Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Оваа посета е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија. Заедничкото хумано наследство ...
Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Велес, соопшти дека Владата денеска ќе испорача дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар. Мицкоски нагласи дека водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но дека Владата не дозволила граѓаните да ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, вечерва пристигна во официјална посета на земјава. На скопскиот аеродром таа беше пречекана со високи државни почести, со што официјално започна нејзината агенда во Македонија. Во рамките на официјалната посета предвидени се серија високи билатерални средби и активности со македонскиот државен врв. Оваа посета се оценува како важен чекор за потврдување на одличните односи меѓу двете ...
Вечерва Детското одделение во Охрид и Струга примени се неколку дечиња со сиптоми гадење, повраќање и дијареа, а дел од нив завршиле и на инфузиона терапија. Според информации од родители, повеќето од децата вчера престојувале и се капеле на плажите во Љубаништа и Трпејца но засега нема официјална потврда дека нивните здравствени проблеми се поврзани токму со водата за капење, но револтираните родители бараат надлежните институции итно да ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...
Во организација на Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ од Струга, во соработка со Пливачката федерација, за првпат успешно се одржа пливачкиот настан „Дрим Маратон 2026″, кој донесе врвни спортски возбудувања и испрати силна порака дека најубавите традиции започнуваат од љубовта кон градот и спортот. Во главната трка на 2,5 километри, во апсолутна машка конкуренција триумфираше Петар Цехов од ПК „Вардар 2018″ со време 32:48.24, пред клупскиот ...
Познат е идентитетот на трите лица кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на патот од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои претходно беа пријавени за исчезнати од нивните семејства. Според информациите што ги објави телевизијата „Алсат“, автомобилот бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Според првичните сознанија, две од лицата биле преземени од ...
Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. ✔️ Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што ...
По бројните реакции на социјалните мрежи, денеска е отстранет билбордот „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен во петокот навечер од градските власти на еден од влезовите во градот. Како што дознаваме од извори во Град Скопје, билбордот ќе биде заменет со нов, а целосниот трошок ќе го сноси компанијата што го изработила визуелното решение со ненамерни грешки, објави 4news.mk Притоа, корекцијата нема да биде на товар на граѓаните. Од ...
Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека е пронајдено решение сите села да имаат пристап, поточно поврзување, со новиот автопат Кичево-Охрид. Според Николоски, такво решение не било предвидено во стариот проект, па затоа решението се прави со паралелен пат, додека однапред е постигнат договор и со комисијата на УНЕСКО, од која е добиена дозвола за предметните работи. Инаку, се предвидува изградба на паралелни патишта и улички ...
МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ ДОНИРАШЕ ФРИЖИДЕР ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ОО СВР СКОПЈЕ – СЕДИШТЕ Почитувани, Денес 17.07.2026 година во рамките на активностите за подобрување на условите за работа, Македонскиот полициски синдикат реализираше донација на фрижидер за потребите на ОО СВР Скопје – Седиште. На примопредавањето присуствуваа генералниот секретар на МПС, Зоран Крстев, и претседателот на ОО СВР Скопје – Седиште, Бојан Јовановски. Средствата ...
На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното ...
Уште кога се појави со своите кавер-изведби, Васил Ангелов веднаш го привлече вниманието на македонската публика. Денес, на 23 години, ова талентирано момче од Скопје важи за еден од најперспективните млади пејачи кај нас. Потекнува од музичко семејство, а своето музичко образование го стекна во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Љубовта кон музиката ја негува уште од најрана возраст, што денес се гледа во секој негов настап. Најголем впечаток ...
Преку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктура, имаме решение и за патот кон „Tефериџ“, проект којшто Владата ќе го води. Даваме силна поддршка за урбан развој на општината. Заедно со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска извршивме увид во реконструираната улица „Лазар Димитров”, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт во износ од 3,6 милиони денари. Во oпштина Кисела Вода само преку ...
Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со ...
Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи. Според информациите, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата на ...
Во Нерези на 25 јули свечено ќе биде осветен новоизградениот храм „Свети Никола“ Во селото Нерези на 25 јули (сабота) ќе биде осветен новоизградениот православен храм „Свети Никола“, настан што ќе ги собере верниците и гостите од поширокиот регион. Свеченостите ќе започнат во 7:30 часот со утрена богослужба, по што во 8:30 часот е предвиден пречек на Неговото Високо Преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во 8:45 часот ќе ...
Ноќен пожар на подрачјето на скопската општина Карпош уништи патнички автомобил, а пламенот предизвикал штета и на уште три возила, како и на деловен објект. Полицијата врши увид за да ги утврди причините за избувнувањето на огнот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2026 година околу 2:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Варшавска“, во населбата Тафталиџе, бил опожарен патнички автомобил ...
31-годишен маж е уапсен во Скопје откако со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули околу 23:00 часот, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Џ. (31) од Скопје. Според пријавеното, околу 22:35 часот во семејниот дом, неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата ...
Почитувани, Успешно затвораме уште едно поглавје од оваа голема традиција која го одбележува месец јуни и јули во Мешеишта- 51вото издание на турнирот во мал фудбал Петровден Мешеишта. Со голема чест, и длабока благодарност стоиме пред вас нашата публика и учесници на овој настан кој е многу повеќе од спортска манифестација. Ниеден турнир не би бил возможен без луѓето кои стојат зад него – нашите пожртвувани организатори, спонзори, ...
Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитав бракот и во својство на покровителка им подарив ...
Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...
Денес, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски и министерката за образование, Весна Јаневска, извршивме увид во реконструкцијата на ОСУ „Св. Климент Охридски“, еден од најзначајните образовни и историски објекти во Охрид. Во изминатите четири години во гимназијата инвестиравме над 100 милиони денари за целосна модернизација на објектот и создавање подобри ...
Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и ја зголеми отштетата што Република Македонија треба да му ја исплати како нематеријална штета по нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со пресудата, државата е задолжена да му исплати вкупно 7.800.000 денари поради повреда на личните права на телесното и душевното здравје на Села, дознава „Скопје1“. Од споредбата на двете пресуди, се ...
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. Одлуката на НТСБ ...
Четириесет и едногодишен кочанчанец, кој бил приведен откако во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја, синоќа успеал да избега од Полициската станица во Кочани. Полицијата е на терен и интензивно трага по бегалецот. Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk го потврдуваат инцидентот дека се случил на 10 јули околу 20:35 часот. Осомничениот А.Л. (41) од Кочани, кој претходно бил задржан во просториите на станицата ...
Голема трагедија ја потресе Бугарија, откако во Грција загина 36-годишниот Мартин Велев, единствениот син на претседателката на Бугарскиот олимписки комитет Весела Лечева, кој имаше партнерски бизнис во Македонија и броеше над 800 вработени само од нашата држава. Според информациите, несреќата се случила во петокот попладне во морето кај кампот Порто Елеа на полуостровот Халкидики. Велев управувал џет-ски, а според првичните сознанија, ...
100 овци вработени – „Volkswagen“ ангажира овци како замена за косилки за трева Спротивно на сите светски трендови во кои се дигитализира и автоматизира речиси се, Volkswagen направи еден необичен потег во својата фабрика во Познан, Полска. Во оваа фабрика се ангажирани 100 овци, кои во следниот период ќе ги заменат косилките на бензин. Овците се пуштени на слобода во паркот со 31.000 фотоволтаици, кој во сончеви денови е комплетно доволен ...
Персонализираниот револвер со кутија боева муниција, специфичниот подарок кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го врачи на лидерите на самитот на НАТО, ќе пристигне во Северна Македонија преку дипломатска пошта. Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за 4NEWS.mk потврдуваат дека оружјето е примено преку државниот протокол, но шефицата на државата нема да го користи, ниту пак ќе има каков било физички контакт со ...