-Во Битола вечер исполнета со хитови, безвременски македонски евергрини, песни посветени на татковината и многу емоции приреди Бојана Скендеровски на концертот во Центарот за култура во Битола. Битолската публика уживаше во нејзините добро познати хитови „Око мое“, „Во дилема“, „Љубов се пишува, љубов се брише“ и „Ми треба“, но и во македонските музички класици. Посебна емоција донесе делот посветен на Македониј, а за крај „Заветна“ – песна ...

На 22 октомври, четврток, во 19 часот, во шалтерската сала на Главната пошта во Битола ќе се одржат јавна презентација и изложба посветени на „Битола, бабам Битола“, последното монументално дело на истакнатиот македонски сликар Борко Лазески. Настанот го организира Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, во рамките на проектот за истражување, дигитално документирање и афирмација на муралот, реализиран во 2026 година. Посетителите ќе имаат ...

Документарниот филм „Oasis: Don’t Look Back in Anger“, кој ги следи повратничката турнеја на „Оејзис“ и повторното обединување на браќата Лијам и Ноел Галагер, ќе биде достапен на стриминг-платформата „Дизни+“ од 9 октомври. Во документарецот се вклучени и досега необјавени снимки од заедничко интервју на браќата Галагер, како и целосни концертни изведби на хитовите „Wonderwall“ и „Slide Away“. Браќата Галагер, чиј бурен однос со години беше ...

Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува на 14 октомври под мотото „На прво светло’, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“, а во главната онкуренција се 6 филма, додека во селекцијата за дебитанти се 4 први кратки филма на македонски режисери. Годинешен лауреат на Киненова е турскиот режисер Емин Алпер, кој е и ...

Во рамките на проектот ACT4PRESPA, поддржан од Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, НУ Завод и музеј Битола успешно реализира трилатерална тридневната студентска конференција „Културното и природното наследство во Преспанскиот Регион како средство за комуникација меѓу вековите – современи перспективи“, која се одржа во Претор. На отворањето на конференцијата се обратија д-р Мери Стојанова, координаторка на проектот ACT4PRESPA; ...

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази“, словенечко-македонска копродукција во режија на Кукла Кешеровиќ, синоќа (17 октомври) беше затворено 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. Затворањето беше во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода. Наградата за најдобар долгометражен филм ја освои „Вчера моите очи не заспаа“ во режија на Ракан Мајази од Палестина. Наградата за ...

Архитектурата како сведоштво на транзицијата: македонска архитектонска приказна во Њујорк 29.10.2026 • Изложби Што останува од архитектурата кога градот се менува, општеството ги преиспитува сопствените вредности, а времето ги преобразува просторите и нивните значења? Mоже ли архитектурата да се чита не само како материјален запис на една епоха, туку и како сведоштво за нејзините идеи, противречности и општествени стремежи? Овие прашања ...

Некои љубовни приказни започнуваат како случајност, а завршуваат како песна. Токму таква е „Михаела“, најновото музичко остварување на Влатко и Златко Миладиноски, инспирирано од вистинска приказна и од чувствата кои остануваат врежани длабоко во срцето. Во новата балада, Влатко Миладиноски пее за љубовта како благослов, за средбата со сродна душа и за моментот кога два различни животни патишта се спојуваат во еден. Низ стиховите се ...

Не секоја елеганција е тивка. Ниту секоја женственост е нежна. Постои нешто речиси инстинктивно во начинот на кој Јована Филиповиќ се враќа во Фиренца. Не само како место на кое се создаваат нејзините кампањи, туку и како град што го обликува нејзиниот креативен израз. Ogni cosa al suo posto — Atto II ја продолжува приказната започната претходно оваа година, но носи поинаква атмосфера. Додека првиот дел од колекцијата истражуваше леснотија и ...

Оскаровката Џулиен Мур ја има главната улога во новата музичка комедија „Дебито“ (The Debut) на актерот и режисер Џеси Ајзенберг, со која се затвори 70. Лондонски филмски фестивал. Мур го пофали сценариото, нарекувајќи го едно од најдобрите што некогаш го прочитала. Мур ја игра Мона Фридман, домаќинка од Њу Џерси, која се пријавува на аудиција за локална театарска претстава. Откако добива улога во мјузиклот, таа сѐ повеќе се внесува во ликот, ...

Холивудската ѕвезда Том Круз ќе ја добие престижната награда за животно дело на Американскиот филмски институт (АФИ), како признание за неговата повеќедецениска кариера и придонесот во филмската индустрија. Шеесет и четиригодишниот актер ќе биде почестен на свечена церемонија на 24 април 2027 во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, каде што традиционално се одржува и доделувањето на Оскарите. Круз е една од најголемите холивудски ѕвезди, познат ...

„Ејч-Би-О“ ќе снима минисерија инспирирана од „Птици“, култниот хорор на Алфред Хичкок, во која главната улога ќе ја игра Сара Снук (фото), објави „Вараети“. Серијата ќе биде заснована врз филмот на Хичкок од 1963 и истоимениот роман на Дафне ди Морие. „Бегајќи од жестока битка за старателство, Мајра Меси (Снук) се враќа дома со својата мала ќерка, тајно истражувајќи го сомнителното исчезнување на пријател од детството. Додека убиецот е на ...

На 11 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во НУ Тетовски театар – Тетово премиерно ќе биде изведена драмата „104“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Со оваа праизведба се заокружува сценската реализација на „Трилогија за „љубовта““, која ги обединува драмите „Марта Верина“, „АННА“ и „104“. По изведбата ќе се одржи промоција на заедничкото книжно издание, објавено од „Чудна шума“. Три драмски текста, три сценски ...

Непријатен инцидент се случил за време на емисија во живо на мексиканската телевизија, кога водителот Ернесто Чавана шутнал дрон што летал низ студиото, по што леталото удрило во лицето на колумбиската манекенка и танчерка Изабела Рохас. Таа се здобила со полесни повреди на усната, а снимката од настанот брзо се проширила на социјалните мрежи, пренесува „Марка“. Инцидентот се случил во студиото на телевизискиот канал „Канал 6“, во рамките на ...

Ако планирате да поминете квалитетно време пред екраните овој месец, ноември носи исклучително богата понуда на стриминг-платформите. Од долгоочекувани научнофантастични спектакуларни продолженија и врвни криминалистички драми, па сè до духовити комедии и биографски приказни, овие 12 телевизиски серии се издвојуваат како најдобриот избор за гледање, пишува „Би-би-си“. 1. The Gilded Age – Позлатената ера (Сезона 4 — Ејч-би-о / Скај Атлантик) ...

Американските синџири киносали „Регал“ и „Синемарк“ нема да го прикажуваат филмот „Понатамошните незгодни авантури на Клиф Бут“ (The Further Mis-Adventures of Cliff Booth) на „Нетфликс“ во своите „ајмакс“-сали. Во филмот, Бред Пит повторно го толкува ликот од остварувањето „Си било еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood), пренесуваат американските медиуми. Филмот е во режија на Дејвид Финчер, според сценариото на Квентин Тарантино. ...

Лео Енсинас Круз (15), постариот син на шпанските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, се појави во филмот „Црна топка (La bola negra), во кој глуми и неговата мајка. Филмот беше избран од Шпанија за свој кандидат за Оскар. Гледачите на оваа драма, која сега е достапна за гледање на „Нетлфликс“ го забележаа Лео во кратка групна сцена на самиот крај од филмот. Според „Хелоу“, неговата улога е симболична и без ниту една реплика, но за ...

На 9ти септември во Белград ќе биде отворена изложбата „БРУТАЛИСТ” 01.09.2026 • Информации Уметност На 9 септември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Галерија 73 во Белград, ќе биде отворена изложбата „БРУТАЛИСТ”, заеднички проект на македонските автори Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX БРУТАЛИСТ Проектот „БРУТАЛИСТ“ претставува современо визуелно истражување кое се наоѓа на пресекот меѓу геометриската ...

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа доделени четвртоноемвриските награди. Наградата за животно дело и беше доделена на истакната македонска актерка и доајенка на Народниот театар во Битола, Соња Михајлова. „Актерката Соња Михајлова има големото достигнување од областа на културата и драмската уметност, работи со прецизна техника суптилен, емоционален актерски ...

Уметничка средба и отворање на изложбата на Доротеј Нешовски „Тела во трансформација и експериментални мапирања – Булевари“. Ве очекува средба во која разговорот излегува од рамките на традиционалната дискусија, а движењето и заедничкото истражување стануваат дел од уметничкото доживување! Средбата е замислена како интерактивно истражување во кое публиката е активен учесник. Движејќи се низ просторот на Институтот заедно со уметникот, ...

Во Галерија „Рудиќ“ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на полароиди на италијанскиот фотограф Патрицио Чиполини, насловена „Душе”, која ја тематизира минливоста и магијата на моментот. -Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал артефакт. Непредвидливите протекувања на светлина и неправилните рабови ...

Џони Деп не ја исклучува можноста повторно да го облече пиратскиот костим и да се врати во улогата на легендарниот капетан Џек Спероу во шестото продолжение на филмската франшиза „Пиратите од Карибите“. Актерот откри дека има една важна причина поради која би се согласил повторно да биде дел од приказната, а неговата одлука во голема мера е поврзана со желбата серијалот да добие достојно продолжение, но и со довербата што ја има во ...

Три часа музичка магија, време исполнето со раскошни звуци, виртуозни изведби, силни емоции, несекојдневна енергија и извонредна комуникација со публиката. Вака накратко може да се опишат двете концертни вечери на нашиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески, во полната сала на Македонската филхармонија. Трпчески заедно со своите гости, врвни музичари, покажа дека камерната музика е многу повеќе од совршено усогласена изведба. – Камерното ...

Музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“, во режија на Дејан Пројковски и во продукција на КИЦ Битола, ја заокружи свечената академија по повод 4 Ноември. Старите фотографии на Битола добија нов живот на сцената на Центарот за култура. Пред сликите на некогашните улици, градски куќи и луѓе, музичари, актери, танчари и хор создадоа современа сценска приказна, во која значајно место имаше и визуелниот перформанс со ...

Под мотото „Сите бои на сеќавањето“, на 7 ноември, во Битола ќе се одржи концертот „Музика и слово“, посветен на македонското и хрватското музичко творештво. На концертот, кој ќе започне во 19 часот во КИЦ Офицерски дом, ќе настапат сопранистката Маја Митровска и пијанистката Јана Четелева-Белевска, истакнати уметнички со богато изведувачко и педагошко искуство. Програмата носи спој на музиката и поезијата преку дела на познати македонски и ...

Џони Деп во текот на кариерата неколкупати се најде во самиот врв кога станува збор за најважните филмски признанија, но една од поинтересните приказни од неговото минато се случила многу пред неговите номинации за Оскар. На почетокот на деведесеттите, неговото име било разгледувано за улогата во филмот „Чаплин“, биографска приказна за легендарниот Чарли Чаплин, во режија на Ричард Атенборо. Деп, сепак, не се задржал долго на размислување за ...

Џорџ Клуни доби Оскар за филмот „Сиријана“, а улогата најпрво му била понудена на Харисон Форд. Харисон Форд ги одбележа „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“ и „Истребувач“, а своевремено ја одбил оваа улога, поради што подоцна зажалил. Форд, по многу години, призна дека не бил доволно убеден во сценариото кога му бил понуден проектот. Неговите сомнежи пред сè се однесувале на тоа колку приказната е веродостојна, поради што решил да не ја ...

Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион (АФА), основана од шест регионални филмски фестивали, ги објави номинациите за овогодишните „Јадрански филмски награди (Adriatic Film Awards)“ (АФА), соопштија организаторите. Наградите што ги доделува оваа фестивалска мрежа ги одликуваат најзначајните филмски продукции и телевизиски серии во регионот. Оваа година се доделуваат 10 филмски награди во категориите: најдобар филм, најдобар ...

Филмот „Одисеја“ го надмина „Светот Јура“ (Jurassic World) и стана филм на студиото Јуниверзал Пикчрс со најголема заработувачка на сите времиња, само неколку месеци по премиерата. Блокбастерот, кој во кината пристигна на 17 јули, е адаптација на старогрчкиот еп на Хомер и го следи Мет Дејмон во улогата на Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно десетгодишно патување дома по Тројанската војна. Филмот оствари заработувачка од 1,7 ...

Хорор-комедијата „Widow’s Bay“, за град со духови во Нова Англија, беше најголемиот победник на овогодишните телевизиски награди „Еми“, освојувајќи рекордни 14 статуетки, вклучувајќи ја и наградата за најдобра хумористична серија, а медицинската драма „The Pitt“ повторно е прогласена за најдобра драмска серија. „Widow’s Bay“ ја надмина последната сезона од серијата „Hacks“, минатогодишниот победник во категоријата хумористична серија. Додека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25