Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Шкендија е единствената екипа со максимален учинок по првите четири кола во Прва фудбалска лига на Македонија. Тетовци се безгрешни, а по нив следува низа од три екипи со по седум бодови, а тоа се Тиквеш, Силекс и Струга ТЛ. Актуелниот првак Вардар ја прекина мини-кризата од два порази и славеше над Силекс со 4:1, па сега со шест бода е на шестото место. Следното петто коло ќе биде посебно. За прв пат по три и пол години нема да се одигра ...
ФК Вардар го освежи својот состав со Сирики Дијабате, 23-годишниот централен одбранбен фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Тој со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, ќе биде нова опција во одбранбената линија на Црвено-црните и столб на одбраната по заминувањето на Дарко Велковски. Инаку, Диабате откако го имаше своето европско деби во француски Амиен, имаше краток престој во ...
6044 Сабах – Хапоел Бер Шева (18.45 часот) Израелскиот тим го доби првиот меч со 2-1 и со минимална предност отиде во Баку, каде што и Сабах се надева на историја и влез во лигашката фаза на ЛШ, меѓу 36-те најдобри тимови во Европа. Во почетниот состав на Сабах има само двајца Азербејџанци, останатите се странци, но сега треба да одиграат најдобро што знаат и да го добијат најважниот натпревар. Сабах во претходното коло против Архус, кога ...
Квотите на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 54.63 и прималиви се за играње. Овие предлози може да ви ги решат дилемите што да одиграте за денеска. Квота од 2.20 има за Сабах – Хапоел Бер Шева и тоа дека нема да биде нерешено и ќе паднат 2-4 гола. Предлог од 2.50 се нуди за Ал-Наср да даде 1-2 гола во двете полувремиња против Ал-Етифак. Селтик да не победи во Линц против ЛАСК и притоа да има гол(оови) во двете полувремиња е ...
Шпанскиот првак Барселона летово направи доста промени во составот, а им остануваат уште 7 дена до затворањето на летниот преоден рок и Каталонците може да изненадат со неколку трансфери. Петмина играчи би можеле да го напуштат тимот во рок од една недела: Френки де Јонг, Хектор Форт, Марк Касадо, Жил Кунде и Алекс Балде. Според „Трансфермаркт“, вкупната вредност на овие играчи е 175 милиони евра. Тренерот Ханси Флик дозволил тие да бидат ...
Пет тениски и 11 фудбалски натпревари се најдоа во денешниот Супер тип на Sport Life каде зголемените квоти се мошне примамливи бидејќи делува оти многу од нив ќе бидат добитни. За тениските дуели се нудат практично „сигурици“ како џокери за подобрување на можната добивка, додека изборот на игри кај фудбалските средби е далеку поголем и побогат и сами бирате дали да искористите супер квота за конечен тип или некоја од другите четири опции со ...
Македонскиот кадетски кошаркарски репрезеннтативец, Александар Зунзуровски, потпиша стипендиски договор со белградски Партизан и следната сезона треба да игра за кадетите на Црно-белите. Ова потпишување привлече големо внимание и во Србија бидејќи Зунзуровски се сели директно од редовите на нивниот најголем ривал, Црвена ѕвезда, каде што важеше за лидер на својата генерација. Вака Зунзуровски ја продолжува серија „киднапирања“ на ...
Екипата на Челзи со победа од 3-2 во локалното соседско дерби со Фулам ја отвори новата сезона во Премиер лигата, но голманот Роберто Санчез направи грешки при примените голови што ги налутија навивачите. Менаџерот Чаби Алонсо после мечот го бранеше голманот. „Не сакам да обвинувам индивидуалци. При првиот гол можевме подобро да се браниме и да избегнеме примање гол, но тоа е дел од играта“, рече Алонсо. Санчез во 23-тата минута, тој ...
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години доживеа убедлив пораз од 3-0 од селекцијата на Турција на Медитеранските игри во Таранто. Нашите фудбалери со овој пораз речиси ги загубија шансите за пласман во полуфиналето, со оглед дека во првото коло одигравме 0-0 против Тунис, а до крајот на групната фаза ни останува уште дуелот против Мароко. Сите три гола за Турција беа дело на Оздер Озџан и тоа во 26-тата, 41-вата и во ...
Шкендија го доби дербито против Струга со 2-1, а и двете екипи добија по еден пенал. На крајот се покажа дека оној кој го реализираше Бесарт Ибраими во 86-тата минута беше и одлучувачки за победникот на овој меч. Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги анализираше и двете ситуации, а заклучот е дека судијата Стојанче Трпчевски оправдано покажал на белата точка. „Клучна судиска ситуација во 56. минута од натпреварот од ...
Чаби Алонсо дебитираше со победа на клупата на Челзи во Премиер лигата, откако „сините“ славеа со 2-3 на гостувањето кај Фулам. Резултатот беше отворен по само 32 секунди игра, а акцијата на Челзи со гол ја круниса Жоао Педро. Радоста на „сините“ траеше до 23-тата минута, кога Џошуа Кинг го израмни резултатот. Сепак, Морган Роџерс во 41-вата минута го врати Челзи во водство. Во второто полувреме и двете екипи постигнаа уште по еден гол. Кол ...
Гави предизвика загриженост кај навивачите на Барселона откако поради повреда го напушти теренот уште во финишот на првото полувреме против Елче. 22-годишниот играч за врска се фати за десното колено и со солзи во очите го напушти теренот, но денешните лекарски прегледи донесоа добри вести. Утврдено е дека нема сериозна повреда, туку болката е последица на директен удар во коленото. Нема дополнителни оштетувања и се очекува Гави наскоро да се ...
Манчестер сити започнал контакт со агентите на Коди Гакпо, а „граѓаните“ веќе разговараат и со Ливерпул за можен трансфер. За Холанѓанецот има сериозен интерес и од Тотенхем, а уште во јули ги договорил личните услови со лондонскиот клуб. Сепак, неговата иднина повторно е неизвесна. Доскоро се сметаше дека Ливерпул е подготвен да го продаде Гакпо, но само доколку успее да го доведе Бредли Баркола од ПСЖ и уште едно крило. Во последните ...
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...
Фудбалерите на Шкендија остануваат перфектни и по четири првенствени кола, откако на теренот на ФФМ ја совладаа и Струга со 2-1. Тетовските „црвено-црни“ сега имаат максимални 12 бода на прволигашката табела, односно по пет повеќе од Тиквеш, Силекс и Струга. Шкендија поведе преку Фахд Нѕенге во 29-тата минута, а истиот фудбалер погоди и во 35-тата минута, но голот му беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме Струга израмни на 1-1 ...
Лина Ѓорческа не успеа да го повтори успехот од Вимблдон, па загуби уште во првото коло од квалификациите на САД Опен. Нашата тенисерка беше поразена со максимални 2-0 од Јапонката Маи Хонтама, 7-6 и 6-3. Во првиот сет и двете тенисерки имаа по два брејка, па освојувачот на првиот поен во мечот мораше да биде решен во тај-брејк, а таму Јапонката беше далеку поуспешна со 7-1. Во вториот сет Ѓорческа освои само еден брејк, но загуби три, па ...
Новото засилување на Барселона, Ентони Гордон, покажа дека може да биде сериозна опција и во центарот на нападот. Англичанецот имаше одлично деби во Ла Лига во убедливата победа од 5:0 против Елче, откако влезе во игра во 65-тата минута. Само две минути подоцна Гордон асистираше за голот на Рафиња, а подоцна повторно одлично проигра во акцијата по која Фермин Лопес погоди за 4:0. Со тоа стана првиот фудбалер во 21 век со две асистенции на ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, застана во одбрана на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, тврдејќи дека тој направил многу за развојот на африканскиот фудбал. „Инфантино му помогна на нашиот континент. Им помогна на федерациите побрзо да се развиваат и тоа мора да го признаеме. Треба да го поддржиме за сè што направи досега“, изјави Ето. Легендарниот напаѓач смета дека Инфантино значително го променил ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Медитеранските игри, но за разлика од првиот дуел, кога загубивме од Грција со 31-25, овој пат избраничките на Даниел Новеска доживеаја вистински дебакал. Тунис беше многу подобар противник и славеше со 32 гола разлика, 43-11. Високиот пораз беше најавен уште по првите 30 минути, кои Тунис ги доби со 20-4, а клучни се чини дека беа двете серии од по 6-0. И второто ...
Шампионот на Македонија, Вардар, конечно, по пауза од еден месец, успеа да забележи победа откако со 4-1 славеше над Силекс во меч од Првата лига. „Црвено-црните“ последниот триумф го имаа против штипската Брегалница (2-0) на 25 јули, а оттогаш следуваа елиминација од Рига во Конференциската лига, но и порази од Шкендија и од Струга во домашното првенство. Вардар рано, уште во третата минута го отвори резултатот против Силекс, и тоа со голот ...
Само два дена по првите минути во дресот на Реал Мадрид, Марк Кукуреља и официјално беше претставен како ново засилување на шпанскиот гигант. Светскиот шампион со Шпанија пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Челзи, а пресудна улога во трансферот имал тренерот Жозе Мурињо, кој го означил Кукуреља како приоритет за левата страна од одбраната. Иако не беше стартер против Еспањол, Кукуреља доби минути и се очекува во иднина да биде прв избор на ...
Бескомпромисниот став на Атлетико Мадрид во врска со можна продажба на Хулијан Алварес во Барселона, како што е желбата на фудбалерот, отвори шанса за некои премиерлигаши да се распрашаат за Аргентинецот. Вратата за Барса е затворена, па пред Хулијан е избор: или да остане во Атлетико, каде што е во немилост на фановите, или да се врати во Премиер лигата, каде што настапуваше за Манчестер сити. Овојпат кандидати се лондонските Арсенал и ...
Потпишувањето на Жоао Палиња за Бенфика е многу блиску до официјализирање. Португалскиот репрезентативен одбранбен играч од средниот ред пристигна во Португалија во саботата, на приватно патување за време на неговиот одмор, и доби дозвола од Баерн Минхен да остане во земјата. Играчот веќе ги поминал потребните медицински прегледи пред да потпише договор со Орлите. Сега чека да се завршат сите детали поврзани со неговото раскинување на ...
Во редовите на Јувентус има сериозна загриженост, Кенан Јилдиз се врати повреден од гостувањето кај Фрозиноне. Турскиот играч имаше проблем со левото стапало, а резултатите од тестовите предизвикаа тревога во клубот. Проценките се во тек, а операцијата не е исклучена. Ако мора да биде опериран, Јилдиз нема да може да игра минимум два месеци што ќе биде голем хендикеп за тимот. Веста ги шокираше тренерот Спалети и раководството, кои мислеа ...
Пред својот прв натпревар во новата сезона во Премиер лигата, најдобриот стрелец на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, го шокираше светот скратувајќи ја својата долга руса коса. Косата на напаѓачот стана негов заштитен знак. Неколку минути по шишањето, Норвежанецот им се јави на своите најблиски пријатели за да ги праша за нивното мислење. Меѓу нив беа неговиот татко, Пеп Гвардиола, Џек Грилиш, музичарот Ноел Галагер и Златан Ибрахимовиќ, а ...
Кошаркарската федерација на Македонија по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во Супер лигата – мажи за ...
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина почитуван и сакан во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот. „Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само поради моите голови – мислам дека ја ценат мојата целокупна игра, како и мене како личност во соблекувалната, целиот мој придонес. Се чувствувам навистина ...
Топката со која Диего Марадона го постигна голот со помош на „божјата рака“ во победата на Аргентина од 2-1 над Англија на Светското првенство во 1986 година беше продадена за „само“ 3,3 милиони долари на аукција во САД, објави Би-би-си. Сопствениците очекувале да добијат приближно 10 милиони долари, но сумата за која е купена топката е трипати помала. Топката повеќе од 30 години ја чувал Али Бин Насер, судијата од Тунис, кој делеше правда на ...
Хулијан Алварес е несреќен во Атлетико Мадрид, капак беа случувањата вчера кога беше гласно исвиркан од фановите на Јорганџиите и сам замина во соблекувална после мечот со Вилјареал, а сега има рок од една недела (преодниот рок е до 1-ви септември во 23.59 часот) да излезе од ќорсокакот во кој се најде. Аргентинецот веќе не сака да игра за клубот со кој има договор до 2030 година. Атлетико би го продал Хулијан за 150 милиони евра, но само на ...
Турскиот тим Трабзонспор официјално го објави потпишувањето на договорот со поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо. Бразилецот му се приклучи на турскиот клуб како слободен агент откако го напушти Ал-Итихад. Така, тој повторно како и во Ливерпул стана соиграч на Мохамед Салах. Фабињо играше за Ал-Итихад од Саудиска Арабија од 2023 година досега, по претходно пет години поминати во Ливерпул. Турскиот тим Трабзонспор ...