Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Брегалница се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Штип со убедливи 3-0 го совлада Башкими во натпреварот од четвртото коло. Штипјани одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до вториот триумф сезонава. За Башкими, пак, ова беше четврти пораз во исто толку натпревари, па тимот и понатаму е без освоен бод. Брегалница од самиот почеток ја презеде иницијативата и го притисна ...
Ал-Наср стигна до втората победа во новата сезона во саудиската Про лига, откако на гостувањето кај Ал-Ријад славеше со убедливи 0-4. Кристијано Роналдо го одигра својот прв натпревар сезонава и веднаш се запиша во листата на стрелци. Португалецот го постигна четвртиот гол за својот тим во 83-та минута и го постави конечниот резултат. Ал-Наср уште во првото полувреме ја најави убедливата победа. Ал Амри и Анџело погодија за комотно водство од ...
Реал Мадрид утревечер ќе гостува во Барселона на Еспањол во првиот меч од новата сезона во шпанското првенство. На овој дуел, официјално враќање на клупата на Кралевите ќе има Жозе Мурињо. Португалскиот стратег по пауза од 13 години повторно седна на клупата на Реал. Мурињо потенцираше дека едвај чека да започнат возбудувањата во првенството. „Се заморив од пријателски натпревари, сакам да започне она вистинското, натпреварувачкиот дел. Никој ...
Езри Конса е нов играч на Арсенал. Актуелниот англиски шампион официјално го потврди доаѓањето на англискиот репрезентативен стопер од Астон Вила, а Конса потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Арсенал на Астон Вила загарантирано ќе ѝ плати околу 59,6 милиони евра, додека со бонусите обесштетувањето може да достигне приближно 64,2 милиони евра. Конса по успешно поминатите лекарски прегледи го комплетираше ...
Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во дуелот од четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига, па двете екипи ги поделија бодовите. Кавадарчани подобро го отворија натпреварот и уште од самиот почеток го притиснаа голот на домаќините. Н’Фанли Сила пропушти добра можност да донесе предност за Тиквеш, а потоа се закани и Окере Виздом, но неговиот удар беше лесен плен за Наумовски. Скопје постепено воспостави рамнотежа на теренот, а во 34-та ...
Еден од најголемите таленти што ги има македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа од денеска и официјално е промовиран во нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Лидс. Хоџа веќе неколку дена е во Лидс, каде ги помина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор. Хоџа во првиот период ќе настапува за тимот на Лидс јунајтед до 21 година, а ќе има можност да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во сениорскиот погон на премиерлигашот. ...
ФИФА ги изрече санкциите за инцидентот што се случи по завршувањето на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија. Најтешка казна доби Леандро Паредес, кој е суспендиран на 10 натпревари поради своето учество во пресметката со шпанските фудбалери. Аргентинецот ќе мора да плати и 90.000 долари. Нахуел Молина доби суспензија од седум натпревари, како и парична казна од 90.000 долари. Помошникот тренер на Аргентина, Роберто Ајала, ...
Ливерпул испрати конкретна понуда за Јанкуба Минтех, но Брајтон веднаш одговори негативно. Клубот од „Енфилд“ понудил 58 милиони евра за 22-годишниот репрезентативец на Гамбија, но Брајтон ја одбил понудата. Минтех е еден од интересните млади офанзивци во англискиот фудбал. Кариерата ја започна во Гамбија, а потоа играше во Данска за Оденсе, пред да премине во Њукасл. Откако не доби вистинска шанса во првиот тим, беше испратен на позајмица во ...
Во голема полициска акција во Португалија бил уапсен некогашниот српски фудбалер Урош Милошевиќ. Кај Урошевиќ било пронајдено огромно количество кокаин. Полицијата го сопрела комбето кое го возел Урошевиќ, а по направената контрола, било пронајдено дрога, и тоа дури 1,5 тон кокаин. Како што пишуваат португалските медиуми, освен дрогата, во комбето биле пронајдени и две парчиња оружје кое било спремно да се употреби. Според проценките, ...
Пред шест години Јувентус го доведе Артур Мело верувајќи дека добиваат фудбалер кој во следните неколку години ќе биде главен на теренот за Старата дама. Италијанскиот гигант плати неверојатни 80,6 милиони евра за да го доведе играчот за кого многумина прогнозираа дека ќе има одлична кариера и дека ќе биде еден од најдобрите играчи за врска. Сепак, сега факт е дека не било така, а Јувентус конечно успеа да се „ослободи“ од Мело. Тимот од ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА „прозорец“, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, во ...
Најголемото засилување за Реал Мадрид ова лето е Јан Диоманде. Тој стана најскап фудбалер во историјата на Реал Мадрид откако за сума од 125 милиони евра пристигна од германскиот Лајпциг. Трансферот може да донесе и дополнителни 15 евра за Лајпциг, зависно од резултатите и дали ќе бидат исполнети бонусите. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска даде интервју за SportyTV во кое зборуваше за тоа како дошло до неговиот трансфер, каков ...
Неверојатниот и сосема неочекуван трансфер на Доминик Ливаковиќ во Барселона и официјално е комплетиран. Хрватскиот голман беше „прецртан“ во Фенербахче и се очекуваше летово да се врати во неговиот матичен клуб Динамо Загреб. Сепак, на крајот, целата оваа трансфер сага доби неочекуван пресврт. Експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо објави дека Ливаковиќ е нов играч на Барселона. Според Романо, каталонскиот гигант ќе плати два ...
Лионел Меси го постигна првиот гол за Интер Мајами по смртта на неговиот татко и тоа на дуелот против Филаделфија кој заврши 2:2. Освен што даде гол, Меси на овој меч направил е еден непромислен потег поради кој сега е под истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС. Иако судијата не видел, камерите го забележаа Меси како го удира противничкиот играч Квин Саливан. Двајцата фудбалери се на средината од теренот кога најпрво влегуваат во ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) заедно со челниците на КОНКАКАФ зоната започнале разговори за создавање заедничка Лига на нации. Во потенцијалното ново натпреварување може да учествуваат дури 96 репрезентации од Европа, Северна и Централна Америка, како и од Карибите. Според „Гардијан“, идејата е новото натпреварување да започне веќе во 2028 година, по Европското првенство. Форматот би бил сличен на постојниата Лиги на нации, со повеќе ...
Актуелниот англиски првак Арсенал ќе ја има честа вечерва од 21 часот на свој терен против Ковентри и официјално да го отвори новото првенство во Премиер лигата. Оваа сезона ќе биде специфична затоа што дури девет клуба влегуваат со нови тренери, па ќе биде интересно да се види кои екипи најбрзо ќе се вклопат во филозофијата на новите менаџери. Тренерски промени има и во дел од најголемите клубови, па така од Манчестер сити си замина ...
Иако Баерн Минхен и Хари Кејн тврдат дека продолжувањето на соработката е само формалност, ситуацијата ја следи еден од најбогатите клубови во светот – Ал-Хилал. Саудискиот клуб веќе контактирал со претставниците на Кејн и им го претставил својот амбициозен проект. Ал-Хилал е подготвен да му понуди на англискиот напаѓач една од најголемите финансиски понуди во историјата на фудбалот. Конкретната сума засега не е позната. Сепак, и покрај ...
Бразилската фудбалска легенда Роналдињо пристигна во Равена и стави почеток на едно од најнеочекуваните поглавја во неговата кариера. Шеснаесет години по заминувањето од италијанскиот фудбал, 46-годишниот Бразилец повторно се врати во Италија, овојпат како дел од проектот на Равена. Бразилска легенда не го крие задоволството од новиот предизвик. „Многу сум среќен што сум тука, со пријатели. Се надевам дека работите ќе се развиваат добро за ...
Елитниот европски фудбал се враќа на големата сцена, а тоа значи дека Бет билдерот повторно е вистинскиот избор со најголемите квоти во Македонија. Во набилданата понуда на Sport Life за петок може да најдете четири натпревари со осум опции и квоти кои достигнуваат и до 15.00. За дуелот од германскиот Куп помеѓу Ханза и Штутгарт има две опции со квоти од по 12.00, додека за мечот од француското првенство на Марсеј и Стразбур квотите се по ...
Џамал Мусијала нема да биде во составот на Баерн за утрешниот натпревар против Борусија Дортмунд во германскиот Суперкуп, пренесува „Марка“. Иако клубот сè уште нема официјално потврдено, Мусијала најверојатно ќе добие дополнителен одмор поради неодамнешните невролошки проблеми. Медицинскиот тим на Баерн не сака да ризикува по двата последователни инциденти на фудбалерот во пријателските натпревари против Лајпциг и Хајденхајм. Според ...
Она што денес не смее да се пропушти е Бонус типот на Sport Life со четири меча, а само една игра со екстремно зголемена квота. Доколку понудените натпревари имаат по еден до три гола во двете полувремиња, тогаш квотата од 15.00 ќе биде добитна. Она што го прави Бонус типот фантастичен е фактот дека ако овие четири натпревари се одиграат посебно квотата ќе биде 12.6, а со оваа понуда добивате квота зголемена 20 проценти, односно 15.00. ...
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, со оптимизам го очекува стартот на новата сезона во Премиер лигата. Црвените ѓаволи во сабота гостуваат кај новиот премиерлигаш Хал. „Охрабрен сум од работата што ја завршивме во подготовките. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар, иако знаеме дека ќе биде тешко“, изјави Карик. Англичанецот откри дека Матајс де Лихт сè уште не е подготвен за настап, иако повторно тренира. Бенџамин Шешко се ...
1001 Арсенал – Ковентри (21:00) Одбраната на трофејот за фудбалерите на Арсенал започнува со домашен дуел против Ковентри. Јасно е кој е фаворитот на овој меч, па сè освен лесна и убедлива победа на Топчиите ќе биде првокласна сензација. Арсенал го победуваше денешниот противник на последните пет меѓусебни дуели, а Ковентри последен пат се радуваше на триумф над актуелниот шампион на Англија во 1999 година. Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.06) ...
Четвртото прволигашко коло започнува со два меча, кои може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life. Први на тревникот, и тоа на теренот на ФФМ во Скопје, ќе истрчаат истоимената екипа и Тиквеш од Кавадарци, а квотите го фаворизираат гостинот. Скопје има квота од 3.35 за победа, додека квотата за победа на Тиквеш е 1.85. Екипата од „Автокоманда“ има само еден бод во првите три кола, оној против Струга на домашен терен, па сигурно ќе ...
Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 13 натпревари, додека преостанатите три меча се од тенисот, односно во Супер типот за петок може да најдете зголемени квоти на вкупно 68 игри. Првиот натпревар во понудата започнува во 12 часот, а првиот фудбалски меч на програмата е од 14 часот. Освен за конечен тип, зголемени квоти во Супер типот може да најдете и за игрите ...
Тотенхем минатата сезона едвај успеа да го избегне испаѓањето од Премиер лигата, но лошото искуство очигледно сериозно го сфатија во клубот. Спарси летово трошат огромни суми за засилувања, а најновото е Савињо од Манчестер сити. Според Фабрицио Романо, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 87,5 милиони евра, а Бразилецот наскоро треба да ги помине лекарските прегледи во Лондон. Но, Тотенхем не планира да застане тука. Клубот ...
Пет натпревари со вкупна квота од 72.7 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.15 и 2.55. Очекувањата се дека Галатасарај нема да загуби на гостувањето кај Ерзурумспор, а доколку тоа до направи во меч на кој ќе има помеѓу еден и три гола во двете полувремиња, тогаш квотата од 2.15 ќе биде добитна. Квотата од 2.40 за дуелот на Ханза и Штутгарт ќе биде добитна само ако гостите победат, но и ...
Новата сезона во Премиер лигата започнува вечерва, но легендарниот Гери Невил веќе има свој фаворит за титулата. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед смета дека Арсенал ќе стане шампион, а како клучен потег го издвојува трансферот на Бруно Гимараеш од Њукасл. „И претходно ќе го поддржев Арсенал за освојување на Премиер лигата, но мислам дека со доаѓањето на Бруно Гимараеш сега практично ја обезбедија титулата“, изјави Невил. Арсенал за ...
Реал Мадрид повторно е на врвот на листата на највредни фудбалски брендови во светот, според истражувањето на лондонската консултантска компанија „Бренд Фајненс“. „Кралевите“ третпат по ред го освојуваат првото место, додека Барселона останува втора. На третата позиција се најде Арсенал, кој направи скок од осмото место. Вредноста на брендот на Реал пораснала за 25 отсто, достигнувајќи околу 2,4 милијарди евра. Голем придонес има ...
Атлетико Мадрид конечно е подготвен да ја исполни желбата на Хулијан Алварес и да го пушти да замине, но не во Барселона. Според „Мундо Депортиво“, мадридскиот клуб се согласил да го продаде аргентинскиот напаѓач на Арсенал, но самиот Алварес ја одбил оваа опција. Атлетико досега категорично одбиваше да разговара за негов трансфер во Барселона и инсистираше дека сака да го задржи по секоја цена. Сепак, односите меѓу клубот и фудбалерот во ...