Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Германската Бундеслига се подготвува за стартот на нова сезона, а во пресрет на возбудувањата кои ќе следуваат во следните 10 месеци, се појави интересен факт. Дури 38 големи германски градови во Германија кои имаат повеќе од 100.000 жители никогаш немале фудбалски клуб кој се натпреварувал во елитното натпреварување на оваа земја. Едноставно, Бундеслигата не стигнала насекаде низ својата историја. На листата се вклучени и градови со повеќе ...
Поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таусенд ја шокира јавноста кога минатата година реши да направи трансфер и да игра во Тајланд. Сепак, очигледно дека Таусенд веќе добро се навикна на тамошниот живот. Малку кој веруваше дека Таусенд, кој беше репрезентативец на Англија во периодот од 2013 до 2016 година, може да игра фудбал во Тајланд. Неговата кариера во Англија беше одлична, настапувајќи за екипи како Тотенхем и Њукасл. Сепак, ...
Новиот селектор на Шкотска, Себастијан Покоњоли, е подготвен да гради добри резултати врз силната основа поставена од неговиот претходник Стив Кларк, развивајќи ја следната генерација во националниот тим. Младиот 39-годишен Белгиец и официјално беше назначен за нов предводник на фудбалската репрезентација на Шкотска потпишувајќи двегодишен договор. Првиот голем предизвик на Покоњоли ќе бидат натпреварите во новата сезона од Лигата на нациите. ...
Денеска се играат три меча од плејофот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Динамо Загреб го пречекува Викинг, Фенербахче во Истанбул игра против Лион, додека Левски во Софија е домаќин на АЕК од Атина. За овие три дуели, во Sport Life се нуди посебен Бонус тип. На сите три меча потребно е во првото полувреме да бидат постигнати меѓу еден и два гола, а на крајот да биде најмалку со три погодоци. Овие комбинации уплатени со ...
6044 Динамо Загреб – Викинг (21 ч.) Динамо на „Максимир“ едноставно мора да брка победа затоа што влогот е огромен, а тоа е пласман во елитниот дел од Лигата на шампионите. Модрите редат победи, а сега им останува шампионот на Норвешка како последна препрека. Викинг е во полн натпреварувачки ритам и по 18 кола моментално е на второто место во домашното првенство, зад Бодо/Глимт, само со три порази. Во просек овој тим дава над два гола на ...
Семејството на германскиот фудбалер Себастијан Хертнер, кој трагично загина во несреќа на црногорската планина Дурмитор, побара отштета во износ од пет милиони евра од државата Црна Гора. Црногорскиот портал „Дан“ пишува дека семејството на жртвата бара што поскоро да се заврши тековната судска постапка. Според извештајот, семејството веќе добило отштета од германска осигурителна компанија. Службената одговорност за несреќата во ски-центарот ...
Комбинација од фудбал и тенис е денешната понуда на Супер тип во Sport Life. Уште претпладне започнуваат возбудувањата и тоа со меч од далечната Австралија во кој тимот на Сиднеј е фаворит на гости за победа против Раидерс, па зголемената квота за „двојка“ сега изнесува 1.47. ЦСКА Москва е фаворит пред своите навивачи и за победа над Акрон Тољати „кецот“ е зголемен на 1.58. Слична квота има за Виган да го победи У21 тимот на Астон вила. Од ...
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн имаше фантастична сезона, а верува дека во ист ритам ќе продолжи и во новите предизвици кои го очекуваат во 2026 година. Со своите игри, постигнати голови и освоени титули Кејн логично се промовираше како еден од главните фаворити за освојување на „Златната топка“. Самиот Кејн вели дека би било воодушевен ако биде избран за најдобар фудбалер во светот за тековната година. „Многу сум горд на сезоната што ја ...
Пет интересни дуели од кои три се во квалификациите за пласман во Лига на шампиони се дел од понудата за Квоти на ден. Ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 44.79. Динамо Загреб и Викинг треба да постигнат барем по еден гол, но треба да има најмалку по еден погодок во двете полувремиња, за да биде добитен коефициентот од 2.10. Фенербахче да не загуби од Лион на свој терен во ...
Англискиот гигант Ливерпул продолжува да биде активен на трансфер пазарот. Според најновите информации, Ливерпул успеал да постигна договор со Ибрахим Мбаје. Оваа информација ја објави Фабрис Хокинс, кој наведува дека договорот помеѓу Црвените и младиот Сенегалец веќе е постигнат. Мбаје наводно се согласил да се приклучи на Ливерпул и сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд роуд“, а договорот е потпишан на пет години. Ливерпул јасно го ...
Шпанскиот првак Барселона се очекува во новата сезона да влезе со голема промена во хиерархијата на капитените. Според најновите информации, Рафиња е фудбалерот кој е избран за прв капитен на тимот. Информацијата ја објави Бруно Андраде од „ESPN Brasil“, наведувајќи дека бразилскиот интернационалец треба официјално да ја преземе капитенската лента за сезоната 2026/27. Доколку неговиот избор биде потврден, Рафиња ќе влезе во историјата како ...
Ливерпул направи сериозен чекор кон ангажманот на Брадли Баркола од ПСЖ, откако испрати подобрена понуда вредна 135 милиони евра. 23-годишниот француски репрезентативец веќе побарал од ПСЖ да го напушти клубот, бидејќи сака гарантирано место во стартниот состав. Според Фабрицио Романо, Баркола веќе ги договорил личните услови со Ливерпул. Преговорите започнаa со понуда од 100 милиони фунти, додека ПСЖ бара 145 милиони. Францускиот шампион во ...
Серхио Бускетс повторно е во Барселона, но овојпат нема да биде на теренот. Легендарниот шпански играч за врска е назначен за помошник-тренер на Барса Атлетик, резервниот тим на каталонскиот гигант. Бускетс ќе му помага на тренерот Жулиано Белети, додека истовремено ќе работи на добивањето на потребните тренерски лиценци. Поранешниот капитен е продукт на академијата на Барселона, а во првиот тим се проби во 2008 година под водство на Пеп ...
Карим Бензема би можел да го напушти Ал-Хилал пред истекот на договорот. Според информациите, тренерот Симоне Инѕаги не смета сериозно на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, а клубот веќе бара негова замена. Прва желба е Оли Воткинс од Астон вила. Бензема, пак, бара да му биде исплатена целата плата за последната година од договорот пред да замине. Овој услов наводно не наишол на позитивна реакција во Ал-Хилал. Дополнителен проблем е што дел ...
Жоао Кансело повторно е играч на Барселона. Португалскиот дефанзивец пристигна во каталонската престолнина со приватен лет од Саудиска Арабија и веднаш порача дека е пресреќен што се враќа во клубот кој го смета за свој дом. „Мислев дека ќе биде полесно, но на крајот се искомплицира. Сепак, јас сум таму каде што сакам да бидам“, изјави Кансело. Португалецот откри дека тренирал одвоено една недела и дека тешко му паднало што не игра. „Му кажав ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ги сподели очекувањата пред почетокот на новата сезона и откри што бара Жозе Мурињо од своите фудбалери. „По Светското првенство играчите постепено се враќаа, но тимот е решен. Сите сакаат да имаат одлична сезона. Гледам огромна посветеност и голема желба да започнеме“, изјави Куртоа. Белгискиот голман посочи дека Мурињо инсистира на максимална концентрација во секој момент. „Жозе Мурињо сака тимот да ...
Родри пристигна во Барселона, а веднаш по слетувањето ги сподели првите впечатоци. „Сон е да се игра за Барса. Сега одиме по Лигата на шампионите и по сè останато што ќе ни се најде на патот“, порача шпанскиот репрезентативец. Трансферот на Родри ќе ја чини Барселона најмалку 60 милиони евра, колку што е фиксната сума, додека со дополнителните бонуси сумата може да достигне и до 76.5 милиони евра. Родри се враќа во Шпанија по седум години, а ...
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, не е на продажба, и покрај интересот од турскиот гигант Галатасарај. Според медиумите, клубот од Истанбул подготвува понуда за 31-годишниот Португалец, кој со Јунајтед има договор до следното лето, со опција за продолжување на уште една сезона. Сепак, на „Олд Трафорд“ немаат намера ниту да разгледуваат понуди за својот капитен. Фернандеш минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во ...
Реал Мадрид би можел да реализира уште еден голем трансфер ова лето, а на мета на „кралскиот клуб“ се најде Мартин Зубименди. Според „Мундо Депортиво“, Жозе Мурињо дал зелено светло за Реал да започне со преговори за шпанскиот репрезентативец. Зубименди веќе подолго време е желба на голем број европски клубови, а неговото пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“ би му донело на Реал дополнителен квалитет и широчина во средниот ред. Шпанецот е ...
Арсенал продолжува со обидите да го засили нападот, а една од најголемите желби на Микел Артета е Хулијан Алварес. Тренерот на Арсенал повторно го контактирал аргентинскиот напаѓач минатиот викенд и лично се обидел да го убеди да се пресели на „Емирати“. Сепак, Алварес му дал јасен одговор. 26-годишниот напаѓач и понатаму како приоритет го гледа трансферот во Барселона. Каталонскиот гигант подолго време ја следи ситуацијата и желбата на ...
Маркус Рашфорд повторно е во Манчестер јунајтед, но неговата иднина на „Олд Трафорд“ и понатаму е неизвесна. Англискиот репрезентативец минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона, каде што остави добар впечаток. Каталонскиот клуб имаше можност да го откупи за 30 милиони евра, но не ја активираше клаузулата. Рашфорд неодамна се врати во Манчестер и веќе одигра натпревар за Јунајтед, но според информациите на Барселона и понатаму е во ...
Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа новата сезона во Регионалната лига, откако во Охрид славеа над српскиот вицепрвак Војводина со 36-30. „Црвено-црните“ уште во првото полувреме го најавија триумфот. По 30 минути игра имаа предност од 20-15, а во продолжението рутински го контролираа натпреварот. Тренерот Иван Чупиќ им даде шанса на сите ракометари кои беа во составот, а одлична партија имаше голманот Гогов. Натпреварот наместо во ...
Талентираниот српски голман Иља Пантелин (18) ја продолжува својата кариера во славниот Милан, кој плати дури 1.000.000 евра за неговите услуги со дополнителни бонуси што можат да се активираат во зависност од неговите перформанси. За тимот ТСЦ од Бачка Топола ова е еден од најголемите трансфери во нивната историја. Пантелин помина низ младинските категории на клубот кој оваа сезона се натпреварува во Првата српска лига (второ по ранг ...
Некогашниот германски првак Шалке 04, во новата сезона ќе се врати повторно да биде дел од Бундеслигата. Минатата сезона Шалке заврши како најдобар во Втора лига и сега повторно ќе биде меѓу најдобрите, што создаде еуфорија кај навивачите. За само два и пол часа, германскиот гигант направи комерцијален подвиг откако успеа да продаде неверојаен број од 40.000 примероци од новите дресови за гостински терен. Според угледниот весник „Билд“, ...
Сантос со 3:0 го победи Васко де Гама на гости, во еден од големите дерби дуели во бразилското првенство. Овие некогашни гиганти сега се во долниот дел од табелата и се борат за опстанок, а Сантос со овој триумф стигна до 25 бодови, додека Васко де Гама остана на 22 бодови и е на претпоследното 19-то место на табелата. Покрај трите гола, дуелот го одбележа и „инцидентот“ што се случи пред да почне средбата. Кога се наредија фудбалерите на ...
Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани само неколку месеци издржа на клупата на Вардар. Стратегот кој го замени Гоце Седлоски, ја започна сезоната како предводник на Вардар, но си замина по само две одиграни кола од новото првенство, кога Вардар на свој терен загуби од Шкендија со 0:2. Пред овој пораз од Шкендија, Вардар експресно беше елиминиран од европските купови. Црвени црните најпрво беа елиминирани од КуПС во квалификациите од Лига ...
Една од најголемите трансфер сапуници ова лето беше дилемата каде ќе продолжи кариерата на шпанскиот репрезентативец Родри. Фудбалерот кој беше прогласен за МВП на Светското првенство на кое Шпанија ја освои титулата, беше пред трансфер во Реал Мадрид, но во последен момент наместо на „Сантијаго Бернабеу“, тој се пресели во најголемиот ривал на мадриѓани, тимот на Барселона. Актуелниот шпански првак успеа да го убеди Родри да пристигне на ...
Младиот напаѓач на Калјари, Јаел Трепи (20), заврши на интензивна нега откако речиси се удави во базенот на луксузна вила во Сардинија. Францускиот фудбалер беше итно префрлен во болница со хеликоптер, а италијанскиот клуб не ја крие својата голема загриженост за неговото здравје. Несреќата се случила за време на слободниот ден што играчите го добија по играњето во Купот на Италија. Според весникот „Унионе Сарда“, несреќниот млад човек ја ...
Речиси пет месеци поминаа од дебалклот на Италија и елиминацијата во баражот за пласман на СП 2026, по што селекторот Џенаро Гатузо си даде оставка. Гатузо беше многу разочаран поради неуспехот да ги однесе Аѕурите на планетарниот собир, но собра сили и реши да продолжи како тренер на Лацио. Сепак, во првиот официјален дуел по дебаклот во Зеница и елиминацијата на Италија, Гатузо доживеа нов дебакл. Овојпат како предводник на Лацио успеа да ...
Трансферот на Јанис Константелијас во Борусија Дортмунд предизвика целосен хаос во Солун. Додека 23-годишниот грчки интернационалец патуваше за Германија со приватен авион, навивачите на ПАОК се собраа пред стадионот „Тумба“, а некои од нив влегоа во просториите на клубот и закачија транспарент на кој објавија дека просториите се „окупирани“. Тие побараа сопственикот Иван Савидис да одржи состанок и да ја повлече одлуката за продажба на ...