Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Шпанскиот клуб Тенерифе ќе се грижи за ќерката на трагично починатиот Хесус де Мигел, ветувајќи финансиска поддршка за малата Карла сè до нејзиното полнолетство. Раководството на Тенерифе донесе емотивна одлука по големата трагедија што го потресе фудбалскиот свет. Де Мигел го загуби животот на само 30 години по судир на натпревар, а зад себе ги остави сопругата и ќерката, која има само една година и четири месеци. Во период кога на малата ...
Пари Сен Жермен ја продолжи победничката серија и со минимални 1-0 го совлада тимот на Троа на „Паркот на принцовите“ во натпреварот од десеттото коло во француската Лига 1. По убедливите 6-0 против Виљареал во Лигата на шампионите, избраниците на Луис Енрике не блескаа, но успеаја да стигнат до нови три бода. Феран Торес и Мајулу не ги искористија своите можности, па одлуката падна во 39-та минута. ПСЖ го искористи корнерот од левата страна ...
Рома забележа убедлива победа од 3-0 против Сасуоло на „Олимпико“ во 11-тото коло од Серија А и се искачи на второто место на табелата, со само еден бод помалку од лидерот Лацио. Избраниците на Џанпјеро Гасперини ја оправдаа фаворитската улога, а отпорот на гостите го скршија во 27-та минута. Марио Ермосо, по комбинација со Мален и со малку среќа, ја испрати топката во мрежата за водство на Волчицата. Само три минути подоцна, Валукјевич си ...
Реал Мадрид продолжи со победничката серија и славеше со убедливи 0-3 на гостувањето кај Валенсија во 12-тото коло од шпанската Ла Лига. Кралевите одиграа сигурен натпревар на „Месталја“, а со трите бода се израмнија со Барселона на врвот на табелата, барем до утрешното дерби со Атлетико Мадрид. Гостите ја презедоа иницијативата уште од почетокот, но Валенсија прва имаше сериозна можност за водство. Во 19-тата минута Аурон Мајол ја искористи ...
Кошаркарите на Партизан го совладаа Макаби Тел Авив со 88-67 во натпревар од 10. коло во Евролигата, стигнувајќи до петтата победа сезонава. Белградскиот тим уште од почетокот ја презеде контролата, а клучната предност ја создаде во втората четвртина, која ја доби со 22-12, за на полувремето да замине со убедливи 50-35. Партизан продолжи во ист ритам и во второто полувреме, во еден момент имаше и 20 поени предност, па без поголеми проблеми ...
Лука Дончиќ одигра спектакуларен натпревар во НБА лигата, словенечката суперѕвезда постигна дури 53 поени во победата на Лос Анџелес лејкерс против Портланд Трејлблејзерс од 124-118. Дончиќ имаше и пет скока и пет асистенции, а благодарение на неговата изведба, Лејкерси го надоместија дефицитот од првото полувреме и ја остварија осмата победа во десет натпревари оваа сезона. Ова беше четвртиот натпревар по ред за Дончиќ со најмалку 40 поени. ...
Мануел Нојер постави нов клупски рекорд во Баерн Минхен, станувајќи највозрасниот фудбалер кој настапил за баварскиот гигант во Бундеслигата. Искусниот голман го оствари историскиот подвиг на денешниот дуел против Мајнц, на возраст од 40 години и 225 дена. Нојер го надмина досегашниот рекорд на Бернд Дрер, кој настапил за Баерн на 40 години и 198 дена. Дрер беше дел од клубот од 1996 до 2008 година, но најчесто ја имаше улогата на резервен ...
Џеди Осман успешно беше опериран на десното колено, потврди неговиот клуб ПАОК. Турскиот репрезентативец кој има македонски корени, денеска во Истанбул имаше хируршка интервенција поради сериозно оштетување на менискусот. Операцијата беше изведена артроскопски, а ја изврши лекарот на турската кошаркарска репрезентација, Бариш Коџаоглу, во присуство на докторот на ПАОК, Михаил Самарас. Според првичните процени, Џеди Осман го очекуваат околу ...
Кендрик Нан ќе го пропушти утрешното дерби на Панатинаикос против АЕК во грчкото првенство, откако добил дозвола од тренерот Жељко Обрадовиќ да отпатува во Катар. Според информациите на грчките медиуми, американскиот бек ќе ја посети оваа земја за да добие катарски пасош, со што ќе се отвори можност да настапува за репрезентацијата на Катар на Светското првенство во 2027 година, чиј домаќин ќе биде токму оваа држава од 27 август до 12 ...
Нотингем Форест ја приреди најголемата сензација во десеттото коло од Премиер лигата, совладувајќи го Манчестер сити со убедливи 3-1 на домашен терен. „Шумарите“ одиграа одличен натпревар, а херој на победата беше двојниот стрелец Лијам Делап. Покрај него, погоди и Куња, додека единствениот гол за гостите го постигна Рајан Шерки. Домаќините поведоа уште во шестата минута. Јошко Гвардиол направи голема грешка пред својот шеснаесетник, Куња му ...
Нотингем Форест ја приреди најголемата сензација во десеттото коло од Премиер лигата, совладувајќи го Манчестер сити со убедливи 3-1 на домашен терен. „Шумарите“ одиграа одличен натпревар, а херој на победата беше двојниот стрелец Лијам Делап. Покрај него, погоди и Куња, додека единствениот гол за гостите го постигна Рајан Шерки. Домаќините поведоа уште во шестата минута. Јошко Гвардиол направи голема грешка пред својот шеснаесетник, Куња му ...
Арсен Венгер сериозно размислува да влезе во трката за претседател на ФИФА и да му биде противкандидат на актуелниот претседател Џани Инфантино. Поранешниот менаџер на Арсенал, кој сега ја извршува функцијата директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, наскоро би можел да ја донесе конечната одлука. Според францускиот весник „Л’Екип“, Венгер би требало да се изјасни во средината на следната недела. Во меѓувреме, се очекува да одржи ...
Карлос Алкарас ќе се бори за титулата на мастерс-турнирот во Париз, откако во полуфиналето го совлада Каспер Руд со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Шпанецот во двата сета направи по еден брејк, што се покажа како доволно за сигурен триумф. Во првиот сет клучниот момент се случи во седмиот гем, кога Алкараз го одзеде сервисот на противникот за водство од 4-3, а потоа ја потврди предноста. Слично сценарио имаше и во вториот сет. При резултат 4-4, ...
На двата денешни натпревари од 13. коло во Прва МФЛ, Струга ТЛ – Шкендија Тетово и Силекс – Вардар, беа забележани вкупно пет значајни ВАР ситуации. Во сите случаи, видео-технологијата придонесе за донесување правилни и оправдани судиски одлуки. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-интервенцијата, судијата ...
Фудбалерите на Илинден продолжуваат да доминираат и да нижат победи во регион 1. На денешниот натпревар избраниците на Горан Симов беа неверојатни ефикасни и славеа со 14-1. Антонио Крстевски во 15-тата минута го отвори резултатот, а потоа се нижеа голови како на филмска лента. Давид Ристовски постигна четири гола, Ален Јашароски и Андреј Кимовски забележаа хет-трик, а погодија и Филип Стојчевски, Кристијан Ивановски, Павел Ангеловски. ...
Арсенал продолжува да чекори сигурно во Премиерлигата и ја задржа лидерската позиција по минималниот триумф од 1-0 над Хал сити на „Емирати“, во десеттото коло. Топчиите имаа целосна контрола врз играта, но долго време не успеваа да најдат решение за цврстата одбрана на гостите. Моментот на одлука се случи во 72-та минута, кога Мартин Одегард најдобро се снајде по одбиената топка од ударот на Нони Мадуеке и ја смести во мрежата за големо ...
Борусија Дортмунд продолжува да го следи чекорот на Баерн Минхен во трката за врвот во Бундеслигата. Милионерите ја забележаа шестата победа сезонава, откако на домашен терен го совладаа Елверсберг со 2-1 во деветтото коло. Апсолутен херој на Дортмунд беше Феликс Нмеча, кој ги постигна двата гола во второто полувреме и му донесе нови три бода на својот тим. Со истиот број победи располага и Баерн Минхен, кој славеше на гостувањето кај Мајнц ...
Струга Трим Лум минимално, со 1-0, ја победи Шкендија во дербито од 13 коло во Првата фудбалска лига. Единствениот гол за домашните го постигна Малески во 79-тата минута, со што стружани го презедоа првото место на табелата во Првата лига. „Мислам дека беше добар натпревар и освоивме три важни бода. Сепак, сметам дека во првото полувреме не одигравме како што треба и не го спроведовме тоа што го вежбавме цела недела. Сакам да им се ...
Илија Несторовски постигна нов гол во хрватската лига, негов веќе осми погодок сезонава на 12 настапи, а пред него има уште едно полувреме на гостувањето на Славен Белупо кај Горица, меч на кој резултатот по првиот дел е 3-3. Прилепчанецот кој има 36 години, е во одлична голгетерска форма периодов, можеби најдобра од сите напаѓачи кои ги има Македонија. Но, и покрај тоа, не е во плановите на селекторот Гоце Седлоски, кој рече дека сака да ја ...
Шампионот Вардар се провлече на гостувањето кај Силекс и победи со 1-0, освојувајќи три многу важни бодови во битката за држење чекор со водечките две екипи. После оваа победа, Вардар е на само три бода негатива зад Шкендија, се изедначи со Тиквеш, а има пет помалку од новиот лидер Струга Трим Лум. Вардар и Тиквеш имаат седум бодови повеќе од петтиот Силекс, и оваа водечка четворка се одвои сериозно од останатите во лигата, и ќе водат главна ...
Поминаа два дена откако Кристијано Роналдо објави дека ја завршува својата репрезентативна кариера, а иако многумина пораки до Португалецот со кои со почит му честитаа за направеното во дресот на националниот тим, уште трае молкот од Лионел Меси. Целосното отсуство на јавна реакција од страна на Меси на одлуката на Кристијано стана главна тема на разговор низ многу светски спортски медиуми. Фудбалскиот свет е поделен и се спомнува јасниот ...
Екипата на Струга Трим Лум е нов лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стружани во дербито ја совладаа Шкендија со 1-0 и сега имаат два бода повеќе од тетовци. Решавачкиот момент се случи во 72-ра минута кога репрезентативецот Христијан Малески даде мајсторски гол со глава од 11-12 метри далечина. Така Малески се изедначи со клупскиот колега Марјан Радески со по 7 голови сезонава и на делба се на второто место на листата на ...
И на 41-годишна возраст, Лука Модриќ е еден од клучните играчи за Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност продолжуваат да му овозможуваат да биде одлучувачки фактор во тимот, како што покажа во неодамнешната победа од 3-1 над Интер кога играше 90 минути. По градското дерби, дојде дуел со Ференцварош во Лига Европа на кој Милан загуби, а хрватскиот ветеран на терен мина половина час. „Наша цел е да се ...
Утрешното гостување на машката македонска ракометна репрезентација против Грција, може да биде клучен натпревар во квалификациите за Европското првенство 2028, бидејќи со победа, се чини дека ширум ќе ни биде отворена вратата за пласман на следното ЕП кое ќе се игра во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Средбата ќе се игра во Халкида на островот Евија, на 80-тина километри северно од Атина. Македонската експедиција со автобус замина на ова ...
Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, најави дека Килијан Мбапе би можел да игра како централен напаѓач на претстојните натпревари против Италија и Турција. „Веројатно Мбапе ќе ја добие можноста да игра на својата омилена позиција, во центарот на нападот. Тоа не би било проблем“, изјави Зидан, кој потврди и дека повиканиот Орелиен Чуамени е целосно подготвен по повредата. Посебни пофалби доби младиот Дезире Дуе, во кого селекторот ...
Реал Мадрид со убедливи 4:1 го совлада Реал Сосиедад во второто коло од Примера, а во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе, кој постигна хет-трик. Жозе Мурињо беше воодушевен од настапот на францускиот напаѓач, но особено го истакна неговиот придонес кога тимот има проблеми. „Сите знаеме колку е добар во постигнувањето голови, но ме воодушевува тоа што прави кога тимот се мачи. Се враќа назад, се поврзува со соиграчите и помага да ...
Пет фудбалски натпревари со квоти помеѓу 1.90 и 2.20 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Искомбинирани на ист тикет, петте предлози прават вкупна квота од 41.5. Понудената квота од 2.15 за дуелот на Плзен и Црвена звезда ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку два гола во второто полувреме. На дуелот помеѓу Челзи и Лутон не се очекуваат премногу голови, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако ...
Манчестер јунајтед направи конкретен потег за ангажман на Едуардо Камавинга и испрати понуда од 50 милиони евра до Реал Мадрид. Преговорите се во тек, а засега нема информација дали сумата ќе биде доволна за раководството на „кралскиот клуб“. Камавинга има 23 години и во последно време добива помала минутажа во Мадрид. Конкуренцијата во средниот ред е голема, особено по доаѓањето на Бернардо Силва, а пред Французинот се и Орелијан Чуамени и ...
Фенербахче се врати во Лигата на шампионите по 18 години, но големиот успех остана во сенка на сериозниот инцидент по натпреварот со Лион во Франција. Во центарот на случувањата беше Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Марсеј, кој уште за време на загревањето влезе во конфликт со домашните навивачи. Во еден момент им покажа среден прст кон трибините. По завршувањето на мечот, Гендузи ја прославуваше победата пред навивачите на Лион, ...
Големиот трансфер на Оли Воткинс доби потврда од Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач ја напушта Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата од 58,4 милиони евра, плус уште два милиони преку бонуси. Воткинс во следните денови треба да отпатува за Ријад, каде што ќе ги заврши формалностите. Според информациите, тој во Ал Хилал ќе заработува 15 милиони долари годишно. За да го реализира трансферот, Астон ...