95таката за 1,5 денари, и од утре новата цена ќе изнесува 87,5 денари по литар. Се зголемува и цената на 98цата и ќе се продава по 90 денари за наточен еден литар на бензинските пуумпи низ државата. Цената на дизел ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат мироврен договор помеѓу САД и Исламската Република Иран и нареди прекин на поморската блокада на иранските пристаништа во замена за слободен проток на сообраќај низ Ормускиот Теснец. „Договорот со Иран сега е завршен. Честитки до сите! Со ова целосно го одобрувам слободното отворање на Ормускиот Теснец, како и итното отстранување на поморската блокада на Соединетите Американски ...
Украина и Молдавија ги почнуваат пристапни преговори со Европската унија, додека Црна Гора затвора уште две преговарачки поглавја. Украина и Молдавија го отвораат првиот кластер „основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми. Денеска е мегапонеделник за проширувањето на Европската Унија – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос Марта ...
Две возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје денеска беа опожарени. Според информаците возилата биле изгорени во делот на моторот и немало предизвикано штета на околните објекти. Првичните информации се дека напаѓачот, по кого трага полицијата полил со течнот и запалил едно возило „сузуки витара“ по што огнот зафатил и друго возило „киа“ паркирано во непосредна близина. Од МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека се преземаат ...
Ракометната федерација на Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028, објави попладнево РФМ. Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска ...
Мрежа на хакери од Северна Кореја со години користела украдени идентитети на граѓани на Србија и на Босна и Херцеговина и во американски и европски компании заработувала пари за режимот во Пјонгјанг, избегнувајќи ги санкциите на ОН, објави Балканската истражувачка мрежа (БИРН). Повикувајќи се на анализа на дигитални траги наведени во извештајот на Мултилатералниот тим за следење на санкциите (МСМТ) – тело задолжено за следење на обидите на ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ може да биде распореден во Ормуска Теснина во рок од два до три дена откако ќе биде потврден договорот помеѓу САД и Иран. - Со Британците формиравме мисија за да помогнеме во отворањето на Ормуска Теснина, а „Шарл де Гол“ со своите придружни сили, кои остануваат во регионот, би можеле да бидат распоредени во рок од два или три дена од ...
Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука околу новата цена на горивата која ќе важи од полноќ. Поскапуваат сите видови горива. ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денари, и од утре изнесува 87,5 денари по литар. Се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе се продава по 90 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 87,5 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука околу новата цена на ...
Прометот од продажбата на услугите е намален за 1,8 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истото тримесечје претходната година, соопшти Државниот завод за статстика (ДЗС). Во првото тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од 2025 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 5,5 отсто има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најголемо намалување од 4,8 проценти во ...
Руското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како „груба лага“ обвинувањата на Украина и на Западот дека руските сили погодиле едно од најпознатите православни светилишта, Киевско-печерската лавра, за време на утринските големи напади низ Украина. Во тие напади, манастирскиот комплекс во Киев, стар 1.000 години, наводно бил оштетен. Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека за оштетувањето на овој верски ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со ...
Големиот пожар што избувна меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, но надлежните екипи и натаму внимателно ја следат состојбата на теренот. Пожарникарите утринава продолжија со интервенциите на критичните места каде што сè уште се забележуваат чад и активен оган во веќе опожарениот простор. Големиот пожар што избувна меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, но надлежните екипи и натаму внимателно ја ...
Законското решение за соодветна и правична застапеност денеска ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање. По бројните реакции од албанската опозиција за начинот како ќе се одлучува по законот, тој сепак ќе се носи во постапка со „Мал бадендер“, односно со гласовите на мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници. Со предлогот, треба да се замени укинатиот балансер од Уставниот суд. Според одредбите, ...
Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и ...
Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа нерешено, 2:2, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското првенство. На стадионот во Далас, Холандија и Јапонија одиграа две различни полувремиња, првото беше здодевно, а второто донесе вистинска експлозија, зачинето со непрекидното навивање на јапонските навивачи. Почетокот на натпреварот не наговестуваше дека првото полувреме ќе биде толку здодевно. Мален имаше добра шанса, но Сузуки ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави дека Иран „штотуку се согласил“ никогаш да нема нуклеарно оружје. „Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која штотуку се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social. Како што додаде, ...
Сончево и топло ќе биде денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната од 27 до 34 степени. Во Скопје, слично време со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната до 34 степени. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. „Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека покрај редовните линии кон Скопје, „Туркиш ерлајнс“ веќе воспостави летови до Охрид, а од 2 јули авиокомпанијата „АЏет“ ќе започне со директни летови на релација Анкара – Скопје. Новата авиолинија, според Николоски, се воведува без државни субвенции, што претставува доказ за нејзината економска оправданост и за интересот на авиокомпанијата за македонскиот пазар Линијата ...
Со доделување на наградите заврши јубилејното 60. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Една од наградените е Сара Спиркоска Костадиновска, која годинава по втор пат го доби признанието за млада актерка. Во разговорот со неа зборуваме за фестивалските искуства, за предизвиците со кои се соочуваат младите актери, за недостигот од театарски простор и вработувања во културата, како и за иднината на театарот и актерската професија. Со ...
Текстилот виси на конец. Текстилна индустрија во Македонија ќе има, но никогаш нема да биде како порано, тврди претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров. Според него, од некогашните 48.000 работници во текстилниот сектор, денес има околу 17.000, од кои околу 15.000 производители на облека и 2.000 производители на текстил. Изминатиот период сведоци сме на сè поголем број текстилни работници кои ...
После 17 ти јуни по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ ќе стартуваат разговорите на премиерот Мицкоски со владините коалициски партнери околу реконструкцијата на владата. Премиерот и денеска одговарајќи на темата вели дека работите ќе станат појасни откако ќе седне на заедничка маса со првите луѓе на Влен и ЗНАМ за да дискутираат околу ресорите но евентуалните ротации во некои министерства . И денеска вели целта не е да се дојде до предвремени ...
Бројот на повозрасни граѓани расте, а со тоа растат и потребите за соодветна грижа и сместувачки капацитети. Додека државните домови за стари лица немаат доволно капацитети, а приватните за многумина се прескапи, Претседателот на Владата денеска присуствуваше на пуштање во употреба на приватен дом за стари лица во општина Илинден. Според премиерот ваквите вложувања се дел од решението за растечките потреби на возрасното население....Но, вели ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговорите за реконструкција на Владата со коалиционите партнери ќе започнат по 17 јуни, откако ќе завршат партиските и државните обврски во тој период. -Следната недела е роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе биде на 17 јуни во Струмица, од 20 часот, на стадионот. После тоа, следниот ден веќе почнуваме со разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата- изјави ...
„Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата „МојДДВ“, при обидите на граѓаните да ги скенираат фискалните преку системот што овозможува поврат на ДДВ. Од Управата за јавни приходи велат дека проблемот е од техничка природа. Оттаму не соопштуваат дополнителни детали, ниту рок кога користењето на апликацијата ќе се нормализира. „МојДДВ“ и претходно во неколку наврати имаше технички потешкотии. ...
Уште едно изненадување донесе последниот меч од третиот ден на Мундијалот. На стдионот во Ванкувер, репрезентацијата на Австралија ја совлада Турција која беше фаворит на овој меч со резултат 2:0. „Кенгурите“ поведоа во 27. минута со голот на Иранкунда. Турција иако се закануваше, не успеа да израмни, па во 75 минута Меткалф зголеми на 2:0 што беше и конечниот резултат на натпреварот. Сега, на табелата САД и Австралија го делат првото место ...
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници, која ги опфаќа физичките лица и фирмите со неплатени даночни обврски. На листата бр. 06/2026 се евидентирани долгови што биле доспеани до 28 февруари 2026 година, а не биле подмирени заклучно со 31 мај 2026 година. Објавените податоци се однесуваат на различни видови јавни давачки – данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за ...
Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека ...