Бразилскиот фудбалер Ендрик го информирал раководството на Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот ова лето, напиша новинарот Јагиз Сабунџуоглу на социјалната мрежа Икс. Дваесетгодишниот напаѓач има тековен договор со „Кралевите“ до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Ендрик на 40 милиони евра. Фудбалерот ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Лион. На 21 натпревар за францускиот клуб, ...

Голманот Марк-Андре тер Штеген коментираше за неговиот трансфер на позајмица во Ајакс од Барселона до крајот на сезоната 2026/27. – Одличен почеток во Амстердам, ви благодарам за топлото добредојде! Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје со сите вас во Ајакс, напиша тер Штеген на социјалните мрежи. Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година и има договор до летото 2028 година. Во јануари 2026 година, голманот се приклучи на ...

Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но исплатите сè уште не се примени. ФИФА јавно нема ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Дваесет и тригодишниот Шпанец го освои турнирот минатата година. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули на АТП во поединечна конкуренција и седум титули на Грен слем. Турнирот во Синсинати, (САД) ...

Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот ...

Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...

16 часа - Бриф

Мекиците се едно од најомилените традиционални јадења во македонската кујна. Се подготвуваат од меко квасно тесто и се пржат до златно-румена боја. Највкусни се кога се послужуваат топли, со сирење, кисело млеко, џем или шеќер. Состојки: 1 кг брашно 40 г свеж квасец 50 мл масло 1 лажичка сол ½ лажичка шеќер 20–30 мл ракија вода по потреба Начин на подготовка: Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете го неколку минути ...

Во сообраќајна контрола вчера и денеска полицијата открила неколку лица кои возеле без возачка дозвола, меѓу кои и 63-годишник од Виница, а 15-годишен од Скопје е уапсен зашто возел камион. Во повеќето случаи возилата се одземени, а по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави. Во полицискиот билтен МВР информира дека малолетникот бил лишен од слобода ноќеска во 2:40 часот, при сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче“. Полициските ...

Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. – Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства ...

Повеќе од 1.700 луѓе починале од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, а епидемијата се шири побрзо отколку што здравствените власти можат да ја следат, соопштија надлежните. Заклучно со вчера се регистрирани 3.802 случаи на зараза, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја, при втората посета на градот Бунија во близина на жариштето на ...

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека ...

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе јужните делови на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил под морското дно, на длабочина од десет километри, во регионот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил ...

Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го загубија двајца членови на ...

Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе пристигнаа ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека администрацијата на САД имала „многу добри разговори“ со Иран, што ги зголеми очекувањата дека наскоро може да биде постигнат договор за окончување на петмесечниот конфликт. Цените на нафтата паднаа, а берзанските индекси пораснаа во азиското тргување, откако акциите на Волстрит достигна рекордни нивоа поради надежите дека наскоро може да биде постигнат договор за обновување на поморскиот ...

Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа и се наоѓа на историски минимум, што ја отежнува пловидбата и сите активности поврзани со реката. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниското ниво е измерено во близина на Русе, од-94 сантиметри. Мерењата покажаа -85 сантиметри во Орјахово, -77 сантиметри во Силистра, -62 сантиметри во Ново Село, -40 сантиметри во Свиштов и-23 сантиметри во ...

Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи објави дека во текот на изминатите 24 часа бил распореден 727 оперативен персонал за управување со 20 активни жаришта на шумски пожари низ различни делови во државата. Според објавата на Фејсбук, поддршката за локалните власти вклучувала 128 припадници на албанските вооружени сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на Воздухопловните сили за да помогнат во ...

Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде комисијата. „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од ...

Секој шести жител на Европската Унија на возраст од 16 години и повеќе секојдневно користи тутунски и сродни никотински производи – покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои во 2025 година е забележано благо намалување на нивната употреба. Според статистиката објавена денеска, 16,5 проценти од населението во ЕУ секојдневно користи тутунски производи, електронски цигари, никотински кесички или производи со загреан тутун, што ...

Повеќе од 1.200 жители беа евакуирани по пожар во хемиска фабрика во југозападната кинеска покраина Јунан, при што во воздухот се ослободиле иритирачки испарувања, соопштија денеска локалните власти. Според кинеската агенција Синхуа, пожарот избувнал вчера околу 11:50 часот по локално време во компанијата „Јунан Хаоминг Фајн Фосфорус Кемикал“ во округот Џининг, во Кунминг, главен град на покраината, за време на товарење жолт фосфор. Поради ...

Европската Унија денеска ќе ѝ стави на располагање на Украина 1,4 милијарди евра, обезбедени од каматите остварени од замрзнатите руски средства, соопшти Европската комисија. Средствата, кои на Европската Унија ѝ беа префрлени на 3 август, потекнуваат од каматите на дел од имотот на руската централна банка што ЕУ го замрзна по руската инвазија врз Украина. – Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. Ние ги користиме приходите од ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, велат од МЕРМС. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусопви. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...

Светската недела на доењето, која од 1992 година се одбележува на иницијатива на WABA, СЗО и УНИЦЕФ, е можност јавноста да се информира за најновите научни сознанија за мајчиното млеко и неговото значење. Неонатологот д-р Александра Христова во изјава за МИА, споделува и најнови научни сознанија од семинар во Холандија, каде биле презентирани истражувања за олигосахаридите во мајчиното млеко. – Досега се идентификувани околу 200 гени поврзани ...

Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска вегетација и грмушки); Општина Карпош ...

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, ...

Мачкин Камен беше празен на Илинден. Местото каде што некогаш народот се собираше за големиот празник Илинден, беше место каде што со сила, се собираа неколку стотини луѓе да глумат статисти. ВМРО-ОКГ повеќе не можат ни луѓето да ги натераат да дојдат. Секојдневните лаги на Мицкоски ја соголија вистината. На сите им е јасно – од патриотизмот останаа само криминални тендери и разурната економија. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт. Сѐ ...

Владата повторно излезе со бројки. Растат даноците. Растат приходите. Растат капиталните инвестиции. А во исто време државата излезе на берза со нови обврзници од 41 милион евра – ново задолжување. За две години Мицкоски нè задолжи за повеќе од 2,5 милијарди евра. Ова историјата не го памети. Ова е класичен модел на Мицкоски – причина: • Трета економија во Европа • Први по туризам • Лидери во авио-сообраќајот • Најбрзо растечки плати • ...

Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот. Министерот за внатрешни работи ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
18%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
37%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.07
19%
1011
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
23%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
29%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
32%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
0.89
20%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25