Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта е еден од најмодерните на светот, има клима уреди за ладење и греење, па фановите се незадоволни што на средбата Шпанија – Зелено’ртски Острови има пауза за хидратација. Температурата на која се игра мечот е пријатна, нема преголема потреба од пауза за пиење течности, но како што најави ФИФА уште пред стартот на првенството, на сите 14 натпревари ќе има вакви паузи во средината на двете полувремиња. Кога ...
Шпанија не даде гол против дебитантот и против трета најмала држава која играла на Светско првенство, Зелено’ртските Острови, во првото полувреме на нивниот дуел од СП 2026 и резултатот е изненадувачки 0-0. Црвената фурија имаше неколку шанси, но не успеа да го совлада 40-годишниот Возиња, кој е еден од најстарите дебитанти во историјата на Мундијалите. Возиња имаше неколку одбрани и засега е јунак на мечот. Инаку Шпанија традиционално се ...
Шпанскиот фудбал денеска пред мечот на националниот тим против Зелено’ртските Острови беше потресен од одлуката на судот во Валенсија, кој изрече 8,5 годишна затворска казна за напаѓачот Рафа Мир. Мир, кој сезонава играше за Елче како позајмен од Севилја, обвинет е за силување на 21-годишна девојка кое се случило во 2024 година, во неговиот дом. Пресудата, која сè уште не стапила во сила, предвидува и исплата на 64.000 евра отштета на ...
Португалскиот фудбалски стручњак Рубен Аморим наскоро и официјално ќе стане нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Оваа информација ја потврди фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, кој најави скорешно потпишување на договорот меѓу двете страни. Аморим постигнал устен договор со раководството на Росонерите и ќе потпише двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Со тоа Аморим се враќа на големата сцена ...
На вториот денешен меч на Светското првенство играат Белгија и Египет, репрезентациите кои имаат интересна историја во меѓусебните дуели. Имаат одиграно четири меча, а изненадувачки, дури трипати победувал Египет. Сепак, вечерва фаворитската улога ја има Белгија, со квота за победа во понудата на Sport Life од 1.70. Доколку верувате дека Египет може да ја задржи традицијата, тогаш ќе добиете квота од 5.20, а ремито има квота од 3.70. На ...
Капитенот на Иран, Мехди Тареми, во пресрет на натпреварот против Нов Зеланд во Инглвуд изјави дека репрезентацијата на Светското првенство минува низ тешко искуство поради војната меѓу Иран и САД. Иранската селекција пристигна во областа на Лос Анџелес од својата база во Тихуана, каде што беше преместена по избувнувањето на конфликтот. Првичниот план беше тимот да тренира во Тусон, Аризона, но подготовките беа префрлени во мексиканската ...
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ деновиве престојува во Соединетите Американски Држави, каде што заедно со уште една фудбалска легенда, Тјери Анри, работи како стручен коментатор на телевизијата ФОКС за време на Светското првенство во фудбал. Сепак, вчера во САД се одржа уште еден голем спортски спектакл, поточно во Вашингтон, а станува збор за настанот УФЦ 250 Фридом, кој се одржа во Белата куќа. Ибрахимовиќ, познат како голем љубител на ...
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља потпиша за Реал Мадрид, што предизвика бројни реакции, особено во Барселона, со оглед на тоа што 27-годишниот фудбалер е дете на каталонскиот клуб и потекнува од прочуената Ла Масија. Според наводите, по овој трансфер Барселона повеќе не го смета Кукуреља за свој производ. Неговото име и податоци наводно биле избришани од евиденцијата на Ла Масија. Поранешниот фудбалер на Барселона, Жарарт Пике, остро ...
Шкотска триумфално го започна походот на Светското првенство откако минимално со 1:0 го победи Хаити. Еден гол вреден три бода, но и гол вреден за неколкудневно континуирано славење и пеење на навивачите на Шкотска кои се во Бостон. Неколку илјади членови на популарната навивачка група „Татран Арми“ го „окупираа“ Бостон и постојано се веселат и пеат во чест на Шкотска, а победата над Хаити даде дополнителен мотив расположението да биде на ...
Мароканскиот фудбалер Исмаел Саибари (25) воодушеви на дебитантскиот настап на Мароко на Светското првенство во Северна Америка откако беше стрелец во ремито 1:1 против Бразил. Саибари постигна прекрасен гол за водство на Мароканците против фаворизираните Кариоки откако успеа да го лобува Алисон Бекер за 1:0. 🚨 BREAKING: Ismael Saibari to FC Bayern, HERE WE GO! Deal sealed 🔴⚪️🇲🇦 Exactly two weeks after exclusive story on Bayern in talks ...
Европската ракометна куќа, ЕХФ, одлучи Македонија да биде домаќин на Европско првенство за кадети до 18 години во 2028 година. Ова е уште едно големо признание за Ракометната федерација на Македонија од страна на ЕХФ. Првенството е планирано да се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а РФМ дополнително треба да одлучи со кој град или градови ќе го организира. Европската ракометна куќа, ЕХФ, одлучи Македонија да биде домаќин на ...
Еден од најголемите фаворити за освојување на светската титула, селекцијата на Шпанија вечерва го започнува својот поход на Мундијалот. Шпанците во САД дојдоа како актуелни европски прваци со желба на таа титула да ја додадат и светската круна. Првиот предизвик за Црвената фурија е тимот на Зелено’ртските Острови. Според многумина, се работи за ривал кој не би требало да преставува поголем проблем за европскиот гигант да стигне до три бода, ...
Селекторот Жозеп Мариа Берокал, заедно со стручниот штаб составен од асистентите Ѓорѓи Кочов, Никола Велев и Марко Докузовски, на првиот тренинг имаше на располагање најголем број од повиканите кошаркари. Во наредните денови се очекува приклучување на Андреј Јакимовски и Адем Мекиќ, како и на странската опција за која стручниот тим предводен од селекторот Берокал дополнително ќе донесе одлука. Во оваа фаза од подготовките, репрезентативците ...
Звучи неверојатно селектор да добие отказ во текот на Светското првенство, но тоа го направија челниците на Фудбалскиот сојуз на Тунис. Откако синоќа беа поразени со убедливи 5-1 од Шведска, Тунис му врачи отказ на селекторот Сабри Ламуши и во продолжение од првенство селекцијата ќе ја води неговиот помошник. Ламуши го презеде Тунис во јануари годинава и на пет меча имаше ефект од по една победа и реми, како и три порази. Раководството на ФС ...
Еден од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство, Шпанија, го започнува настапот против дебитантот на Мундијалите, Зелено’ртските Острови. Сè освен убедлива победа на Фуријата ќе биде големо изненадување, а квотата за победа на Шпанија може да ја зголемите доколку ја искомбинирате со стрелец. Може да се одигра и само на стрелците, а таму најголем фаворит е Ојарзабал. Квотата за Ламин Јамал да се запише во листата со ...
Реал Мадрид и официјално потврди дека потпиша договор со дефанзивецот на Челзи, Марк Кукуреља. Шпанецот со Кралевите потпиша договор до 2032 година. Она што е интересно, официјализацијата е само неколку часа пред првиот меч на Шпанија на Мундијалот, па сега Кралевите може да се пофалат дека имаат фудбалер во составот на европскиот шампион и еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство. 👋 Welcome, @Cucurella3! 👋 ...
Денешната програма на Светското првенство нуди четири меча, а во Sport Life може да ги одиграте на еден тип, денес тоа е да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. Доколку овие четири меча ги одиграте поединечно на оваа игра, ќе добиете квота од 19.3, но ако го одиграте Дневниот бонус тип со шифра 8301 тогаш квотата ќе се зголеми на 23.00. Со оглед на двојките, Дневниот бонус тип и тоа како е реален и може ...
Шведска имаше почеток на Светското фудбалско првенство каков што само можеше да посака, со убедлива победа од 5:1 против Тунис. Голеадата на овој меч започна уште по седум минути игра, кога Јасин Ајари постигна прекрасен гол со шут од околу 25 метри. Играчот за врска кој настапува во англискиот премиерлигаш Брајтон натрча на една топка и со силен шут од далечина погоди во небранетиот дел од голот за водство од 1:0. Иако даде фантастичен ...
Дури четири натпревари ќе се играат вечерва на Светското првенство и сите четири се дел од Бет блидер понудата во Sport Life. Има вкупно 12 интересни билдерски комбинации, а коефициентите се движат од 12 до дури 28. На мечот меѓу Белгија и Египет има квота од 20 која ќе биде добитна ако: Белгија постигне барем еден гол во двете полувремиња, Белгија изведе најмалку два корнера во двете полувремиња, Белгија упати 3+ шутеви на голот во двете ...
Легендарниот холандски тренер Дик Адвокат стана најстариот селектор на еден меч од Светско првенство. Адвокат на 78 години ја имаше честа да ја предводи селекцијата на дебитантот Курасао, и тоа во пресметката против четирикратниот светски првак Германија. Изненадувачки, до пред крајот на првото полувреме Курасао играше 1:1 против огромниот фаворит, но потоа Германија заигра многу подобро, па на крајот славеше со убедливи 7:1. И покрај ...
6830 Шпанија – Зелено’ртски Острови (18 ч.) Дури 65-тото место на ФИФА ранг-листата е разликата меѓу овие две селекции. Шпанија како актуелен европски владетел е еден од главните фаворити за трофејот и на Мундијалот. За Зелено’ртските Острови пласманот на СП е испишување на историја, но не треба да се заборави дека оваа селекција со 3:0 ја победи Србија, а во претходните неколку месеци славеше и над Камерун со 1:0, а ремизира против Финска, ...
Дури 13 фудбалски федерации кои се дел од Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико ги осудија неодамнешните коментари на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Првиот човек на УЕФА тврдеше дека проширувањето на Светското првенство на 48 екипи би создало „непотребни“ натпревари. Од овие констатации на Чеферин погодени беа дел од земјите кои се дел од овој Мундијал и затоа решија заеднички да реагираат. Во заедничка ...
Со дури осум мечеви на кои има зголемени коефициенти, тенисот е спортот кој денеска доминира во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат во пладневниот термин, а во фокусот се АТП турнирите во Хале и во Лондон, додека кај жените главните возбудувања се на турнирите во Берлин и Нотингем. Освен тенисите тука се и фудбалските возбудувања каде има зголемени коефицинети за победи на Хака, Остерс, и Норкопинг на клупската сцена, додека ...
Германија со 7:1 славеше над Курасао во меч на кој имаше неочекуван расплет во првите 30 минути кога резултатот беше 1:1. Германија како апсолутен фаворит поведе со 1:0, но изненадувачки Курасао даде гол за 1:1. Тоа беше и историски погодок за Курасао за кого ова беше прв меч на Светските првенства. Сепак, до крајот на мечот, Германија покажа зошто беше апсолутен фаворит и победи со убедливи 7:1. По мечот, голманот на Панцерите, Мануел Нојер ...
Дури четири меча од Светското првенство се дел од денешните Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е одличен и изнесува 46.30. Шпанија е голем фаворит на дуелот против Зеленортски острови и тука треба да има од еден до три гола во првото полувреме, а најмалку два погодоци во вториот дел за да биде добитна квотата од 2.10. Единствениот меч кој не е од Мундијалот е ...
Јапонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е во одлична форма, откако на стартот од Светското првенство одигра нерешено 2:2 против фаворизираната Холандија. Со ова реми Јапонија ја прекина низата од шест победи по ред, но покажа карактер откако два пати беше во негатива, но успеваше да се врати против Лалињата. Селекторот на Јапонија, Хајиме Моријашу на овој меч промовираше иновативен начин како да комуницира со своите ...
Холандија и Јапонија ремизираа 2:2 во дрбито на Ф групата на Светското првенство. Холандија два пати водеше, но Јапонија покажа карактер и успеа да се врати од негатива и на крајот да освои бод против фаворитот. Иако не стигна до трите бода, Холандија на овој меч испиша еден историски момент. За прв пат се случи Лалињата во стартниот тим да нема ниту еден фудбалер кој настапува во домашното првенство. Иронично, во стартниот тим на Јапонија ...
Репрезентацијата на Шведска убедливо го започна настапот на Светското првенство, откако со високи 5:1 славеше над Тунис во првото коло од групната фаза. Уште во првите 30 минути, фаворитот покажа дека нема да има проблеми и со погодоците на Јасин Ајари и Александер Исак стигна до водство од 2:0. До крајот на првото полувреме Рекик погоди за Тунис, но тоа беше само давање на лажна надеж дека може да се стигне до реми. Во вториот дел Шведска ...
Ајуб Буади од Мароко го шармираше фудбалскиот свет со играта против Бразил и за неговите услуги се заинтересираа многу клубови, прв во редот застана Арсенал кој веќе започнал преговори со агенти на 18-годишниот играч од средниот ред. Арсенал уште нема понуда до Лил, клубот во кој игра ова момче. Специјализираниот портал „Трансфермаркт“ го проценува Буади на 50 милиони евра. Договорот со Лил му е до 2029 година. Малкумина очекуваа 18-годишник ...
Откако одиграа здодевно прво полувреме без гол, Холандија и Јапонија приредија спектакл во вторите 45 минути и на крај одиграа 2-2. Од овој резултат се позадоволни Јапонците кои губеа 0-1 и 1-2, но успеваа да израмнат, вториот пат во 88-ма минута и тоа со гол од глава, само четврти гол со глава на Самураите во нивната мундијалска историја. Холандија е тим кој од 2006 нема загубено меч на СП во регуларен дел, а 32 години немаат пораз на меч од ...