Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Њукасл започна преговори за трансфер на Нико Гонзалес од Манчестер сити, објави „Атлетик“. Страчките го гледаат 24-годишниот шпански играч за врска како потенцијална замена за Бруно Гимараиш, кој ова лето се пресели во Арсенал. Гонзалес е член на Манчестер сити од февруари 2025 година, кога пристигна од Порто. Минатата сезона одигра 41 натпревар во сите конкуренции и постигна два гола. Шпанецот има договор со Граѓаните до летото 2029 година, ...
Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 12 натпревари, додека останатите четири меча се од тенисот. Во Супер типот за среда може да најдете зголемени квоти за вкупно 64 игри. Првиот натпревар започнува веќе во 12 часот, па ќе треба да ги посетите уплатните места на Sport Life што е можно порано и да го одберете парот со кој ќе ја зголемите добивката на вашите ...
Барселона покажува сериозен интерес за напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, кој се најде на трансферната листа на каталонскиот гигант. Нигериецот засега не е прва опција за Барселона бидејќи главниот фокус останува на Хулијан Алварес. Сепак, доколку преговорите за Аргентинецот не се одвиваат според планот, каталонскиот клуб е подготвен да испрати официјално барање до Галатасарај за условите за негов трансфер. Осимен од 2024 година е член ...
Пет меча со вкупна квота од 38.3 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.30. На дуелот помеѓу Селтик и ЛАСК Линц се очекува ефикасен фудбал, па голови во двете мрежи и во двете полувремиња, ќе значи дека квотата од 2.20 е добитна. Квотата од 2.30 за дуелот на НЕЦ и Бодо/Глимт ќе биде добитна само ако во првото полувреме има еден или два гола, но и најмалку три на целиот натпревар. ...
Барселона го официјализираше трансферот на Родри, но спортскиот директор Деко нема да присуствува на неговото официјално претставување. Шпанскиот репрезентативец пристигна во Барселона од Манчестер сити, ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до летото 2030 година. Каталонскиот клуб за неговиот трансфер ќе плати околу 75 милиони евра. Голема заслуга за реализацијата на трансферот има токму Деко, кој продолжува со активностите на ...
Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со Хари Кејн, но плановите на германскиот гигант би можеле да ги нарушат понудите од Саудиска Арабија. Ал Хилал веќе стапил во контакт со претставниците на англискиот напаѓач и го поставил Кејн на врвот на листата со желби. Сепак, трансферот во Саудиска Арабија засега не изгледа како најреална опција. Баерн сака да го задржи својот голгетер, кој влезе во последната година од актуелниот договор, и ...
Жозе Мурињо во големото интервју по враќањето во Реал Мадрид зборуваше за промените кај себе, правилата во соблекувалната, Килијан Мбапе, Винисиус и неуспешниот обид да го донесе Родри. Португалецот вели дека денес е позрел и посмирен тренер, но неговиот карактер останал ист. „Доаѓам со сè што имам – со љубовта кон Реал Мадрид, одговорноста и возбудата како дете кое сè уште ништо нема освоено. Имам соништа, но не сакам однапред да ветувам ...
Рафаел Леао би можел да стане едно од најизненадувачките засилувања на Рома ова лето. Ѕвездата на Милан наводно му е понудена на римскиот клуб преку влијателниот агент Жорж Мендеш. Според италијанските медиуми, Мендеш ја претставил можноста за трансфер пред сопствениците на Рома, семејството Фридкин, при што настапувал во име на Милан. Целта е да се испита можноста 27-годишниот португалски крилен напаѓач да се пресели на „Олимпико“. Засега, ...
Кристофер Нкунку би можел да го напушти Милан само една година по пристигнувањето на „Сан Сиро“. Французинот има понуда за позајмица од Лајпциг, клубот во којшто го играше најдобриот фудбал во кариерата. Лајпциг сака да го врати Нкунку во своите редови и веќе испратил понуда за позајмица. Сепак, 28-годишниот напаѓач сè уште не донел одлука и сака прво да ги разгледа сите опции за својата иднина. Нкунку минатото лето пристигна во Милан од ...
Џамал Мусијала се огласи по вториот шокантен пад за само три дена и откри дека зад неговите неодамнешни епизоди стои здравствен проблем. Ѕвездата на Баерн Минхен повторно падна на теренот за време на натпреварот против Хајденхајм, откако претходно доживеа слична ситуација и против Лајпциг. Мусијала против Хајденхајм влезе во игра во 61-та минута, но само пет минути подоцна повторно се најде на тревникот. За среќа, овојпат немаше посериозни ...
Динамо Загреб не успеа да ја искористи предноста од домашен терен и одигра 2-2 против Викинг во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Хрватскиот тим имаше фантастичен старт. Бељо и Лисица погодија во период од само десет минути и му донесоа на Динамо предност од 2-0. Сепак, Викинг брзо одговори. Кристијансен во финишот на првото полувреме намали на 2-1, а само неколку минути подоцна Трипиќ го израмни резултатот на ...
Повеќемесечната сага околу иднината на Хулијан Алварес изгледа конечно е завршена. Аргентинскиот напаѓач останува во Атлетико Мадрид и покрај обидите да издејствува трансфер во Барселона. Мадридскиот клуб не попушти и успеа да го задржи еден од своите најважни фудбалери. Сега останува да се види дали целата ситуација ќе влијае врз настапите на Алварес, кој во новата сезона ќе мора да ја врати целосната форма и концентрација. Алварес нема да ...
Патрик Виеира и официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Сенегал. Фудбалската федерација на оваа земја го потврди ангажманот на поранешниот француски репрезентативец, кој за првпат во тренерската кариера ќе води национален тим. Виеира доаѓа на местото на Пап Тјав, кој доби отказ по настапот на Светското првенство. Сенегал на Мундијалот стигна до нокаут-фазата, но беше елиминиран во осминафиналето. „Овој стратешки избор ...
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, повторно предизвика загриженост откако колабираше за време на пријателскиот натпревар против Хајденхајм. Германскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме, но само неколку минути подоцна падна на теренот без контакт со противнички фудбалер. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, додека неговите соиграчи направија круг околу него за да му овозможат простор за помош. Мусијала потоа ...
Амар Дедиќ направи голем чекор и во новата сезона ќе игра во Премиер лигата. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина потпиша за Њукасл, кој го потврди неговиот трансфер од Бенфика. 24-годишниот десен бек стави потпис на петгодишен договор, а англискиот клуб за неговиот трансфер издвоил околу 34 милиони евра. За Дедиќ ова е повторна соработка со Матијас Јајсле. Менаџерот на Њукасл го познава од времето во Салцбург и одигра важна улога во ...
Евертон размислува за враќање на Ришарлисон, а клубот веќе е во редовен контакт со Тотенхем околу можен трансфер, пишуваат британските медиуми. Бразилскиот напаѓач е заинтересиран повторно да го облече дресот на Евертон, додека менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Ѕерби, му дал дозвола да побара нов клуб. Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде едноставна. Евертон најпрво ќе мора да ослободи место во нападот, а најверојатно тоа би ...
Винченцо Италијано продолжува да гради тим по свој вкус во Бешикташ и сака во Истанбул да доведе уште еден фудбалер со кого соработувал во Фиорентина. По ангажманот на Душан Влаховиќ, следната желба на италијанскиот тренер е Нико Гонзалес, кој моментно е фудбалер на Јувентус. Аргентинското крило минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико Мадрид, но не успеа да се наметне во тимот на Диего Симеоне. Мадридскиот клуб не ја активира ...
Барселона официјално го објави својот најголем трансфер за ова лето, односно доведувањето на играчот од средниот ред Родри, кој пристигнува од Манчестер сити. Зделката е вредна 60 милиони евра плус дополнителни 16,5 милиони евра во облик на бонуси. Договорот на капитанот на Шпанија, кој ќе го носи својот омилен број “16”, е со времетраење од четири години и годишна плата од 15 милиони евра. Со ова, 30-годишниот Родри, кој претходно летово се ...
Фермин Лопес со голем ентузијазам ја започнува новата сезона во Барселона, иако конкуренцијата во тимот е зголемена со новите засилувања. Шпанскиот фудбалер смета дека каталонскиот гигант би можел да направи уште еден голем потег со ангажман на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. „Ми се допаѓа, тој е одличен фудбалер. Мислам дека многу добро би се вклопил во нашиот состав поради начинот на којшто играме“, изјави Фермин. Лопес смета дека ...
Јувентус официјално го потврди трансферот на Гуљелмо Викарио, кој пристигнува во Торино на позајмица од Тотенхем. Во договорот е вклучена и опција за откуп вредна 8 милиони евра, плус дополнителни 2 милиони евра преку бонуси. Викарио е доведен со намера да биде прв голман на Бјанконерите. Јувентус претходно се обиде да ги ангажира Зион Сузуки од Парма и Емилијано Мартинес од Астон вила, но не успеа да постигне договор со ниту еден од нив. За ...
Претседателот на Динамо Тирана, Ардијан Барди, направи несекојдневен потег по пласманот во плејофот за Конференциската лига. Албанскиот тим со вкупни 4:1 ја елиминира Ауда од Латвија, а по натпреварот Барди влегол во соблекувалната со вреќа полна со пари и им исплатил бонус на фудбалерите. Но, тука не застанал. Претседателот им ветил дополнителни 500.000 евра доколку успеат да го елиминираат Пафос од Кипар и да обезбедат пласман во лигашката ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, потврди дека Хулијан Алварес нема да биде подготвен за утрешниот натпревар против Малага во првото коло од Ла Лига. Аргентинецот сè уште не е во потребната физичка форма, а Симеоне очекува во следните денови да се доближи до нивото на кое може да настапи. „Му требаат уште тренинзи. Тој е нашиот најдобар напаѓач и ќе се обидеме да изградиме тим околу него, имајќи ги предвид неговиот потенцијал, ...
Жозе Мурињо официјално ја започна својата втора ера на клупата на Реал Мадрид. Иако португалскиот стратег се врати во Мадрид пред речиси два месеци, Кралевите дури денес организираа свечено претставување. На церемонијата присуствуваа Мурињо, претседателот Флорентино Перес и почесниот претседател Хозе Мартинез Пири. Португалецот стави потпис на договорот кој ќе го задржи во клубот до јуни 2029 година. Мурињо првпат го водеше Реал од 2010 до ...
Дел од 130-члената делегација на Медитеранските игри ќе биде и фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, а се чини дека токму тоа ќе им создаде проблеми на клубовите, но и на ФФМ. Поради лошиот термин на Игрите, кој е надвор од прозорците на ФИФА, Македонија најверојатно ќе настапи со фудбалери од домашното првенство, но списокот се уште не е објавен ниту од ФФМ, ниту од ...
Тод Боули и Марк Волтер преговараат со мнозинскиот сопственик на Челзи, „Клирлејк капитал“, за продажба на своите удели во лондонскиот клуб. „Клирлејк“ поседува 61,5 проценти од Челзи, додека Боули и Волтер имаат по 12,8 проценти. Според информациите, двајцата разговарале со партнерите во конзорциумот за можноста своите акции да ги продадат токму на мнозинскиот сопственик. Боули беше лицето на конзорциумот кој во 2022 година го купи Челзи за ...
Жозе Мурињо сака да донесе најмалку уште двајца фудбалери во Реал Мадрид до крајот на преодниот рок, но за тоа прво ќе мора да има и заминувања. Португалскиот тренер бара уште еден централен дефанзивец и играч за врска, а според шпанските медиуми, Едуардо Камавинга и Раул Асенсио се најблиску до излезната врата. „Некој мора да замине за да бидат доведени нови играчи“, е пораката што ја добил Мурињо. Сепак, проблем е што во моментов нема ...
Манчестер јунајтед подготвува понуда за Гави, кој е една од главните желби на клубот за засилување на средниот ред. Англискиот гигант планира да понуди 40 милиони евра фиксно, плус уште 15 милиони преку бонуси. Тренерот Мајкл Карик наводно го претпочита Гави пред Едуардо Камавинга од Реал Мадрид, бидејќи смета дека шпанскиот репрезентативец подобро се вклопува во неговите планови. Сепак, Барселона не би била задоволна од понудата бидејќи ...
Легендарниот Оливер Кан испрати сериозно предупредување до ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, по неговото паѓање во несвест на натпреварот против Лајпциг. Кан смета дека 23-годишниот фудбалер не треба да брза со враќањето на терените, туку да направи подолга пауза и целосно да го закрепне телото. „Тоа не беше само поради горештината. Неговото тело му испраќа јасна порака. Пред неколку месеци реков дека мора да се стави себеси на прво ...
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот. Причината е финансиска – понудата предвидувала зголемување на годишната плата само за 500.000 евра, што не било доволно за португалскиот репрезентативец. Фернандеш на „Олд Трафорд“ пристигна во 2020 година од Спортинг и брзо стана еден од лидерите на тимот, а подоцна ја доби и капитенската лента. Неговиот актуелен договор влегува ...
Драган Стојковиќ Пикси е меѓу петте кандидати за нов селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја. Поранешниот селектор на Србија ќе биде повикан на разговор со Фудбалскиот сојуз на земјата, заедно со Шпанците Роберто Морено, Хесус Касас и Доменек Торент, како и Холанѓанецот Ервин Куман. Интересно е што интервјуата ќе се одржат онлајн, а конечната одлука се очекува на почетокот на септември. Најголем впечаток досега оставил Морено, кој ...