На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...

Почина д-р Никола Стојановски – првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ, долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија. Со смртта на д-р Никола Стојановски, Македонија изгуби сведок на речиси цел еден век од својата современа историја – лекар, антифашист, пратеник и јавен деец, чиј живот беше нераскинливо поврзан со најзначајните настани во државата, од ...

‎Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина. ‎ ‎Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единството, ...

Битката кај Слива – симбол на храброст и саможртва. На ова свето место со длабока почит им оддаваме признание на храбрите илинденци кои во Битката кај Слива го дадоа својот живот за идеалот за слобода. Нивната непоколеблива решителност, пожртвуваност и љубов кон татковината остануваат врежани во нашата колективна меморија како пример за достоинство, чест и херојство. Слива нè потсетува дека слободата не е подарок, туку вредност што се брани ...

Екстремно нискиот водостој на Дунав откри уште една необична приказна. Автомобил „Опел Корса“, кој бил украден пред 13 години, е пронајден на дното на реката во близина на унгарскиот град Соб, откако пожарникарите го извлекле од коритото. Возилото му припаѓало на пензионерот Имре Пастор, кој останал без него во 2013 година. Според првичните претпоставки, крадците по кражбата го оттурнале автомобилот во реката за да ги прикријат трагите, ...

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана ...

Советникот Горан Мајстороски на денешната седница на Советот на Општина Дебрца предложи да се спроведе вонредна анализа на сите водоводни системи на територијата на општината, со цел да се утврди исправноста на водата за пиење и да се заштити здравјето на граѓаните. Предлогот не доби поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Дебрца. Единствено советникот Дарко Јордески, иако дел од истата советничка група, гласаше „за“. ...

Висока делегација на Управата на полицијата при МВР на Р. Србија во тридневна работна посета на СВР Охрид Во рамки на Протоколот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р. С. Македонија и Министерството за внатрешни работи на Р. Србија за ангажирање полициски службеници во текот на летната и зимската туристичка сезона, во Охрид беше реализирана тридневна работна посета на висока делегација од Управата на полицијата -Дирекција ...

Денес во Охрид, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, бевме домаќини на премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, и на високата делегација на Владата на Србија. Пријателството меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а соработката во сите области е исклучително добра. Заедно работиме на повеќе заеднички проекти што ќе придонесат за зајакнување на економијата, развој на транспортната инфраструктура и унапредување на трговската размена меѓу двете ...

Во екот на туристичката сезона, најновите анализи покажуваат дека водата во Охридското Езеро е безбедна за капење и рекреација. Од Центарот за јавно здравје велат дека сите контролирани плажи ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет на водата, но апелираат граѓаните и туристите да бидат внимателни при подолг престој на сонце. Водата во Охридското Езеро е исправна и безбедна за капење. Анализите на Центарот за јавно здравје ...

Резултатите од изборите во Општина: Дебрца откриваат значаен политички сигнал: Македонски концепт со освоени 6% од гласовите успеа да ја надмине парламентарната партија Левица, која освои 5,5%. Оваа разлика, иако скромна во бројки, носи голема политичка тежина. Македонски концепт е дел од Коалицијата Твоја Македонија, а на овие избори настапи со засебна советничка листа само во оваа општина. Причината е јасна — Македонски концепт, како ...

Уште еден странски инвеститор заминува од земјава. Германската компанија БМЗ до крајот на годинава ќе го затвори погонот во зоната во Скопје. Одлуката ја донеле откако направиле сеопфатна економска анализа, а производството од тука го префрлаат во Полска. За затворањето се известени скоро сто работници кои се дел од оваа компанија. За заминувањето на компанијата која поризведува батериски системи известени се и во ТИРЗ. Од таму за Телма пак ...

Македонски туристи веќе не можат да изнајмат автомобил во Италија со македонска возачка дозвола, иако двете држави имаат договор за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи. Истовремено, македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка и мораат да полагаат одново. Македонски туристи кои неделава пристигнале во Италија биле одбиени од рентакар компанијата со ...

Македонија и македонската културна јавност и театарската сцена денес се простуваат од еден од своите најголеми и најомилени актери. На 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски – легенда на македонското глумиште, човекот чиј препознатлив хумор, неповторлива харизма и извонреден актерски талент со децении ги освојуваа срцата на публиката. Неговата ќерка Сашенка објави дека погребот ќе се одржи утре, на гробиштата Бутел во 13 часот. ...

Прилеп со длабока почит одбележа 69 години од смртта на Методија Андонов-Ченто Општина Прилеп изминативе денови оддаде почит на својот великан, големиот македонски патриот и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред неговиот споменик во центарот на Прилеп, претставници на семејството Андонов-Ченто,претставникот на Друштвото Методија А Ченто од Сиднеј г-н Гоце Павлоски ...

Ќерката на легендарниот актер: „Кога си замина Ванчо, замина и дел од тебе“ Со емотивна порака на социјалните мрежи, Сашенка Тодоровска, ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, се прости од својот татко, кој почина на 75-годишна возраст по тешка здравствена битка. „Срцето не издржа. Лесна ти земја татко мој… Душата не умира, а телото беше премногу истрошено. Сега летај со ангелите“, напиша таа. Во објавата, Сашенка се ...

Македонија денес загуби еден од своите најголеми глумци. Почина легендарниот Гоце Тодоровски – човекот чии улоги оставија неизбришлива трага во македонската култура и во спомените на многу генерации. Тажната вест предмалку на социјалните мрежи ја соопшти неговата ќерка, Сашенка Тодоровска. Со неговите незаборавни улоги, особено во „Македонски народни приказни“, пораснаа генерации Македонци. Неговиот талент, харизма и препознатлив хумор ќе ...

Просечната нето-плата во Македонија продолжува да расте и во мај достигна 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат позитивен тренд. Храната, комуналните услуги, горивата и другите основни трошоци и натаму имаат значително влијание врз домашниот буџет, па дел од граѓаните сметаат дека статистичкиот раст не секогаш значи и подобар животен ...

Македонија продолжува да одржува убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во сите земји од регионот, а Владата е подготвена инстант да интервенира доколку се појават поголеми берзански осцилации кај нафтата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашања за царинските односи со Соединетите Американски Држави, тој појасни дека Македонија не е опфатена со новите дополнителни американски тарифи од 10 до 12.5 проценти ...

🛣 Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на ...

Случајот што од синоќа ја бранува црногорската и македонската јавност, предизвика лавина од реакции и поделени мислења. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда. Околностите под кои се случил настанот сè уште се предмет на јавни расправи и важно е надлежните институции да ги утврдат сите ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и доби дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за исполнување на препораките. Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките напори на локалната и централната власт, институциите и сите вклучени чинители, нагласувајќи дека таа ...

Четири случаи на контроверзни заеми на унгарската Ексим банка ќе ги истражува владата на Петер Маѓар за можна економска штета и лоши зделки на државата за време на владата на Виктор Орбан. Таква одлука донесол кабинетот на Маѓар на денешната седница, за кои исцрпно тој зборуваше на прес-конференцијата по нејзиното одржување.. Еден од тие случаи е и кредитот што според договорот влада со влада кабинетот на Орбан го одобри на кабинетот на ...

Македонската музичка сцена остана без уште едно големо име. На 86-годишна возраст почина Наум Бурназ, еден од најпрепознатливите интерпретатори на македонската народна песна, само неколку недели по смртта на неговиот син Петар. Со децении беше дел од македонската естрада, оставајќи зад себе богат музички опус и бројни народни песни што и денес се пеат и претставуваат дел од македонското културно наследство, објави 4news.mk Неговиот ...

Предмалку избувна пожар во стан на последниот кат од станбената зграда во кичевските „Ламели“ на улицата „4-ти Јули“. На местото веднаш интервенираа екипи на ТППЕ Кичево, Итната медицинска помош и ОВР Кичево, а пожарот беше ставен под контрола. Според неофицијални информации, има едно загинато лице. Во меѓувреме, се појавија и непотврдени информации дека на пожарот му претходела расправија меѓу двајца браќа. Овие информации засега не се ...

Осумдесет и шестгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако врз неа паднало дрво на подрачјето на Карпош, а при потрагата по нејзината чанта била пронајдена и експлозивна направа, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, настанот бил пријавен на 20 јули околу 20:25 часот во СВР Скопје. По падот на дрвото, К.М. (86) од Скопје била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била ...

Воведувањето на седмиот авион на „Виз ер“ во базата на Меѓународниот аеродром Скопје претставува значаен чекор во развојот на авиосообраќајот во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоцијата на новиот авион. Тој истакна дека скопската база на „Виз ер“ е трета по големина во мрежата на компанијата и изрази очекување дека во иднина ќе се искачи уште повисоко според бројот на авиони. „Ова е големо ...

Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Оваа посета е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија. Заедничкото хумано наследство ...

Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
33%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
59%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
46%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
36%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
38%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
41%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
40%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
42%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
2.24
53%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 26ᴼ
0.45
41%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Цинк

0.00

Паладиум

40445.64

Калај

55.44

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Сребро

1894.77

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Злато

130535.25

Бакар

13.27